еве како група Велешани го замислуваат велес!
Здружението на граѓани ,, За поубав град Велес‘‘
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/tevcev-23-03.wmv&VestID=106215
на видеото се прикажани идеите на здружението и како го замислуваат градот во иднина.
денеска излегоа со барање за извинување од страна на А2 телевизија поради тоа што нивната работа била исмеана.
еве ја реакцијата што беше приложена на Velesnews.mk
Реакција на Кире Кочов
Реакција на Здружението на граѓани ,, За поубав град Велес‘‘
на прилогот на А2 телевизија направена од страна на
новинарот Тевчев Влатко и снимателот Стевков Данчо
Начинот на кој е направен прилогот, прво не личи на една професионална новинарска екипа на таков начин да го презентира Здружението на граѓани, и со цинизам и исмејување ги потенцира неколку проекти од многуте во програмата, кои во нивните очи можеби изгледаат футуристички, но од друга страна ќе кажам дека, неколку работи кои можеби требаше да ги кажат или уочат и они како наградувани новинари, досега не реагирале и не направиле прилог за постоечките проблеми на градот. Ќе потенцирам дека, иако во сето ова како новинари гледаат политичка заднина, јас како граѓанин гледам политичка заднина во нивната работа.
Имено, велешани сме, се знаеме. Јас во прилогот гледам политичка заднина и како засегнати личности апсолутно непрофесионално реагираат на овој начин. Едно благородно граѓанско здружение кое очито им представува некаква опасност, го оцрнуваат и исмеваат не оставајќи да ја видат на дело нивната работа.
Ќе кажам и тоа, дека за Велес како град и неговите урбани проблеми можеа да направат многу прилози, но досега јас како граѓанин такви прилози од оваа екипа немам видено.
Центарот на градот кој пред 20 години беше еден од најактивните делови во самиот град, стана место на духови и после 18 часот не можеме да видиме човек да помине. Ние, граѓаните знаеме кога работеше стоковната куќа, во народот позната како НА-МА, која раздвиженост беше во центарот на градот, а сега таа стоковна куќа е ругло на градот со неиспланирани продавнички и тезги. Видовме што значи еден деловен центар за Струмица и ги видовме локалните избори во Струмица.
Втора работа.
Велес од град на мостовите, стана град на еден мост, и тоа најстариот мост во градот.
Малото мовче е без технички прием и недоправен од другата страна на мостот, новиот мост е со сериозни оштетувања, железниот мост е руиниран и опасен за користење.
За ова нема никаков прилог од страна на наградуваните професионалци.
Е па мене како граѓанин на Велес ми смета тоа да бидам рамнодушен, и да ги оставиме работите да си течат на овој начин. Ние во здружението како граѓани се осеќаме засегнати за својот град, и затоа и реагираме. Нашите реакции се позитивни, и се представени со идеи во програма, и не напаѓаат никого. Не ја разбирам ваквата реакција. Членовите на здружението се видни граѓани кои позади себе оставиле дела и симболи на градот со кои денес велешани се гордеат. Меѓу тие што се гордеат се и политичарите кои се сега во политичка кампања.
Ние како здружение на граѓани бараме јавно извинување од А2 телевизија за прилогот кој е направен, и се надеваме дека ќе имаме поконструктивни новинарски прилози, а и воедно поконструктивна кампања за татко на градот.
Претседател на здружението во основање ,, За поубав град Велес‘‘