Македонеро
Домаќин
- Член од
- 15 декември 2008
- Мислења
- 3.503
- Поени од реакции
- 1.894
Скандал во Европскиот Парламент: Зоран Талер прифатил мито од 100.000 евра од прикриени новинари на Сандеј Тајмс
Корупциски скандал го тресе Европскиот парламент. Европратеници меѓу кои и известувачот за Македонија, Словенецот Зоран Талер прифатиле мито од 100.000 евра за да изготват амандмани во врска со финансиски реформи кои требало да ги поднесат во Европскиот Парламент, пишува британскиот весник Сандеј Тајмс.
Според приказната на весникот, нивни новинари биле испратени во специјална мисија, кои се претставиле како финансиски лобисти нудејќи пари на повеќе европарламентарци за поддршка на нивните цели. Како што ја пренесува приказната весникот, еден од тие што ја лапнале мамката бил Словенецот Зоран Талер кој во разговор со нив, се согласил на понудата на новинарите велејќи им дека парите што треба да му ги исплатат да бидат дадени на британска фирма која што многу добро соработува со него.
Понудата за мито ја прифатиле уште двајца европарламентарци. Покрај Зоран Талер, во скандалот се опфатени и заменик премиерот на Романија, Адриан Северин и поранешниот министер за внатрешни на Австрија, Ернст Штрасер.
Весникот пишува дека Ернст се фалел на новинарите оти работел за најмалку пет такви комерцијални клиенти од кои добивал по 100.000 евра годишно.
Откако се договориле, Талер ја примил и првата трансакција од 25.000 евра преку компанијата во Лондон, како што барал, а Штрасер истата сума пари ја добил преку компанија во Австрија. На сметката на Северин биле испратени 12.000 евра.
Откако весникот им кажал дека митаџиите всушност се новинари, Талер и Штрасер изјавиле дека тие со месеци знаеле дека е местенка, но продолжиле со преговорите со новинарите за да го утврдат идентитетот на компанијата која стои зад нив.
Канал 5 за скандалот побара коментар од словенечкиот европратеник Зоран Талер, но за сега не доби коментар. /Ѓ.Т.
![](http://kanal5.com.mk/getImageThumbnail.php?imgPath=upload/vesti/WESTIII/taler_zoran1.jpg&imgSize=230&cropH=180)

20.03.2011, 13:33