L
Lu
Гостин
Димче Шипинкароски со својот изум, систем за адаптирање на возило да работи на вода, може возењето да го направи економски поисплатливо.
Додека цената на бензинот и останатите горива во земјава вртоглаво растат, а граѓаните се повеќе размислуваат да ги остават автомобилите настрана, стружанецот Димче Шипинкароски со својот изум, систем за адаптирање на возило да работи на вода, може возењето да го направи економски поисплатливо. Со помош на хидролиза, водата се претвора во запаллив гас.
„Со еден литар вода можат да се поминат околу 2.000 километри со што овде возилото не се адаптира целосно да работи на вода, туку водата произведува гас, односно водород и кислород кои стимулираат да дојде до тотално согорување на нафтата или бензинот во зависност од тоа на што работи автомобилот.“
Во зависност од возилото, потрошувачката се намалува од 40 до 80%. Овој систем економистот Шипинкароски пред еден месец веќе го вградил во неколку негови автомобили. Ова ауди порано трошело 7,5 литри нафта на 100 километри. Сега е доведено до само 3,5 литри.
„Како што гледате звукот на моторот е далеку помал. Кога ја ставам во лер, колата скоро и да не се слуша. Автомобилот исто како да е згаснат. Моторот работи многу подобро, бучавоста е намалена. Стартноста е од 30 до 50% побрза отколку кога беше само на нафта.“
Eкипата на Алсат денеска ја имаше таа несекојдневна прилика, по струшките улици да го проба движењето со овој еколошки и економски исплатлив автомобил.
До Институтот за пронајдоци во Скопје веќе е поднесено барање за патентирање на изумот. Димче очекува дека за него ќе се заинтересираат и големи автомобилски компании, а оние кои веќе слушнале за него пројавиле интерес да го вградат во своите автомобили. По очекуваното добивање на лиценцата, ни вели овој пронаоѓач, тоа ќе чини нешто повеќе од 1.000 евра.
извор Алсат-м