Терминолошки забелешкиНе можеш да кажуваш дека прогресивниот данок е за луѓе со социјалистички погледи, напровитив во најкапиталистичките држави како што е Америка прогресивниот данок супер си функционира, нормално е тоа дека оној кој има поголеми примања ќе плаќа поголеми давачки. Ако ја земеме историјата на економијата ќе видеме дека сите теоретичари, и во класичната, неокласичната, кејнзијанската.... и сите останати школи се согласувале со пропорционалниот данок и токму пропорционалниот данок е едно ретките работи каде што сите се согласувале.
Рамниот данок скоро и да не принцип во капиталистичките држави можеби само 1 процент од државите го користат, што е уште еден доказ дека не е функционален, јас сум за да се намалат давачките и приходот од даноците нека е ист меѓутоа нека се распореди нормално по примања или по добивка, со тоа ќе овозможиме и поглем раст на малиот и среден бизнис.
1. Што е рамен данок ? Рамен данок, како што го викаат кај нас овај е всушност пропорционален. Односна иста стапка за било кое ниво на примања. Името на рамниот данок иди од flat-rate tax. т.е рамна даночна стапка а не рамен данок
2. Еднаков данок. Овај е онај што е вистински рамен данок, т.е ако се држиш буквалистички до погрешниот превод на англискиот термин. Ова е фиксна сума што ја плаќа секој даночен обрзник. Овај данок ретко кај го има. Кај нас нема ваков данок, данокот кај нас е со рамна даночна стапка - пропорционален.
3. Прогресивен, повисоки даночни стапки за доход над одредено ниво.(bracket). Може да има повеќе bracketi за прогресивен данок. пр.. на примања до 20.000 ден 10%, од 20-50 ил. ден 30%, од 50 нагоре 40%.
Не е точно дека сите економски школи се согласуваат со пропорционален данок. Како што кажав, кензијанската доктрина тргнуваќи од нинвното тврдење дека потрошувачката генерира раст, се за прогресивен данок. Ова го оправудваат со постоење на автоматски стабилизатори како што ги викаат. т.е еден начин автоматско регулирање на потрошувачката со премин на лицата од еден во друг даночен bracket.
Некои економсисти го користат индиректниот данок (читај ДДВ) како аргумент за прогресивни даноци. Имено тврдат дека со фиксна стапка на ДДВ на производите, лицата со понизок доход плаќаат релативно повеќе од лицата со повисок доход. пр. машина со ддв 1800 денари е 10% данок за некој со плата 18000, и 5% данок за некој со плата 36.000. Одтаму викаат некои економисти, регресивноста на ДДВ-то треба да се митигира со прогресивен данок на доход. Кај нас конкретно не верувам дека има потреба од таква работа оти пред се имаме високи акцизи на луксузната стока, како и пониски стапки на ДДВ за стоката што ги погаѓа пониските доходни групи.
Даночната политика е еден од клучните елементи во меѓународната поделба на трудот. Покрај разни фактори поврзани со државата итн, даночната политика е клучна во одредувањето на конкуретските предности во меѓународната поделба на трудот. И ако некој ги зема САД за пример на даночна полтика, тогаш разумно е да се земат само како лош пример на даночна полтика. Ова го велам оти моментално капиталот го напушта САД и оди во земји со подобри услови за стопансивуање (пониски даноци, поефтина работна рака итн). Прогресивниот данок во САД, во комбинација со даноците на некој про-социјалистички држави во САД бувкално го убиваат бизнисот таму. Тие можат да го финансираат нивниот просперитет а богами и платен биланс само затоа што ја имаат резервната валута и што можат да дадат харитија за стока.
Кај нас, пропоционалниот данок е добар. Она што не е добро е превисокиот данок на осигурување на вработен и тоа примарно се одразува во стапката на невработеност. т.е треба да платиш еден куп пари за да вработиш некој... Прогресивен данок кај нас и нема да има некој голем ефект во даночните примања, додека пак ќе има многу поголем негативен ефект на дестимулација на трудот итн. Она што е најбитно е да се намалат пензиските придонеси, да се воведе конкуреција во системот на здраствено осигурување, да се намалат давачките по разни основи кои се наплќаат од платата. Т.е да се постигне максимална нето плата. Многу побрзо ќе се разивавме како држава ако тие 7000 што еден работник (со сегашна нето плата од 8000) ги плаќа како осигурување итн, ги зема в џеб и практично си ја дуплира платата. Секако со ова треба да си ја превземе и одговорноста за да се грижи за пензија и за здравјето... Она што со сигурност го тврдам, е дека пензиското и здраственото осигуравње можат многу полесно да се одработат од страна на пазарот ако луѓето ги имаат парите да платат.