Да сум ЗА. Конечно мојот град ќе личи на нешто. Срам да вие што зборувате дека ништо не се правело. Јас каде што живеам, до пред 5 години, немаше светла на улиците, улиците беа дупките, т.е. меѓу дупките имаше парче асфалт, да не зборувам за паркови, да не зборувам за трева......... Живеам на 5 минути од Центар, а се осеќав како да сум во најзабутаното село. Денес не е така, сеуште се гради, и додека се гради ќе биде добро. Никој не може преку ноќ да изгради цела нова инфраструктура. Но дека се гради - се гради. Се прават улици, за почеток. Се направи обиколница, која ако ја немаше, нас камионите само ќе ни го загушеа градот.
Ми е жал за другите места, но не е тоа до Груевски. Си имаат они своја општина, нека си најдат човек кој знае да го води местото, и нека си гласаат за него. Македонија нема централна власт.
Одете во Дојран, и споредете го со пред 5-6 години. Тогаш беше пустелија. Сега е туристичко место.
Секогаш кога поминувам низ Центар одам до плоштад за да се восхитувам на гледтката, на убавината, и на сето тоа што ќе биде.
Нетрпелива сум