Добро познат, немам намера да дискутирам со некој што има мозок помал од оној на ,,вошката,, затоа бркај си го животот и не ме замарај те молам. Сељачизам на кило продаваш.
Сега да ве прашам, како тоа ако ти се допаѓа нешто што некоја власт прави, автоматски стануваш нејзин член?? Тоа само кај нас го има изгледа, хм? Мене ми се допаѓаат некои работи кај власта, но сум во опозиција со Коце, од сосема други причини неповрзани со Скопје 2014, односно дел од неговата политика спречува остварувања на нешто што ми е важно на мене заедно со другите активисти за правата на животните. И затоа не гласам за него за градоначалник, исто како што при изборот за претседател не гласав за Иванов.
Што ми се допаѓа кај власта, ќе потенцирам сега, а би ве прашала зошто на вас не ви се допаѓа.
1. Намалување на невработеноста на 30 заприка нешто %, а ако добро памтам кога дојдоа на власт беа 38%. Тоа не е многу, но сред економска криза бевме. Во Австрија, Словенија, се зголеми овој процент.
2. Ако добро паметам (можете да проверите) во 2009 мислам бевме одбрани за 3 реформатор во светот, што видете, реално е многу. Не знам во која друга позитивна листа сме на повисоко место.
3. Зголемени пензии, плати во јавен сектор......
4. Нешто што мн ми се допадна беше 1 евро - 1 квадрат, има огромен број на нелегализирани куќи, дворови, и предходно беше прилично скапо да се среди сето тоа, не знам дали некој чул за поефтини пари да си ја легализира куќата и утре да не можат да му ја срушат за да направат улица.
5. Се намали акцизата на увезени возила... и почнавме да ги менуваме југовците со нешто поасално. Или тоа е лошо?
6. Автопати, регионални патишта.... не се малку. Не се сите, но предходно беа стари баш од таа Југославија и не беа поправени! Добро памтам како патував од Гевгелија према Скопје кога ги поправаа мостовите. Или што е тоа важно, не е од корист на граѓаните, може некој и да пропадне сосе мост, ама што е битно тоа???
7. Аеродромите.. беше време да се потсредат. Во Скопје мислам дека сеуште се прави. Исто имаа некакви поправки, доправки, на шините, не паметам добро во кој правец, каде поточно...
8. Во поглед на социјалците, беа дадени повеќе социјални станови.
9. Во поглед на Скопје (настрана 2014), ете ја ,,Филип 2,, арената... градската плажа... сега гледам и карпа градат.. училишни сали, спортски сали, терени, а паркчиња колку никнаа само...
Секако дека има нешто и што не ми се допаѓа:
1. Од 2014 единствено не ми се допаѓаат грчките божици, ќерките на Зевс, и сите споменици што планираат да ги стават карши собрание.
2. Мала социјална помош
3. Преблаго постапување со престапници, ситни криминалци, и недоволно користење на пајакот за лошо паркирање, како и од друга страна прескапите паркинзи во Центар.
4. Прескапото такси, мада, реално, со поскапувањето на горивата, логично е да се поскапи и таксито.
5. Ова мене најмногу ми смета - нехуман третман на кучињата скитници во земјава, посебно во Скопје, каде што постои единствениот државен стационар - Вардариште, и каде што наместо да се третираат според законските регулативи, кучињата се убиваат. Недоволна заштита на правата на животните, неказнување на сторителите на неправда и изживување врз животните.
6. Недоволно прифатни центри (барем дневни) за скитниците, посебно, ме нервира што социјалните работници имаат врзани раце при одземање на деца, па затоа имаме циганчиња на семафори. До сега требаше нивните родители да бидат лишени од родителски права.
7. Недоволна грижа за децата во внатрешноста, во Скопје има какви такви контроли... Но не го заборавам детето што им изгоре на тие, не знам од каде беа. Да реагирал социјалниот работник на време, можеби ќе се избегнела несреќата.
8. Долги процеси за посвојување дете. Практично невозможно во РМ.
9. Корупција во помали сегменти на здравството, образованието.... Познавам многу санкционирани професори, доктори, итн, но сепак таа корупција сеуште живее.
Вистината, секогаш има 2 страни. Никој не е премногу лош, ниту премногу добар.
Сега, ме интересира, вие марксистички браќа на опозицијата, што добро видовме од СДСМ?
Реално, мислам дека има просперитет и таа партија, но без Црвенковски и Шеќеринска. За БЦ не ми се зборува, но Шеќеринска дава премногу глупави и сељачки изјави, не сакам некој со таков вокабулар да биде премиер.
7.
--- надополнето ---
Ако не сум од Скопје, немам право да коментирам..а? Немам право да кажам што мислам,или тебе треба да те прашам ? Скопје и плоштадот не е на дедо ти нива, па да е само твое лично право,него колку е на некој од Скопје,толку е и мое, толку е и на некој од Берово..И не туку дроби ај гитла, од такви паметњаковичи како тебе, бабурата ми отече.. Ние имаме толку неспособен градоначалник, што за 2 мандата само има исфарбано зебра на улица,ништо друго... после 10 години едвај го убедија споменик на бранителите да стави..
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=74458
Бараше бадентер за да постави споменик,додека во секое албанско село у Кумановско има споменици од УЧК..
Сосема си во право. Ама овој Бог знае од каде е дојден, ваква глупост не сум видела никаде. Ама никаде. Само овие патриотиве ич не им текнува дека ние не си ја почитуваме историјата, имаше еден добар пример ,,Денес Тоше сите го знаеме, сите го сакаме. Ама немаме негов споменик сеуште. Ќе изградиме. За 15 години поколението нема да го памети, нема ни да го знае. Што ќе им е споменик. За 50 години нема да има доволно пари, иако ќе сфатиме дека сме имале битна личност заслужна чест да и се оддава и да покажува каков човек се родил под ова небо. За 100 години целиот свет ќе знае кој е тој и што бил, ама ние нема да изградиме споменик зошто ќе си ги навредиме соседите, зошто тетката на бабата на бугарскиот премиер чула оти Тоше уствари бил бугарин. Не смееме да го величиме како наш.“. Така е исто и со другите. Само смртта на Сандански во Бугарија им е државен празник (????) и фала богу пошто ние не си го почитуваме, ќе си речат нивни е - ќе види светот ааа овие се занимаваат, мора да бил нивни, и после РМ докажувај се.
Ама ние не си учиме на грешките.
Што се однесува на предлогот за Охрид, се согласувам целосно. Минативе години беше актуелизиран Дојран, за 5 години се направи тоа што 30 години се уништуваше. Кој бил знае.
За Куманово, ако не се лажам, го реновираа Основниот суд, друго не знам. Ако градоначалникот не ви чини , гласајте за друг, без оглед на политичка партија и националност. Најдете некој што ќе има некаква идеа што да се направи од тој град.