Suvopi4est
The One & Only
- Член од
- 4 февруари 2011
- Мислења
- 148
- Поени од реакции
- 18
Веројатно многу пати сте биле предупредени: „Таа има дечко!“. Дали е тоа крај на приказната или можеби почеток? Тоа само од вас зависи.
Тоа што има дечко не значи дека е нечија сопственост. Има слобода на избор и што е најважно има право на љубов и среќа.
Доколку сте запознале девојка со која совршено се разбирате, која ви се допаѓа и со која пријатно се чувствувате, нема причина да му ја препуштите на некој друг. Врските се создаваат и пропаѓаат секојдневно.
Да, при тоа луѓето некогаш остануваат повредени, но зошто баш вие да бидете тој што ќе страда?
Испитајте го теренот. Можеби нејзината врска е на „лабави нозе“ и во блиска иднина ќе се прекине. Вие можете да бидете тој што ќе ја забрза работата.
Ако сте, можеби, зависници од забрането овошје, а таа во дворот на комшиите секогаш ви изгледа посвежа, ви советуваме сепак да се откажете бидејќи кога ќе ја превземете девојката, страста кај вас ќе ја снема.
Пред сè, не треба да „влетувате“ баш кај секоја зафатена девојка која ќе ви се допадне. Прво запознајте се со неа и продолжете со акцијата дури кога ќе пронајдете заедницки јазик, или заеднички интерес.
Набљудувајте дали таа се смее кога е во ваша близина. Тоа е одлучувачки фактор. Без насмевка на нејзините усни ваиот потфат е осуден на пропаст.
Внимателно проучете ги сигналите што ви ги праќа. Можеби таа е девојка што само сака да флертува. Не ви преостанува ништо друго освен да ја ставите раката во оган и да видите што ќе се случи ако продолжите со додворување.
Обидете се да дознаете дали и треба нешто, а нејзиниот сегашен дечко не и го дава. Можеби не ја теши доволно кога и е потребно, или пак го заборавил нејзиниот роденден? Од вас зависи дали ќе се обидете да ги пополните празнините кои тој ги оставил за да почне да ве споредува со него. Така таа може и да одлучи дека би и било подобро со вас.
Не би било лошо пред да почнете да и се додворувате да дознаете нешто и за нејзиниот дечко, за да не ве удри тупаница по лице од некој избричен двометраш на сред улица.
Кој се вашите ставови и дали некогаш сте превземале нечија девојка и како ..