За една година низ Скопје ќе возат само 3.000 таксисти

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се согласувате со намерата на градоначалникот да го ограничи бројот на таксисти?

  • Вкупно гласачи
    18

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Околу 1.200 лица поднеле барање до Градот Скопје за добивање на нова лиценца за такси. Градоначалникот реши да го намали бројот на такси возила и метежот во главниот град. Дивите таксисти ќе станат минато.

taksiopsto_49186.jpg

Со табла или без, 6.000 такси возила ќе бидат исклучени од сообраќајот. Градот Скопје ќе подели 3.000 лиценци и само тие ќе можат да возат такси. Ќе бидат сите во иста боја со исти табли.

Иако интересот за аплицирање на лиценца сеуште е слаб, Трајановски очекува до крајот на годината сите да бидат поделени.

За нив се потребни основни документи, а за распределбата нема да се прави селекција, кој прв ќе поднесе барање тој ќе добие.

Откако ќе бидат поделени сите лиценци, Градот Скопје ќе им додели и стојалишта. Нема да може да стои кој каде сака.

Браво Коце. :aplauz::aplauz::aplauz:
Да те ебам во газот да те ебам.

Ќе оставиш 6000 илјади фамилии без парче леб.
Копиле едно брадосано.

п.с Ги молам модераториве да го остават постот во целост.
Премногу сум изнервиран пошто знам најмалце 3 луѓе кои подигнаа кредити за да таксираат.
 
Трагедија... Зошто градоначалникот би се плашел од слободен пазар и конкуренција во такси превозот ? Низ многу градови низ светот има слободна конкуренција на такситте, цените се ниски и системот функционира одлично.

Чекај, чекај - кој прв доаѓа тој ја добива лиценацата ? Звучи познатао... Имам некое предчуство дека неколку посилни компании ќе бидат некако во првите а за "обичните" луѓе ќе остани ништо..
 
Дали ова смрди дека ке нема избори него си играат со нервите на народот ,или стварно немаат мозок и се групно надувани..
 
а зошто само во Скопје? сваќам дека од другите градови нема ни 1 таксист да се буни али..ако веќе се воведуе некој закон нека важи подеднакво за секаде..а не Скопје да го праиме вештачки...да се возиме у некој коли со клика таксиметар а во Велес тука со некое срање од тико..
 
Законов е најавуван од пред година и пол.
 
Реков и порано и пак ќе кажам...
сеа ќе има влечење со јажиња за да се земе лиценца...све ќе бидат со врски...

И коа ќе ги опнат и цените повисоки има да се чудиме...
Ќе ни стават 70 денари старт и 30 денари километар, а и автобусите ќе ги поскапат сеа кај и да е од коа ќе ги подноват поголемиот дел оп цената ќе се качи на 40-50 денари...
Све поскапува само платата си останува иста

--- надополнето ---

Иначе да се разбереме, убаво е тоа сите да имаат лиценци и да се бркаат оние диви таксисти и да се има закони за со какви коли може да се вози ама да се определува бројот тоа е стварно апсурдно... у превод таксито ќе стане државно
 
а зошто само во Скопје? сваќам дека од другите градови нема ни 1 таксист да се буни али..ако веќе се воведуе некој закон нека важи подеднакво за секаде..а не Скопје да го праиме вештачки...да се возиме у некој коли со клика таксиметар а во Велес тука со некое срање од тико..

Многу мразам плачковци значи. Читај кој донел одлука. Градоначалникот Коце Трајановски. На кој град? На Скопје. За другите градови, се грижат соодветни градоначалници. Фала, чао, пријатно.

А за темава. Булшит. Никој нема да се вози во и така ретките таксиња низ градов. 6000 минус? Па и вака ги нема некад а не па со толку минус. Такси привилегија за богататите ке стане. А тие имаат кола.
 
Јас не гледам ништо лошо во законот. Како прво, дивите таксисти возат поскапо и глеат да те ограбат поеќе а ако не си од скопје па го крка стапот уште поеќе.
Како второ, барем ќе се возиш во убај коли, ќе се возиш во нормално такси, и нема валјда толку да напина таксистот кој си шо си од кај си сакам да кажам ќе изгледа барем на такси.
А тие што подигале кредити за да возат такси и шо знам шо да речам...коа не мислеле порано нека му ја мислат сега..
 
и ја не глеам нешо лошо у законов.. у скопјево секоја втора кола е такси. кој шо праи сите таксисти станаа.. барем д ги знаат собраќајните правила а не со основно му купиле возачка неговите и ајт цепак такси ! стојат НА УЛИЦА! предизвикуваат гужви и сообраќајки редовно и во ова неможе никој да ме разубеди. мани тоа него има некои и ептен манијаци таксисти.. покрај тоа шо те прашуваат од кај си шо си како си зашо си и ред други работи имам приметено ако се качи девојче и седне позади 70% од вожњата му е у ретровизор ( да пообјаснам се зјапаат у цицки ). капак на се зашто некој див таксист да му ја одзема таботата на оној кој легално ги платил сите давачки? Еднаквост има тука???
 
Се е тоа во ред, ама зошто се фаќаат работите од опаш? Некои луѓе последен излез од невработеност нашле во возење такси, а ти да им го одземеш и тоа во ваква тешка ситуација е срамота. Рачунај и цените ќе рипнат многу со само 3000 таксисти кои којзнае и дали се доволни да го покријат цело Скопје при лоши временски услови, во шпиц кога се враќаат луѓе од работа или па преку викенд.
 
па да ти кажам искрено ја незнам кога не сум видел празен таксист... сега да ми текна на улица да искочам иако е ниедно време ке најдам празен таксист.. викенд исто - се наоѓа и викенд празно такси а цените дека ке рипнат тоа е нормално.. и треба според мене искрено ! за која цена возат таксистите? прашај некој нека ти каже точно колку му останува ќар од таксито кога ке ги одбие трошоците за гориво за казни за лиценца и сите други потребни работи? на крај краева знам дека е тешка ситуацијата ама шо мора да бидат сите таксисти? нема друга работа? еве пример тезга на пазар. тешко е тоа да се работи? истите пари треба да се вложат како и за таксито дури тука и повеќе ќар ке искочи него ли такси !!!
 
До негде си и ти во право, ама сега не е моментот за решавање на тој проблем. Треба да се најде начин што повеќе луѓе да се вработуваат и да имаат работа, а не да се отпуштаат кога секојдневно рипаат цените на сите производи и давачките.
 
Јас не гледам ништо лошо во законот. Како прво, дивите таксисти возат поскапо и глеат да те ограбат поеќе а ако не си од скопје па го крка стапот уште поеќе.
Како второ, барем ќе се возиш во убај коли, ќе се возиш во нормално такси, и нема валјда толку да напина таксистот кој си шо си од кај си сакам да кажам ќе изгледа барем на такси.
А тие што подигале кредити за да возат такси и шо знам шо да речам...коа не мислеле порано нека му ја мислат сега..

Ама не разбираш сега ти... никој не збори да не се "укинат" дивите таксисти меѓутоа моментално бројот на "легални" таксисти (кои што возат за компании) сигурно ја надминува бројката од 3000. Поентата е зашто да се ограничува бројот? зашто таксито да биде под градот (пошто градот ќе ги издава тие лиценци верувај дебело ќе се плаќа за да дојдеш до лиценца).

и ја не глеам нешо лошо у законов.. у скопјево секоја втора кола е такси. кој шо праи сите таксисти станаа.. барем д ги знаат собраќајните правила а не со основно му купиле возачка неговите и ајт цепак такси ! стојат НА УЛИЦА! предизвикуваат гужви и сообраќајки редовно и во ова неможе никој да ме разубеди. мани тоа него има некои и ептен манијаци таксисти.. покрај тоа шо те прашуваат од кај си шо си како си зашо си и ред други работи имам приметено ако се качи девојче и седне позади 70% од вожњата му е у ретровизор ( да пообјаснам се зјапаат у цицки ). капак на се зашто некој див таксист да му ја одзема таботата на оној кој легално ги платил сите давачки? Еднаквост има тука???

А демек ако има само 3000 таксисти нема да гледаат у цицки и нема да ти праат муабет? глупа констатација ти е ова...
Иначе за да возиш такси не ти треба факултет, ти треба само да положиш за возачка и не гледам како "неговите" му купиле возачка кога многу голем број од таксистите се луѓе во години и го прават тоа само затоа што нема ништо друго. Точно има и помлади таксисти меѓутоа и тие млади таксисти се дечки со 22-3-4 години.

па да ти кажам искрено ја незнам кога не сум видел празен таксист... сега да ми текна на улица да искочам иако е ниедно време ке најдам празен таксист.. викенд исто - се наоѓа и викенд празно такси а цените дека ке рипнат тоа е нормално.. и треба според мене искрено ! за која цена возат таксистите? прашај некој нека ти каже точно колку му останува ќар од таксито кога ке ги одбие трошоците за гориво за казни за лиценца и сите други потребни работи? на крај краева знам дека е тешка ситуацијата ама шо мора да бидат сите таксисти? нема друга работа? еве пример тезга на пазар. тешко е тоа да се работи? истите пари треба да се вложат како и за таксито дури тука и повеќе ќар ке искочи него ли такси !!!

Се наоѓа со чекање... милион пути сум чекал до 10 минути на повик за време на викенд или на "такси станиците" сум мрзнел дур дое такси...
Колку им останува? Епа со добро работење од 8-12 саати (ова ти го кажувам од познаник кој вози такси) му остануваат сигурно чисти над 20 000 денари месечно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom