Скандал во Европскиот Парламент: Зоран Талер прифатил мито од 100.000 евра од прикрие

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.503
Поени од реакции
1.894
Скандал во Европскиот Парламент: Зоран Талер прифатил мито од 100.000 евра од прикриени новинари на Сандеј Тајмс




Корупциски скандал го тресе Европскиот парламент. Европратеници меѓу кои и известувачот за Македонија, Словенецот Зоран Талер прифатиле мито од 100.000 евра за да изготват амандмани во врска со финансиски реформи кои требало да ги поднесат во Европскиот Парламент, пишува британскиот весник Сандеј Тајмс.

Според приказната на весникот, нивни новинари биле испратени во специјална мисија, кои се претставиле како финансиски лобисти нудејќи пари на повеќе европарламентарци за поддршка на нивните цели. Како што ја пренесува приказната весникот, еден од тие што ја лапнале мамката бил Словенецот Зоран Талер кој во разговор со нив, се согласил на понудата на новинарите велејќи им дека парите што треба да му ги исплатат да бидат дадени на британска фирма која што многу добро соработува со него.

Понудата за мито ја прифатиле уште двајца европарламентарци. Покрај Зоран Талер, во скандалот се опфатени и заменик премиерот на Романија, Адриан Северин и поранешниот министер за внатрешни на Австрија, Ернст Штрасер.

Весникот пишува дека Ернст се фалел на новинарите оти работел за најмалку пет такви комерцијални клиенти од кои добивал по 100.000 евра годишно.

Откако се договориле, Талер ја примил и првата трансакција од 25.000 евра преку компанијата во Лондон, како што барал, а Штрасер истата сума пари ја добил преку компанија во Австрија. На сметката на Северин биле испратени 12.000 евра.

Откако весникот им кажал дека митаџиите всушност се новинари, Талер и Штрасер изјавиле дека тие со месеци знаеле дека е местенка, но продолжиле со преговорите со новинарите за да го утврдат идентитетот на компанијата која стои зад нив.

Канал 5 за скандалот побара коментар од словенечкиот европратеник Зоран Талер, но за сега не доби коментар. /Ѓ.Т.

20.03.2011, 13:33​
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И ова се луѓето кои пишуваат извештаи за Македонија. Оу јеа. Glory, glory EU EU! :music3: :tapp:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
не ми е верно ова. не деака веста не ми е верна туку сумата од 100 000 евра.. да не се повеќе случано? вакви шупаци ли ни праќаат да известуваат за нас бе.. за 100 000 евра ке не шитнат еј ! ако не и за помалку
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.502
Поени од реакции
8.065
За едно амандманче 100.000 евра, за посериозни работи, повеќе.
Ајмо, брже-брже, још мало-па нестало, ајмо, навали народе, ефтини извештаи и амандмани.

Кога Сименс даде тешки милиони на грчката влада за да намести тендер, веднаш ги фатија. Овие веројатно иделе на картата, дека ако се работи за ситна пара, нема да ги откријат.

Бај д веј, ова сигурно не му е прва зделка, штом дури сега го фатиле.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Зоран Талер што те лажел Зоран Заев ,тебе Бранче не може да те амнестира ,ситна душо зарем за 100 00 евра ,другар ти за “Надеж“ даде 350 000 а за таков “Прдеж“ како тебе ке дадеше дупло...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Зоран Талер што те лажел Зоран Заев ,тебе Бранче не може да те амнестира ,ситна душо зарем за 100 00 евра ,другар ти за “Надеж“ даде 350 000 а за таков “Прдеж“ како тебе ке дадеше дупло...
искрено би сакал ова да го прочита талер... каков кретен !!!
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Новинарите на Сандеј тајм го снимиле Талер како прифаќа мито од 100.000 евра!

Зоран Талер фатен на дело. За пари на личната сметка, се согласил во Европскиот Парламент да работи за интересите на една британска компанија. 100.000 годишно чинат амандманите кои Талер прифаќа да ги поднесе за да и олесни на оваа фирма. Скандалот го објави Сандеј тајм.

Европратеникот во кафуле во Брисел ги договарал деталите за бизнисот – мислел дека разговара со претставници на компанијата, но тоа всушност се новинари на весникот, кои работеле на тајна задача. Еве дел од разговорот.

ЗТ: Не знам, што ви треба?
СТ: Па...

ЗТ: Колку договори и...?
СТ: Претпоставувам, да се обврзете дека ќе дејствувате како наш парламентарен консултант во парламентот.
ЗТ: Добро.

СТ: И дека ќе се грижите за интересите на нашите клиенти во парламентот. Тоа значи ако има легислатива што треба да се промени вие ќе ни помогнете со тоа.

ЗТ: Предлагам да направиме устен договор, како тој што беше на хартија, што всушност треба да биде сменет, за една година. Една година ќе биде доволна, да одлучите дали сте задоволни со мене или не. Јас ќе одлучам за една година и тоа за тие бројки (100.000 евра) за кои разговаравме.

СТ: Тоа го разговаравме, да...

ЗТ: И после тоа, не знам како е во британската економија, бизнис ситуацијата, во мојата земја компанијата испорачува сметка. Фактура?

СТ: Фактура... Да кажеме, парламентарен совет од оваа дата до оваа дата, квартал. Оваа сума на пари...

ЗТ: Фактурирањето доаѓа на квартали, прв, втор, трет квартал во 2011та...

СТ: Да. Првите три месеци, фактура, па плаќаме... И нормално плаќаме за 14 дена и тоа е нормално, во однос на работата...

ЗТ: Господ да ве благослови, мислам дека тоа е наједноставно.


Талер не е единствениот. Во мрежата на новинарите се фатени уште двајца европратеници. Вицепремиерот на Романија Адријан Северин и екс министерот за внатрешни на Австрија Ернст Штрасер.

Неофицијално дознаваме дека Штрасер денеска поднел оставка од европарламентот, а Северин најавил дека ќе се повлече.

Но пред да се обелодени скандалот - тројцата европратеници се снимени на состаниоците кога прифаќале за пари да лобираат во парламентот.

Со снимките новинарите на Сандеј тајм обезбедиле докази дека европратениците работеле за лична корист. На нивните сметки дури веќе се легнати дел од парите кои ги пазареле. На Талер - првата рата - 25.000 евра, колку што добил и Штрасер преку компанија од Австрија, а на сметката на Северин исплатени се 12.000 евра.

Новинарите на Сандеј тајм, приказната ја истражувале девет месеци, сега откако излезе во јавноста предизвика огромен интерес во Брисел. Законски европратеник не смее да прима мито за да работи за интересите на одредени компании или свои лични интереси. Талер за Канал 5 попладнево изјави: „во текот на нивниот експеримет препознав дека станува збор за манипулација и обид да бидам дискридитиран. Проверив и дознав дека фирмата не постои.
Цело време додека траеше нивниот обид да ме компромитираат никогаш не земав пари кои ми беа понудени и немам намера да го сторам тоа во иднина, вели Талер за Канал 5.
Извор:Канал 5
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ни прв ни последен.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Не знае да игра “камај“ го фатија ЖИВ

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Многу добро, дури би рфекол и одлично, само штета што Талер не е фатен дека е подмитен од јужните.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ни прв ни последен.
Да, ама овој човек пишуваше извештаи за Македонија, значи директно има удел и врз впечатокот што Македонија го остава во ЕУ. Не дека ме занима што мислат они за Македонија, ама типов премногу беше негативен, дури и Кукан европарламентарец рече дека многумина не се согласувале со неговиот извештај, премногу бил негативен.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ред е сега наша реакција за известувачот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom