- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
Еве да биде по твое, колку што разбрав ти сакаш државата да изгради населба со згради и да им ја додели на луѓето кои живеат во еден стан/куќа со повеќе луге од нормалното?Дали може да појасниш што било тоа ништо, а што е сега тоа што го (или што треба да го) имаме се. Што е на пример тоа што е приоритетно пред стандардот на граѓаните и пред другите приоритети и како парите ќе се вратат од тие градби.
Дали знаеш колку скопјани (пошто се збори за Скопје) живеат по 2-3 фамилии во една куќа, барака...у еден двор со заеднички простории или дворно место? Ете уште еден почеток...стан за семејства кои живеат како кинези.
Поголем рикверц во насока на стандардот едино имаше 1993-1996 (приватизацијата). Секој месец се зголемуваат цените на сите основни и други производи, а платите или се исти или негде се и намалени.
И како ке им се распределат дали си размислил и кој заслужува да добие а кој не заслужува? Затоа што има секакви, а на мрзливи луѓе што не заслужуваат да добијат стан од парите на целиот народ во Македонија, не треба да им се даде стан.
И како ке ги одбираат луѓето?
Секако дека за сите нема да има станови, а башка ке се појават многу други лапачи кои и не им е потребен тој стан толку, кои преку врски ке гледаат и ке земат некое станче (како они тоа би го нарекле) во кое станче гледаат само интерес и ништо друго?
И јас живеам во еден двор 12 луѓе, 3 фамилии, па јас не очекувам државата од парите на луѓето да ми поклони стан, а ете како што кажуваш ти ке ми следува стан и на мене, пошто немаме простор нели...
Зошто да ми поклони, ниту сум направил нешто толку добро за народот, ниту сум успеал во нешто, а и да сум успеал ке сум имал пари сам да си го купам, нема да сум сакал да питам од други да ми купат.
Така да станови не може да се доделуваат, поклон. Заработи си имај си.
Може да се прават државни институции со народните пари, да се обновуваа инфраструктурата и да се градат објекти за доброто на сите нас, значи тој благодет да го осетиме сите , а не само тие на кои ке им бидат доделени становите.
Мене ми се допаѓа проектот Скопје 2014 и мислам дека редно време е да се почне да се прави нешто убаво за да народот се чувствува убаво и сигурно во околината во која живее.
Се започнува од Скопје и фер би било да се средуваат и другите градови давајки им предност на оние со поголем број на жители.