Скандал во Европскиот Парламент: Зоран Талер прифатил мито од 100.000 евра од прикрие

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
само на теми кои имаат допирни точки со актуелнава Влада; на подфорумите за автомобилизам, авијација, здравје итн. не пишувам такви коментари

о, и тоа како

Не велам дека немаш право, туку дека не мислам дека ќарот би бил таков каков што ти посакуваш и очекуваш

Политика на кајгана одамна забранија, а и не чини политиката. Мене наредниот реизбор на сегашнава власт нема ништо да ми смени, а и алтернативите се бетер, лопови и веќе видени.
Не ни ти барам да се сложиш со моите размислувања, не ни очекувам, затоа што според псотовите ти ја гледам логиката и страната која ја држиш.

Да ти повторам Талер падна на текстовите на безрбетникот Геровски, на надеж, сега произлезе дека е корумпиран. Немам нити една причина неговиот извештај да го сметам за нормален и непристрасен.


мислиш дека не треба..... конкуренција пријателе, нема овде пардон........
Според неговата работа која им одеше во прилог, нема потреба да го искодошат.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Политика на кајгана одамна забранија, а и не чини политиката.
Знам, се шверцам одвреме-навреме :icon_mrgr Премногу ме нервираат, па не можам да се воздржам, што да правам. Но, впрочем, многу ретко коментирам на форумов. А, како беше цитатот од Платон - кој е препаметен за политика, нему му е судено да биде управуван од глупавите?

Нејсе, мене не ми е потребен извештајот на Талер за да видам како е овде. Не го формирам мојот став врз основа на тоа што тој го рекол, туку врз основа на тоа што го гледам и самиот. А, ако во ЕУ не се задоволни со него, или со неговата работа воопшто - дали во смисла на професионализмот или заради корупциски скандали - веројатно ќе пратат некој друг да направи извештај; само, ќе се навратам на мојот коментар - да не испадне работата после како со Фуере и Соренсен.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пу јаз'к. Да знаевме ќе жртвувавме еден споменик на плоштад и ќе имавме одличен извештај.
ААааааааааааааа викам ааааааааааа (што би рекле Еднооки).
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Знам, се шверцам одвреме-навреме :icon_mrgr Премногу ме нервираат, па не можам да се воздржам, што да правам. Но, впрочем, многу ретко коментирам на форумов. А, како беше цитатот од Платон - кој е препаметен за политика, нему му е судено да биде управуван од глупавите?

Нејсе, мене не ми е потребен извештајот на Талер за да видам како е овде. Не го формирам мојот став врз основа на тоа што тој го рекол, туку врз основа на тоа што го гледам и самиот. А, ако во ЕУ не се задоволни со него, или со неговата работа воопшто - дали во смисла на професионализмот или заради корупциски скандали - веројатно ќе пратат некој друг да направи извештај; само, ќе се навратам на мојот коментар - да не испадне работата после како со Фуере и Соренсен.


Лошо е шверцањето не завршуваат добро шверцерите, освен ако не се поврзани со власта. :)


Тебе извејшатјот не ти е потребен, но им е потребен на оние во унијата кои сликата за земјата ја ствараат преку таквите извештаи а и според нив ги носат одлуките. И да не се заради нив истите им служат како оправдување.
Исто така таквите извештаи тука се користат од партиите преку нивните медиуми за перење мозок на народот.

Не знам како ќе испадне со новиот, но не сакам некој како Талер да ми труби тука за чесност, за работа, за исполнување на обврски и да дава слика за мојата земја кога истиот го мрзи да ја заврши неговата работа а истовремено е корумпиран.

Најголема иронија е што унијата имаше забелешки за корупцијата а истите ни испратија корумпиран известувач.

Кога сме кај Соренсен, тоа е друг муабет кој упорно сакаш да го внсеш тука. Но ако ти смета неговата постапка реагирај. Јас ќе го сторам тоа деновиве.


Пу јаз'к. Да знаевме ќе жртвувавме еден споменик на плоштад и ќе имавме одличен извештај.
ААааааааааааааа викам ааааааааааа (што би рекле Еднооки).
За толку пари уште неусвoен извештајот ќе бевме во ЕУ :pos:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Европарламентарецот Зоран Талер денеска си даде оставка од функцијата член на Европскиот Парламент, по корупцискиот скандал кој го објави весникот „Сандеј тајмс“, јавува словенечката агенција СТА.



Словенечкиот европратеник Зоран Талер и уште двајца негови колеги прифатиле мито од 100.000 евра за да подготват амандмани во врска со финансиски реформи, што би требало да бидат усвоени од Европскиот Парламент, пишува „Сандеј Тајмс“ (The Sunday Times).

Според британскиот весник, нивни новинари, претставувајќи се како финансиски лобисти, на европратениците Зоран Талер, Адриан Северин (Романија) и Ернст Штрасер (Австрија) им понудиле 100.000 евра како надомест за поддршката на нивните амандмани, кои во голема мера оделе во линија со интересите на неколку големи банки.

Талер понудил парите да му бидат исплатени преку британска фирма, по што ја добил првата рата од 25.000 евра. Штрасер ја добил истата сума, додека на Северин му биле исплатени 12.000 евра.

Откако Талер и Штрасер дознале дека се врбувани, рекле дека со месеци знаеле дека станува збор за местенка и дека имале намера да ја откријат компанијата која стои зад лобистите.

Талер, меѓу другото, е и известувач за Македонија во Европскиот Парламент. Неговиот колега австрискиот европарламентарец Ернест Штрасер си даде оставка уште вчера.

Кајгана
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ааааааааааа радувајте се сега ќе назначат нов педофилско педерски митаџија да не оценува во реформите....
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Зокииии..... НЕЕЕЕЕЕЕ ......Кого сега А1 ке вика да го кара Гвујо ,,Зоки Зоруле ,вратииии сеееее ....А1 не може без тебе..
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А кога ќе ми текна на Зоран Талер и на Фуере колку се палат, си викаш мме, ова богови од ЕУ ни дошле, ова не се обични луѓе.

Ама оние бедните, црвите, и човек џуџе да му дојде тој го гледа како бог.

ЕУ е во фаза во која беше Грција пред кризата, крка, лапа, не се знае кој плаќа.

Ако ЕУ дојде во фаза на распад, тогаш со што ќе оправдаме промена на име ?
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.285
Поени од реакции
8.463
Да ги откриваа вака сите подмитени фаци кои „шират мир“ ниту Косово ќе беше независно ниту ќе имаше рамковен кај нас :tapp:
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Знаеш вака колку глупо се осеќам. За 100 000 евра сега ќе бев рамноправен член на ЕУ. DAMN!
Извештајот на ЕУ за Македонија годинава беше оценет воглавно како позитивен ( иако работите во него набројани повеќето беа негативни) или греша?!

Мислам дека му дале пари колку еден споменик на Талерчо .
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Извештајот на ЕУ за Македонија годинава беше оценет воглавно како позитивен ( иако работите во него набројани повеќето беа негативни) или греша?!

Мислам дека му дале пари колку еден споменик на Талерчо .
Како беше она ако ти текнува: Р.Македонија доби многу позитивни критики, многу позитивни мислења и помалку, помалку позитивни, така што преовладуваат позитивните коментари :nesum: Тука лежат 100 000 евра во помалку позитивните критики..:pos:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А она, кој сме ние да го критикуваме Фуере и Талер во европскиот парламент, известувач, рода на Борјан Јовановски.
Е кој сме де.
А кој сте вие.
 

IT

Член од
20 март 2011
Мислења
11
Поени од реакции
10
Еве како се известува „професионално“, незнам кој е повеќе за жалење дали А1 или Талер....

Европратеникот и известувач Зоран Талер си поднесе оставка по скандалот објавен во британскиот Сандеј Тајмс каде пред скриена камера Талер прифаќа мито ветувајќи им на лажните бизнис партнери дека ќе излобира нивниот амандман да влезе во извештај на Европскиот Парламент.

Од самиот почеток Талер тврди дека знаел дека е наместен и сакал да види до каде се подготвени да отидат тие луѓе.

„Мојот мотив беше да утврдам кој сака да компромитира европски пратеник и известувач за Македонија, а притоа да не сторам ништо незаконски.

-Дали се навистина дозволени сите методи па дури и незаконски методи, манипулации, тајно снимање, сето тоа, мораме да признаеме, е илегално. Тоа дека не успеаја да ме фатат во незаконитост во Сандеј Тајмс се разбира не го објавија.

-Дека и два месеца притискање да подлегнам не им успеаја, не пишува. Останува и прашањето на користењето на правните средства во Британија, каде силно се борат против ваквите методи“, изјави Зоран Талер.

А1 стапи и во контакт со новинарите од Сандеј Тајмс кои го објавија скандалот но тие одбија да дадат изјава. Велат работеле тајно, па не смеело да се дознае за нив.

Уредувачката политика на Сандеј тајмс е инаку отворено анти ЕУ.

Денеска Европарламентот најави истрага за овој случај во кој се вмешани и двајца други поранешни министри, едниот од Австрија, другиот од Романија.

Талер не земал пари, ниту потпишал договор или фактура.

Талер во интерес на истрагата се повлекува од својата функција со надеж дека вистината ќе излезе на виделина. Нова европратеничка од Словенија ќе биде Мојца Клева, исто од редовите на социјалдемократите.

Талер важеше за еден од најактивните поддржувачи на Македонија во ЕУ, особено во делот на спорот за името.
Извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135783

--- надополнето ---

Инаку ова е единствена вест на „демократска“ А1 колку што можам да видам, веста и ренгирана на место број 1 според најчитани ама нема ни еден коментар ???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom