Се намалува невработеноста, 30,9% невработени

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Хју, какво олеснување. Ко ја прочитав веста ми падна камен од срце. Ми олесна. Само ми е криво што нема да го турниме сопствениот светски рекорд во невработеност. Ама има надеж.
 
Еееееееееее дури да ни тргне, ама кога ќе ни тргне кој ќе не гледа.
 
Намалувањето на невработеноста е резултат на напумпаната и партизирана јавна админиистрација,како и обидот вештачки да се намали невработеноста со отварањето на факултети и дисперзирани студии низ повеке градови и села,(луѓето да се декларираат како студенти а не како невработени) и кога ќе завршат студии тогаш ќе ескалира реалната невработеност колку изнесува.
 
Од нокеска регулаторната комисија објави дека невработеноста ке падне на 27,5% ...
 
За плата од 8000 денари јас не би се сметал за вработен туку за преживувач!
 
Дури не се вработам на државно, и 1 % да е невработеноста, за мене ќе биде голема. Или да речиме во името на сите, додека нема од 5 члена фамилија 3-ца вработени, батали муабети оти имало вработеност.
Кај нас од 5 членови 2-ца државно а плата помала од кај приватниците, и јас ако не си извадам нешто приватно од нигде не течат пари.
 
Ова е само мачкање очи...Срамота е вака да се лаже,Груевски стварно направи добри потези на почетокот,но со ова споменициве усра работа,кој знае колку пари има испрано,па сеа и за невработеноста,иако реалната невработеност е негде испод 25%,зашто никој од приватнициве не пријавува вработени,а тоа е лошо и за државата и за самиот вработен,но тоа е кога државата е сиромашна.Иначе оваа вест за невработеноста дури и професорот по статистика Славе Ристевски кажа дека е лага на сред предавање у амфи...Така да незнам само до кај ќе иде ова крадење и перење пари.Ние сме тие што ќе останеме без ништо,нашите го изживеале животот колку толку,ама ние... :salut:
 
Без ‘В‘. Како ?! -Слае . :tv:
 
оптичка варка :helou:

во завод сега се пријавуваш на секои два месеци и ако закасниш и еден ден те бришат од компјутер и мораш да чекаш цела година ако до тогапш не се вработиш пак да те запишат за да зимаш плави картони ислично.

порано се пријавуваше на секои 5-6 месеци со ова намалување многу луѓе ќе пропуштат да се пријават, да заборават и така ги бришат и ја намалуваат невработеноста.

Нема врска ова за завод. Кога прв пат се пријавив ми рекоа дека треба да се пријавам пак ако не се вработам за 2 месеци. Ама јас во меѓувреме работев нешто хонорарно и тотално изумив да се пријавам или поточно каснев цели 15 дена и кога отидов да се пријавам и јас мислев дека ме избришале , ама нема врска само ме пријавија пак и ме опоменаа да не каснам веќе . Или можеби само сум имала среќа :)

Што се однесува до темата ,не верувам дека 30 % е невработеноста ,затоа што кога пред една година правевме истражување за застапеност на сивата и црната економија во Македонија излезе дека дури 20 % од тие невработени се дел од т.н. сив сектор и се всушност непријавени работници (нормално тука има плус -минус лица во зависност од тоа колку бил нашиот примерок репрезентативен ) .
 
Од нокеска регулаторната комисија објави дека невработеноста ке падне на 27,5% ...
Да му е..м мајката од 00.00 нокеска пак скокна невработеноста.
Персонал во градинките 2 % и сега сме пак на 29.5%
Оптимистички сигнали се очекуваат околу договорот за распишување избори, и може да се радуваме на некое рамковно вработување со кое пак ке “поевтиниме“ за некој процент невработеност.
 
Број на невработени лица и стапка на невработеност/во %
година број на невработени стапка на невработеност

2006 321.274 36
2007 316.905 34,9
2008 310.409 33,8
2009 298.873 32,2
2010 295.371 30,9
 
Број на невработени лица и стапка на невработеност/во %
година број на невработени стапка на невработеност

2006 321.274 36
2007 316.905 34,9
2008 310.409 33,8
2009 298.873 32,2
2010 295.371 30,9
Колку е саат кај тебе ?
 
Број на невработени лица и стапка на невработеност/во %
година број на невработени стапка на невработеност

2006 321.274 36
2007 316.905 34,9
2008 310.409 33,8
2009 298.873 32,2
2010 295.371 30,9

Со оваа стапка од просечно 1% годишно во 1990 сме биле 50% невработени а кај и да е до 2040 ќе почнеме да увезуваме работна сила :bravo:
П.С. Предвидувам дека невработеноста ќе паѓа во следните 2 месеци :salut:
 
А да не сме 1ви април, ако не сме почекајте со вакви шеги до тогаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom