Фармацевтска мафија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Audiofil
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.342
Поени од реакции
6.432
Обавезно да ја прочитате книгата на докторката Лидија Гајски специјалист интернист која не и дозволија да ја објави поради стравот на фармацевтската мафија од информираност на обичните луѓе дека се работи само за огромен профит на сметка на уништивање на здравјето на луѓето:
http://www.slobodnadalmacija.hr/Hrv...Type/ArticleView/articleId/59140/Default.aspx
http://www.pergamena.hr/gajski/knjiga.htm
http://hrsvijet.net/index.php?optio...-svinjskoj-gripi&catid=38:zdravlje&Itemid=141
Имате уште многу изјави на разни емисии од оваа докторка инаку една од најдобрите во Хрватска која прва собра храброст да каже јавно за оваа измама. Поради забраната за објавување на книгата пуштена е бесплатно да се далнодира во PDF формат:
http://rapidshare.com/#!download|80...Gajski_-_Lijekovi_ili_prica_o_obmani.rar|3049
 
Обавезно ќе ја прочитаме!

Ко небаре не знаеме за ова
 
Знам дека си информиран но сега го пуштив текстот затоа што од 2009 година после многу обиди ниеден издавач не сакаше да ја отпечати оваа книга па докторката одлучи бесплатно да ја пушти на интернет.Инаку книгата има 240 страници.
http://rapidshare.com/#!download|80...Gajski_-_Lijekovi_ili_prica_o_obmani.rar|3049
 
Јас прво ја ставив во темата здравје но модераторот ја преместил тука.Не е битно каде ќе ја стави туку што повеќе луѓе да се информираат.Јас сакав да ја нарачам книгата директно од Загреб уште пред 2 години но откако дознав дека нема да се објави чекав цело време да се пушти на интернет бидејки вистината не може вечно да се крие поради нечиј интерес.
 
Обавезно да ја прочитате книгата на докторката Лидија Гајски специјалист интернист која не и дозволија да ја објави поради стравот на фармацевтската мафија од информираност на обичните луѓе дека се работи само за огромен профит на сметка на уништивање на здравјето на луѓето
Кога фармацијата го уништила здравјето на луѓето?
Кажи ми пример, причинител и статистика.
 
Јас прво ја ставив во темата здравје но модераторот ја преместил тука.Не е битно каде ќе ја стави туку што повеќе луѓе да се информираат.Јас сакав да ја нарачам книгата директно од Загреб уште пред 2 години но откако дознав дека нема да се објави чекав цело време да се пушти на интернет бидејки вистината не може вечно да се крие поради нечиј интерес.

Дај ви се молим те. -.-
Лековите се измама, фармацевтите Дон Корлеоне, треба да се лечиме со пролетни кокичиња, малку шумски воздух и сите среќни и весели да си бидеме, м?
Аман веќе од овие теории за заговори и од луѓето што не добиле доволно мито од фармацевтските куќи па сега кенкаат против нив.
 
Факт е дека фармацијата повеќе го уништи отколку што го оздраве човекот. Сега, според мене, ќе ви кажам и како. Се раѓа дете на овој свет, кој е заразен со се и сешто, а најопасни се вирусите создадени од човечка рака (да не мислите дека СИДАта на пример, е природна болест, како ракот?) и тоа дете закачува вироза и ооооп на лекар одма антибиотици, лекарства .... проблемот е што сето ова само ги залечува симптомите но никогаш не ги лекува. за заболен трет крајник имате третман чиста голгота на лекарства и глупости, за на крајот да ви го извадат, и ако сте толку несреќни пак да ви никне.... пак од почеток. И сега тоа дете да речеме расте, меѓувремено пак се разболува, пак го лечиме со антибиотици, и на крајот закачува нешто посериозно - но има ,,слаб имунитет,, а ние знаеме дека сме го клукале со витамин ц, б, а, со прополис, со се и сешто кажано и некажано... е од каде дојде ,,слабиов имунитет,,? Од таму што, секој фармацевт го знае тоа, колку што е позитивен толку е и негативен СЕКОЈ лек. Зошто создава талози на желудник (знаете за смрт од витамин ц - епа јас знам, типот мислел дека е у реду да си пиеш ти ц исто како киви да јадеш, па починал од талог на желудник, па чир, па триста чуда), зошто има еден тон нус појави. Мислите дека случајно азијатските будисти имаат најдолг животен век? Верувале или не, ако некој од нивните умре пред 95-100 година сметаат дека ,,млад умрел,, просечна старост им е 90-110 години, ама не бе тие ништо не знаат, знаеме ние, посебно Западна Европа, со просечен живот од 65 години, кој што ретко кој го доживува неразболен од нешто ептен сериозно. Ракот како болест, во азијатските земји е невидено мал. И да не продавам бабини деветини, целиот процес со отворање чакри и примање космичка енергија спасија едно мало девојче, за кое што докторите рекоа ,,најмногу 2 месеци,,. Јас никогаш немам верувано во тоа, но почнав, зошто повеќе не ја лекуваа со стандардни лекови, напротив, и дадоа лекови ,,против болки,, и чекаа да умре. На нејзина среќа мајка и не се откажа па отиде до Индија да бара чаре и го најде. Сега целото семејство единствено се лекува (т.е. немаат посериозни болести) со тој вид на терапија. Од тој момент, од тоа пред смрт девојче, денес постои девојка која живее мн. подолго од што се предвидуваше со медицината.
Нашите прабаби и прадедовци немаа ваква ,напредна, медицина па живееа дупло подобро и подолго од нас. Баш зошто не само што се лечеа со тревки, туку затоа што не пушеа индустриски цигари (единствени смртоносни, самиот тутун не е штетен), зашто живееа во понормален свет и зошто кога ќе кивнеа не трчаа да се напијат андол, парацетамол, кафетин колд, кога ќе се потресеа не кркаа диазепами и лексилиуми. Зошто сакале или не - не постои лек - постои залечување со стандардната медицина.
Под ова не подразбирам хируршки зафати од аспект на тумор кој се вади исклучиво хируршки, но доколку повеќе луѓе знаеа латински и стручни називи на ,,пролетни кокичиња,, ќе сфатеа дека основата на секој лек е таа, само видоизменета и расипана, за подолго и повеќе да сме зависни од лекот.
 
Armed agents kidnap child from mother who used holistic treatments instead of pharmaceutical drugs to treat condition.

Го однела женава сопственото дете на рутинска вакцинација, по што истото веднаш заболело (односно "забегало"). Побарала помош од лекар и овие (лекарот и колегите) му препишале тешки дроги по што состојбата на детето уште толку се влошила. Чарето мајката го нашла во прекинување на терапијата со конвенционалните медикаменти и пробување на холистичката (алтернативна) медицина. Состојбата на детето по промената од една на друга „медицина“ се подобрила, но......

Заради недостаток на време не можам да го преведам остатокот, но затоа приказната продолжува во горниот линк кој ве носи на www.naturalnews.com. Како и да е, поентата и реалноста е јасна и на дел од нас добро позната. Кој не сака да биде лабораториско глувче, знае што треба да прави при вакцинации, фармацевтски „лекови“, хемотерапии, ГМХ и сл.
 
најопасни се вирусите создадени од човечка рака (да не мислите дека СИДАта на пример, е природна болест, како ракот?) и тоа дете закачува вироза и ооооп на лекар одма антибиотици, лекарства .... проблемот е што сето ова само ги залечува симптомите но никогаш не ги лекува.

Како тоа антибиотиците делувале на симптомите на вироза, а јас не знам?! :)

Од таму што, секој фармацевт го знае тоа, колку што е позитивен толку е и негативен СЕКОЈ лек. Зошто создава талози на желудник (знаете за смрт од витамин ц - епа јас знам, типот мислел дека е у реду да си пиеш ти ц исто како киви да јадеш, па починал од талог на желудник, па чир, па триста чуда), зошто има еден тон нус појави.

Пред да кажиш дека знаеш нешто, за разлика од ние што не знаеме (пример дека има желудочни талози од Вит.Ц) пастирај факт- проверена публификација во пдф или слично :)
И кажи за каква форма на Вит.Ц зборуваш.
 
Дај ви се молим те. -.-
Лековите се измама, фармацевтите Дон Корлеоне, треба да се лечиме со пролетни кокичиња, малку шумски воздух и сите среќни и весели да си бидеме, м?
Аман веќе од овие теории за заговори и од луѓето што не добиле доволно мито од фармацевтските куќи па сега кенкаат против нив.

Не се теории на заговор. Едно апче едно лечи - а милион side effects има. Подобро е природно да се лечиш, него ли со хемиски апчиња. Е сега, ако ептен јајцето дошло на газот - тогаш мора модерна медицина.
 
Не се теории на заговор. Едно апче едно лечи - а милион side effects има. Подобро е природно да се лечиш, него ли со хемиски апчиња. Е сега, ако ептен јајцето дошло на газот - тогаш мора модерна медицина.

Јас не го кажав тоа во однос на лесните главоболки, дијареа, лесна забоболка. Не треба за се' да се посегне по апче.
Но, постојат болести кои мора да се лечат со лекови од модерната медицина, не со тревки и разни надри-лекови. Да, имаат лековите нуспојави, затоа треба се користат исклучиво кога се неопходни.
И, за целава теорија која ја дава аудиофил: Многу е лесно да се коментира, на пример, дека е измислен лекот за рак, но не се применува за фармацевтските компании да заработуваат од продажбата на хемотерапијата. Дали сте луѓе свесни што значи хемотерапијата? Дали мислите дека ако има било каков лек со кој би се избегнала хемотерапијата, некој не би го платил и десет пати поскапо само за да го прескокне ужасот на таа терапија? Нема пари кои, на пример, еден родител не би ги дал за да не го гледа своето дете како прима хемо и да има полесен пат за лекување, мислите ќе се двоуми некој? Доста веќе со тие малоумни теории.
 
Cim vikas deka toa se maloumni teorii ke ti postavam uste edno prasanje za kraj.Kakov e tvojot stav za genetski modificiranata hrana koja vo ucebnikot za Ekologija e objasneta kako zdrava hrana za konzumiranje i koja nema nikakva opasnost za zdravjeto na lugeto?
 
Cim vikas deka toa se maloumni teorii ke ti postavam uste edno prasanje za kraj.Kakov e tvojot stav za genetski modificiranata hrana koja vo ucebnikot za Ekologija e objasneta kako zdrava hrana za konzumiranje i koja nema nikakva opasnost za zdravjeto na lugeto?

Викам дека тоа го пишувала некоја недообразувана тетка, на која комшиката и кажала дека генетски модифицираната храна е добра. Ниеднаш не кажав дека генетски модифираната храна е добра. Штетна е, и тоа е општо познат факт секаде во светот. Но, да се тврди дека постои заговор за намалување на светското население врз основа на ЕДЕН напишан текст во ЕДЕН учебник, е апсолутно, во најмала рака, несоодветно. Секакви глупости се пишуваат во учебниците, се сеќаваш ли, на пример, на глупостите кои беа напишани минатата година во учебникот за граѓанско образование (или како и да се викаше предметот), имаше по телевизиите за нелогичностите кои беа напишани и за информациите кои немаа врска со реалноста.
Ти кажав и на другата тема, не постои европска регулатива со која е забрането производството на органска храна. Или ако постои - наведи ја со број и текст. И, германската органска храна не е воопшто со ниска цена туку е изгор скапа.
Дај ми доказ, тврд доказ, дека е забрането производството на органска храна, дека постои лекот за рак, а фармацевтските мафии го кријат, дека има подобар научно докажан лек од вештачките лекови кои сега ги нуди медицината, и тогаш, и само тогаш, ќе ти ги признаам теориите. До тогаш, ништо лично, но сиот овој муабет е млатење празна слама со фолија на глава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom