Зошто атеистите му се лутат на Бог

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Интересно е што секогаш ми се наметнува истиот заклучок,

Со инка не се турва...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За што е доказ мојот пост? За годините, ете си бил 48 години, океј све тоа, кажи ми зошто според една работа која сите членови ке те памтат ти си одлучил јузерот Атеист? Оставаш впечаток дека си лут на тој фамозниот господ дека доста време си верувал, и сега се чуствуваш предаден и дека за ништо си верувал цело тоа време ... ај да не ја тупам и јас за џабе, ама мене барем таков впечаток ми оставаш, можеби грешам.

Могу е просто, вака јас гледам на ова: Замисли еден сеф, и една група на луѓе, т.е. нека не се група, нека се двајца, едниот од нив си ти, и знаеш дека сефот е празен и нема ништо внатре, другиот пак мисли дека внатре има пари (или што и да е вредно), е сега овој што мисли вака секој ден по 2/3 часа се обидува да го отвори сефот, правејки го ова тебе со ништо не ти пречи, ти си му рекол еднаш дека е празен, он продолжува да мисли дека не е празен и се обидува да го отвори, и секој ден со таа надеж живее дека еден ден ке го отвори и ке биде богат, среќен и све тоа, зошто ти кога еднаш не успеа да го убедиш во спротивно постојано му се вртиш наоколу, го исмејуваш, каде и да оди истиот муабет му го правиш, го сметаш за несериозен и прост, и слеп ис ве тоа... Е сега ова може да се користи и за спортивно, наместо тебе еден верник а наместо верникот еден атеист, исто и за верникот, не треба да губи време да го убеди во спротивно. Крај, нема што да се исмејуваме и да се правиме паметни многу.

Ти зафркаваш некого кој верува? Го сметаш за глуп и прост? Го жалиш? Не знам од каде толку сигурен дека ти си во право а и да си, не е за исмејување или за лепење етикети на некому дека е глуп или прост.

Неколку пати беше кажано, дека никој тука не ги напаѓа поединците, освен кога лажат или свесно извртуваат нечиви зборови! Јас и многумина други овде, ја сметаме религијата за зло! За кочница на човечкиот развој, за средство со кое се манипулира и заведува! Што значи не е како во примерот со сефот, каде што тој кој се обидува да го отвори, не му смета на оној другиот! Религиите наметнуваат правила, ги има во сите свери на општеството, се инфилтрираат во политиката, културата, па дури и во образовниот систем! Ја негираат науката и пласираат лажна надеж! Токму поради тоа, некој од нас ја гледаат како сериозна закана и зло, и затоа ја критикуваат.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Хаха! Браво! Токму така! Во библијата тој им ги отвара очите и ја разодкрива лагата на бог! А сепак е наречен татко на сите лаги! Величествен пример за инверзија на улогите!
Не врши диверзија на едно те исто дело и не ги подвојувај актерите во него на постоечки и непостоечки.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не врши диверзија на едно те исто дело и не ги подвојувај актерите во него на постоечки и непостоечки.
Сите "актери" од тоа дело се непостоечки! И не само од тоа туку од сите таканарачени "свети" објави.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Чоек, не прашувам за куклите.:tv:
оф проста маса.... значи све што е живо има душа а... а не ти текнува да размислиш малце и да заклучиш дека имаат памет (иако не развиен како кај луѓето сепак малце имаат), и дека мозокот ја врши цела функција на телото... која ти ја објаснуваш со душа... а куклите секако дека и тие немаат душа ама немаат ни мозок затоа ти се буниш...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како бре најлошо? Не би се согласил. Агностиците, би рекол дека се многу поискрени од атеистите (незнам/неможе да се знае дали постои Бог - наспроти атеистичкото не постои Бог(како може да се сигурни само, не е познато)). Агностиците едноставно не го запознале Бог, та неможат да кажат дали стварно постои или не. И атеистите не го запознале/или свесно или несвесно одбиваат, но имаат еден ептен чуден став, каде ТВРДАТ дека Бог не постои (всушност атеистот ќе биде најискрен ако едноставно рече не верувам во Бог).
А, бе, ВЕРНИК, ти тврдиш ли дека не постои Зевс? Тврдиш ли дека не постои Кришна? Маниту? Тор? - ТВРДИШ!!!

Како можеш ти да тврдиш дека овие не постојат?!?! Не ли си размислил малку? Мислиш ли уопште?

Ако ти тврдиш тоа за сите 5000 кои се у тек денес (освен за трофазниот), како не можеш да разбереш дека има луѓе кои не веруваат ВО НИТУ ЕДНО ЗАМИСЛЕНО ДРУГАРЧЕ?!?!

Има луѓе кои пораснале и се соочиле со реалноста каква што НАВИСТИНА Е!!!

Тие луѓе се себе се нарекуваат атеисти.

Глеам како си се тешиш со агностиците, ама очигледно си ги побркал лончињата. Агностиците се најчесто теисти на кои очите им се подотвориле и повеќе не веруваат во антропоморфни богови. Тоа е рационални луѓе на кои детските религиозни приказни повеќе не им бркаат работа. Агностикот е со една нога атеист. Само прашање на време е кога ќе си ги среди двата аспекти - рационалниот и спиритуалниот - и ќе си признае дека спиритуалноста е дел од тебе, а не дел од некое божество.

Теши си се... пошто ного сте малку нешто у последно време на форумов. Више досаден станува муабетов....
 
O

Omer el Faruk

Гостин
оф проста маса.... значи све што е живо има душа а... а не ти текнува да размислиш малце и да заклучиш дека имаат памет (иако не развиен како кај луѓето сепак малце имаат), и дека мозокот ја врши цела функција на телото... која ти ја објаснуваш со душа... а куклите секако дека и тие немаат душа ама немаат ни мозок затоа ти се буниш...
Гдје ќе ти душа бре атеисту еден низаеден! :tv:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Материјалистите немаат душа? Тоа ти е поентата? Материјалистите немаат духовност? Па сходно на твоето тврдење заклучокот е: Човекот материјалист не што не е животно, туку е ѕвер без душа и духовност. Се што го интересира е материјалното добро што му е потребно, а тоа го добива на начин што ќе го земе само за себе.
Тогаш се поставува прашањето што бараат атеистите на место каде се проповеда Бог, Господ Исус Христос, кога тие немаат духовност, немаат душа, и како резултат на тоа немат ниту осет дека постои Некој кој е создател на се, а тоа е Господ Исус Христос.
За човек без духовност и душа дали може да се каже дека е човек во полн смисол на зборот?
И зошто тогаш вие атеистие се лутите, кога ете сами велите дека атеистие не веруваат во душа, не веруваат во духовност, значи немат душа, немат духовност.
Добро бе, Јоан, толку ли немаш осет бе? На секоја страна ти пишува и што е атеист и што е спиритуалност, а во последно време и јасно ти е направена дистинкција меѓу религиозност и духовност. Ти само си вртиш исти глупи фрази и без оглед кој што пише - ти пак истото: „атеистот ми се лути на Бог“, „атеистот нема душа“, „атеистот е животно... “

Што верник ќе беше овака поган, еееејјј... Не се мериш, просто!

Во историјата на човештвото постојат повеќе од 10000 РАЗЛИЧНИ КРЕАТОРИ НА СВЕТОТ. Секоја култура си има свој креатор. „Господ Исус Христос“ ниту е прв, ниту е последен, ниту е оригинален, ниту е некако особено посебен од останатите 9.999 креатори измислени од човекот. Ништо посебно!

Ја можам да разберам некој кој ќе каже „Има креатор и најверојатно СИТЕ РЕЛИГИИ се во право“... ама некој ко ќе каже „МОЈОТ Е НАЈГОЛЕМ“ (Бог, нели) е тогаш за него можам да кажам само зборови што ќе вреѓаат.

Пошто тебе сум ти ги пишал, ај да не се срамам пак...

--- надополнето ---

Зошто нема атеисти од 30+ години да седат тука и да ги исмејуваат ’’глупите’’ што веруваат? Иако вака млади кога се не сфаќаат, ама покасно ке сфатат дека многу потешко е да си атеист него обичен верник.
Прокликај малку кај најпопалениве атеисти да им ѕирнеш возраст. Не си напишал домашно, а? :P
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
За што е доказ мојот пост? За годините, ете си бил 48 години, океј све тоа, кажи ми зошто според една работа која сите членови ке те памтат ти си одлучил јузерот Атеист? Оставаш впечаток дека си лут на тој фамозниот господ дека доста време си верувал, и сега се чуствуваш предаден и дека за ништо си верувал цело тоа време ... ај да не ја тупам и јас за џабе, ама мене барем таков впечаток ми оставаш, можеби грешам.
Грешиш и тоа многу...
Си прочитал повеќе од 5 мои постови? Ни сум верувал ни верувам. Ниту па имам кому да се лутам. А дека ме навредувале ќе ти наведам барем 10 поста.
Ти зафркаваш некого кој верува? Го сметаш за глуп и прост? Го жалиш? Не знам од каде толку сигурен дека ти си во право а и да си, не е за исмејување или за лепење етикети на некому дека е глуп или прост.
Не не :), јас загубив кладба со навивач на Милан и тој ме наките вака :)
Каде си видел ти мој пост таков? Најди цитирај. Каде јас сум етикетирал? Освен ако некој претходно не го направил истото за мене.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Неколку пати беше кажано, дека никој тука не ги напаѓа поединците, освен кога лажат или свесно извртуваат нечиви зборови! Јас и многумина други овде, ја сметаме религијата за зло! За кочница на човечкиот развој, за средство со кое се манипулира и заведува! Што значи не е како во примерот со сефот, каде што тој кој се обидува да го отвори, не му смета на оној другиот! Религиите наметнуваат правила, ги има во сите свери на општеството, се инфилтрираат во политиката, културата, па дури и во образовниот систем! Ја негираат науката и пласираат лажна надеж! Токму поради тоа, некој од нас ја гледаат како сериозна закана и зло, и затоа ја критикуваат.
Океј зависи како гледаш на еден верник... За еден момент батали цркви и џамии, батали оџи и попови, заборави на тоа што некои од нив не учат, дека ако не одиш со десна нова ваму, ке го налутиш господ, ако не ги миеш рацете вака многу ке го налутиш господ и лошо среќа ке те прати, заборави на тоа дека човек МОРА да му помогне на некој дека тоа ке му се пише како добро дело во книгата на господ, а ако е муслиман а ти си христијанин не му помагај дека тој е во заблуда ти веруваш во вистинското тој не...

Религијата како таква во оваа време навистина е речиси таква како што ти ја опиша (речиси), сакале ние или не тоа е факт. Не само во оваа време, и во минатото, луге се палеле живи дека биле вештери(знам... ама ајде де), секој научник морал да молчи дека или затвор или го убивале, тоа беше плитката политика на црквата тогаш. Во денешно време, се перат мозоци, се почнуваат војни, се тера човек да се накити како елка со динамити и во името на Алах да убие ХХХ број на невини жртви биле тоа или не вистински муслимани, тоа не е воопшто важно, важно е дека до тој степен ја смениле религијата, што жена ако не носи шамија некаде се убива... Значи заборави го сево ова, ова со господ нема никаква врска, ова повеќе паѓа на политика него на старото значење на зборот религија :), за ова треба нова тема да се отвори, и тоа во подфорумот на политика, затоа што јас и ти сме свесни дека ова нема ни Р од религија, затоа и го повторувам ова заборави, заборави :P

Темава повеќе е (барем јас мислам така) за индивидуално (не)верување. Затоа и пишав дека има 2 типа на атеисти кои му се лутат на господ, едни кои биле/се разочарани и други, кои едноставно мора да солат памет (како и многу верници кои веруваат, онака чисто без некоја причина, и го дрват најмногу од сите). Секој има свое право да верува или не, и секој го нема правото да се меша на друг.

Јас можам да сфатам дека некој е станал атеист зошто загубил некој близок многу, или... има многу причини, премногу дури, разбирам човек да не верува од проста причина што све ова му е смешно да има господ, англеи, рај, пекол, патки со рогови, или пак трета група кои не веруваат дека погрешно го сфаќаат господ, го сфаќаат како некој кој ке те фрли во оган ако крадеш цреши, ЗАСЕКОГАШ!!! :)

Тоа што не сфаќам е да исмејуваш некого заради тоа што верува или не верува.

Да седиме некогаш 5 верници и 5 неверници, ке се зачудиме сите еден од друг зошто веруваме или зошто не веруваме.

Да веруваш во господ, и ова денешно значење на зборот религија не е исто за мене. Религијата пишав погоре што мислам дека е, а верувањето е една од најинтимните работи, зависи од местото каде што живееш/работиш можат и за луд да те прават ако отвориш уста за своите убедувања :) еве тоа и тука се случува, има верници кој ги сметат за глупи атеиститие, и има атеисти кои ги сметат за глупи верниците... Што е најтрагично е дека еден припадник на една религија за повеке глуп го смета еден друг припадник на друга религија (ислам/христијанство) него еден атеист. Се надевам дека ме сфаќаш што сакам да кажам со ова, дека ептен може да се преврти реченицава :)
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Куче, маче, као мал си имал или твоите не ти давале да чуваш?
да сум имал кога бев мал мислеф дека имаат душа... но послем пораснав и сватив дека немаат.... е сеа што има некој што не пораснале уште не можам да коментирам више никад нема да сватат....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom