Зошто рамниот данок е лоша идеа!

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Не можеш да кажуваш дека прогресивниот данок е за луѓе со социјалистички погледи, напровитив во најкапиталистичките држави како што е Америка прогресивниот данок супер си функционира, нормално е тоа дека оној кој има поголеми примања ќе плаќа поголеми давачки. Ако ја земеме историјата на економијата ќе видеме дека сите теоретичари, и во класичната, неокласичната, кејнзијанската.... и сите останати школи се согласувале со пропорционалниот данок и токму пропорционалниот данок е едно ретките работи каде што сите се согласувале.
Рамниот данок скоро и да не принцип во капиталистичките држави можеби само 1 процент од државите го користат, што е уште еден доказ дека не е функционален, јас сум за да се намалат давачките и приходот од даноците нека е ист меѓутоа нека се распореди нормално по примања или по добивка, со тоа ќе овозможиме и поглем раст на малиот и среден бизнис.
Терминолошки забелешки
1. Што е рамен данок ? Рамен данок, како што го викаат кај нас овај е всушност пропорционален. Односна иста стапка за било кое ниво на примања. Името на рамниот данок иди од flat-rate tax. т.е рамна даночна стапка а не рамен данок
2. Еднаков данок. Овај е онај што е вистински рамен данок, т.е ако се држиш буквалистички до погрешниот превод на англискиот термин. Ова е фиксна сума што ја плаќа секој даночен обрзник. Овај данок ретко кај го има. Кај нас нема ваков данок, данокот кај нас е со рамна даночна стапка - пропорционален.
3. Прогресивен, повисоки даночни стапки за доход над одредено ниво.(bracket). Може да има повеќе bracketi за прогресивен данок. пр.. на примања до 20.000 ден 10%, од 20-50 ил. ден 30%, од 50 нагоре 40%.

Не е точно дека сите економски школи се согласуваат со пропорционален данок. Како што кажав, кензијанската доктрина тргнуваќи од нинвното тврдење дека потрошувачката генерира раст, се за прогресивен данок. Ова го оправудваат со постоење на автоматски стабилизатори како што ги викаат. т.е еден начин автоматско регулирање на потрошувачката со премин на лицата од еден во друг даночен bracket.

Некои економсисти го користат индиректниот данок (читај ДДВ) како аргумент за прогресивни даноци. Имено тврдат дека со фиксна стапка на ДДВ на производите, лицата со понизок доход плаќаат релативно повеќе од лицата со повисок доход. пр. машина со ддв 1800 денари е 10% данок за некој со плата 18000, и 5% данок за некој со плата 36.000. Одтаму викаат некои економисти, регресивноста на ДДВ-то треба да се митигира со прогресивен данок на доход. Кај нас конкретно не верувам дека има потреба од таква работа оти пред се имаме високи акцизи на луксузната стока, како и пониски стапки на ДДВ за стоката што ги погаѓа пониските доходни групи.

Даночната политика е еден од клучните елементи во меѓународната поделба на трудот. Покрај разни фактори поврзани со државата итн, даночната политика е клучна во одредувањето на конкуретските предности во меѓународната поделба на трудот. И ако некој ги зема САД за пример на даночна полтика, тогаш разумно е да се земат само како лош пример на даночна полтика. Ова го велам оти моментално капиталот го напушта САД и оди во земји со подобри услови за стопансивуање (пониски даноци, поефтина работна рака итн). Прогресивниот данок во САД, во комбинација со даноците на некој про-социјалистички држави во САД бувкално го убиваат бизнисот таму. Тие можат да го финансираат нивниот просперитет а богами и платен биланс само затоа што ја имаат резервната валута и што можат да дадат харитија за стока.

Кај нас, пропоционалниот данок е добар. Она што не е добро е превисокиот данок на осигурување на вработен и тоа примарно се одразува во стапката на невработеност. т.е треба да платиш еден куп пари за да вработиш некој... Прогресивен данок кај нас и нема да има некој голем ефект во даночните примања, додека пак ќе има многу поголем негативен ефект на дестимулација на трудот итн. Она што е најбитно е да се намалат пензиските придонеси, да се воведе конкуреција во системот на здраствено осигурување, да се намалат давачките по разни основи кои се наплќаат од платата. Т.е да се постигне максимална нето плата. Многу побрзо ќе се разивавме како држава ако тие 7000 што еден работник (со сегашна нето плата од 8000) ги плаќа како осигурување итн, ги зема в џеб и практично си ја дуплира платата. Секако со ова треба да си ја превземе и одговорноста за да се грижи за пензија и за здравјето... Она што со сигурност го тврдам, е дека пензиското и здраственото осигуравње можат многу полесно да се одработат од страна на пазарот ако луѓето ги имаат парите да платат.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257

Дали рамен или пропорционален тоа се терминолошки дефекти во нашиот јазик никогаш не можеме да се согласиме и да ги унифицираме без разлика... јас читам многу кои го поддржуваат пропорционалниот ( рамен) данок меѓутоа дајте аргументи зошто и тоа онака аргументи од пракса, па Американците ги прават своите фабрики во Кина па и во Кина има прогресивен данок ако не се лажам. Единствено пост комунистичките земји како што напишав во првиот текст го применуваат овој данок меѓутоа и тие го напуштаат една од нив е Романија.
Она за школите сум мислел на прогресивниот данок, моја грешка самиот се демантирав :), сакав да кажам дека прогресивниот данок е поддржан од сите школи.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.661
Еве ти хипотетички пример... уствари не е хипотетички, туку е пример од Британија, како кај нив се смета данокот на доход (2003)... (ова го има на стр.220, Економија, 1 издание, 2006, Таки Фити)

Даночна Основица Маргинална даночна стапка
од 0 до 4535 фунти 0%
0д 4536 до 6415 10%
од 6416 до 33934 22%
од 33935 нагоре 40%

Значи ти ако оствариш 60.000 фунти годишен доход, до 4535 нема да платиш ништо, од 4536 до 6415 10%, од 6416 до 33934 ќе платиш 22%, од 33935 до 60.000 40%...
Значи ќе платиш данок од (6415-4535)*10%+(33934-6415)*22%+(60000-33935)*40%=188+6054,18+10426... значи ќе платиш околу 16.700 фунти данок. Во Македонија на 60.000 фунти ќе платиш само 6.000 фунти данок, што е 10.000 фунти разлика. Со прогресивниот данок се намалува желбата за поголема заработка, мислам што повеќе заработуваш ти плаќаш многу поголем данок. Освен за привлекување на СДИ во Македонија се воведе ваков данок за фирмите да почнат реално да ги прикажуваат своите приходи. Убаво напишал tomsaso во својот прв пост дека освен рамниот данок на привлекувањето на СДИ влијаат уште многу фактори, да не се случеше 2001 мислам дека СДИ ќе идеа како алва :) Инаку, Американците градат фабрики во Кина затоа што таму има ефтина работна сила во изобилство, а да не зборувам за продуктивноста на кинезите, работат подобро и од роботи.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Во овој момент на Македонија, рамниот данок и е неопходен.

Доколку влезиме во НАТО тогаш можеби треба мала промена, на пример:

до 12.000 денари месечен приход 8%
до 30.000 денари месечен приход 10%
до 60.000 денари месечен приход 12%
над тоа 15% данок.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Во овој момент на Македонија, рамниот данок и е неопходен.

Доколку влезиме во НАТО тогаш можеби треба мала промена, на пример:

до 12.000 денари месечен приход 8%
до 30.000 денари месечен приход 10%
до 60.000 денари месечен приход 12%
над тоа 15% данок.

Во основа овој предлог е многу подобар од сегашниов.... имаш поголем развој на малиот бизнис и ги стимулитраш малите бизниси да ги пријавуваат вработените, бидеќи иако изгледа како малку 2 проценти и не се баш малку кога ќе размислип долгорочно.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Мрзам теоритизирање

Еве од пракса да читате:
Teh American High ( 1945-1964)
Во времето на Dwight D. Eisenhower (1953–61) данокот за мрсно богатите личности беше 90 проценти и имаа најпрогресивен данок и најобразовани луѓе
Криминал скоро нула

Во времето на реган кога почна да се кратат социјалните права и привилегии заедно со даноците на мрсно богатите започнаа going postal, криминалот да порасне до ненормални пропорции дотогаш невидени од времето на големата депресија, необновување и надоградување на инфраструктурата, и полека но сигурно затупување на американската младина и формирање на олигархијата , се што е паметно да заврши во отсек економија наместо во некои од технолошките факултети. За да стигнеме до денес каде богатите не плаќаат скоро ништо, малите фирми ги дерат со 30 посто данок, у пизду матер глупи деца ( 25 посто од младината на САД не може да ги помине едноставните тестови за армија) и уште повеќе у пизду матер бирократија и олигархија . Војни , огромни буџетски дупки и инфраструктура која се распаѓа и и требаат 2,2 трилиона долари .

Ако баба лаже трап не лаже . Толку од мене .
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
И јас се согласувам да биде како во англија,
од 0 до 321.425 денари (колку што се фунти претворени во денари) да е 0%
од 321,425 до хххххх нека е 10 посто итн.

:toe:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во овој момент на Македонија, рамниот данок и е неопходен.

Доколку влезиме во НАТО тогаш можеби треба мала промена, на пример:

до 12.000 денари месечен приход 8%
до 30.000 денари месечен приход 10%
до 60.000 денари месечен приход 12%
над тоа 15% данок.
А зашто обврзуваш стапките со НАТО? Не е можно без да се влезе во НАТО да са вакви?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
А зашто обврзуваш стапките со НАТО? Не е можно без да се влезе во НАТО да са вакви?
Не.

Кога ќе влеземе во НАТО, ќе има (барем се надевам) голем број на Странски Директни Инвестици и тогаш ќе има многу луѓе со големи примања, па треба тоа сето да се израмни малце, затоа што нема смисла за голем број кој ќе останат со 200 евра плата.
И тоа не мислам дека ние влегуваме во НАТО и другиот ден се воведува скалест данок, туку да оди тоа по 2-3 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom