Се намалува невработеноста, 30,9% невработени

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе братче не ти е срам вакви глупости да пишуваш? :)
во последниве 3-4 години невработеноста е падната од 34% на еве сега како шо гледам и до 30... во ова најверојатно има статистика пресметано и за роми шо збираат ѓубре и го продаваат, еден куп градежници што умираат за некои 20 илјади + месечно и уште 1 куп избришани од завод за вработување пошто не се пријавиле и овој месец... а и јас мислам дека до 5 јуни ќе се вработат уште барем 1 третина од овие што досега не се вработени... доколку обезбедат по барем 15 "гласачи"
 
Последниве 3-4 години 99% од матурантите се запишуваат на факултет. Имаме ЦЕЛИ 4 ГЕНЕРАЦИИ кои „студираат“ на високо.

Секако, ова е тотална превара која по 4-5 години ќе резултира со една река полудени високообразовни фраери и фраерки (за кои ЌЕ НЕМА места за вработување) која ќе тече несопирливо од парламент, низ ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА, под АЦЕ качен на КОЊОТ кон ВЛАДА НА Р.М.

Ја не знам кој ќе седи у тоа фотељите тогаш, ама знам дека прозорците нема да ги издржат крицитеи камењата...

Намалувањето на невработеноста кај нас се прави со вработувања во јавна администрација (што е ужасно лошо за економијата која живурка) и со „присилно“ запишување на ЦЕЛИ ГЕНЕРАЦИИ на факултети.

Затоа и се „факултетите“ во секое село.
 
Кажи ми ти во село учиш и во кое село има факултет?
Јас колку што знам факултетите се во градови а не во села и коллку што знам човекот учи додека е жив така да не гледам причина зошто да не се запишуваат цели генерации на факултет и со тоа нашата држава да биди пообразована.
Мислам дека ти не сакаш да се запишуваат средношколците на факултет за да не научат нешто повеке од тебе.
 
Квалитетот на високото образование е намален, автономијата еве со најновиот закон ојде јабана, а наголемо најавуваната ПРАКСА за секој студент(слободно пиши на гугл ќе најдеш резултати од најавата во Септември) ништо не бидна, знаеш зашто? Coz its fuckin impossible !!!

И тоа дека секој требало да се запише да, ама кај што треба и како што треба, не можеш теле со сила да го правиш доктор на науки, теле си е теле.
 
Кажи ми ти во село учиш и во кое село има факултет?
Јас колку што знам факултетите се во градови а не во села и коллку што знам човекот учи додека е жив така да не гледам причина зошто да не се запишуваат цели генерации на факултет и со тоа нашата држава да биди пообразована.
Мислам дека ти не сакаш да се запишуваат средношколците на факултет за да не научат нешто повеке од тебе.

Човекот учи додека е жив. Точно. Од друга страна, чистачот чисти улици, кондураџијата поправа кондури, а машин-браварот ја работе тоа машината во погон.

Кој ку*ац ќе ги работи тоа метлите и машините кога 100% од рајата ќе има високо образование?

Најди ЕДНА земја во светот каде повеќе од 60% од популацијата се запишува на факултет! Има и причини зошто е тоа така. Прво, не секој има ментален капацитет да се подготува за наставно-научна дејност (тоа е целта на факултетот). Второ, нашата земја нема индустриски и економски капацитети кои би ги апсорбирале тие високообразовани кадри. Трето, економијата нема финансиски капацитет да го плати нивниот труд (со високо образование трошоците за плата на вработениот се зголемуваат по дифолт).

Не разбирам како може некој да не забележи дека нон-сенс си е нон-сенс!?!? Дали на некого воопшто му паднало на памет да се запраша ШТО ЌЕ ПРАВИ СО ТИЕ ЛУЃЕ кога 100% од една генерација ќе има универзитетска диплома??!

Со тоа што 100% ќе се запишат на факултет нашата држава НЕМА да биде пообразована, туку напротив, критериумите за оценување ќе се симнат а квалитетот на високото образование неминовно ќе се намали.

Муабетот со село-факултет е јасен. Точно дека нема факултет у село. Затоа има факултети во Радовиш, Дебар, Делчево, Кратово, Берово... Остај што таму луѓето немаат леб да јадат, што локалната економија е УЖАСНА, остај што нема каде да се вработи високообразован кадар (освен на машина за шиење за 3-4 илјади месечно), него ни професорите не држат предавања, асистентите се накурчени дека мора да патуваат па заебаваат и они, просторно-техничките услови се очајни... ЈЕЗА!

Едно е нешто да изгледа убаво за у програма. Сосем е друго да тоа има економска или социјална логика.

Потегот со мегадисперзацијата е апсолутно дебилен.
 
Знаеме ние и подруги времиња.. Кога се уништуваа иднината и можностите на многу талентирани ученици само затоа што немаше место за сите. Па да се запишеш на факултет беше среќа у п м. Првин се запишуваа по ред татини и мамини "административни" синови и ќерки, а за тие кои навистина требаше да бидат примени што ќе остане.

Пазарот на работна сила ќе најде механизми за селекција со тоа што ќе се подигнат барањата за квалифицираност и стручност. Тука ќе се појави поново проблем со недоволно и нееднаквов пристап до можност за практична подготовка но тоа е системски проблем во нашата ни мила држава каде се се завршува преку "познати и јаки луѓе".

Инаку Македонија е на дното на листите по процент на население со високо образование.
За чистачи и метачи, не се секирај толку, секогаш ќе има кој да ти слугува, ти само треба да обезбедиш доволно финансии.
 
Не мора вака да се палиш за глупи работи. Од тие 99% што се запишале на високо образование, 20% немаат капацитет да го завршат а други 20% имаат но сепак нема да го завршат. Одтука пак се вративме на 60% од кои верувам дека кој и да било со барем малку мозок ќе замини дааааалеку од овде пошто ако реално размилиме ниеден програмер не сака да работи 10 сати дневно за глупи скоро 300 евра, ниеден доктор не би требало да си дозволи да заработува колку келнер и НИЕДЕН амбициозен економист не би требало да се задоволи со работење на шалтер во банка иако тоа моментално е работа снова во земјава наша. Така да никогаш нема да имаме толку многу високо образован кадар да не знајме да му го најдиме крајо.
 
Околу намалувањето на невработеноста, дали има некоја статистика за тоа во кои сектори има најмногу вработувања во последниве неколку години? Чисто ме интересира да видам кои сектори се во каква-таква експанзија. Дали е можно ваква статистика да се најде нај нас?
 
Се заебаваш? Значи ако не се пријавиш ТОЧНО на денот кога е предвидено во трудот, автоматски те бришат од системот, и не знам колку време немаш право да се пријавиш. Точно е дека намален е бројот на невработени во заводот за статистика, ама не е зголемен бројот на вработени.
 
ОК де, јас не тврдам дека е намален бројот на невработени, мене повеќе од јасно ми е како е ситуацијата, и очекувам 95% од вработувањата да се во јавната администрација. Но моето мислење настрана, јас само може да претпоставувам а така ич не ми е ќеиф. Ме интересира ако веќе е објавено дека бројот е намален, дали има статистика за тоа во кои сектори се новите вработувања?
 
Не ме читаш како што треба. Нема нови вработувања, има нови бришења :)
 
Ах, имало во првиот пост делумно информации сепак. :)
Но јас барам детални податоци, со линк до завод за статистика и слично.

Инаку те разбирам перфектно, ама без црно-на-бело некако шубе ми е. :toe:
 
Се заебаваш? Значи ако не се пријавиш ТОЧНО на денот кога е предвидено во трудот, автоматски те бришат од системот, и не знам колку време немаш право да се пријавиш. Точно е дека намален е бројот на невработени во заводот за статистика, ама не е зголемен бројот на вработени.

Тоа е спротивно на правилата. Имаш "право" да задоцниш определен период (околу 2 недели мислам).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom