Зошто атеистите му се лутат на Бог

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Бастардс, ментални и физички пореметувања. Но не е дека јас имам/немам...прашањето беше дека ти ја споменуваш слободната волја, дека злото ја ограничува слободната волја...дали инцестот е зло? Дали педофилијата и наркоманијата се зла?

понатаму што имам (што не праша) против малолетни...секој од нас има или ќе има деца. Не му посакувам никому некој со сатанистички начела за слободна волја да сретне нечие дете.

начелото нека прават што сакаат може да се врати како бумеранг.
Тоа барем е лесно да се провери! Истражи, заинтересирај се па види колку силувања, злоставувања и слично има од страна на сатанисти, а колку од страна на верници од триве религии. Таквиот став незначи автоматски дека секој сатанист е педофил или хомосексуалец...или незнам што! Поентата е дека самиот поединец треба биде свесен дека секоја постапка си сноси последици, тие се наградата и тие се казната! Затоа глупоста е посочена како најголем грев во сатанизмот, затоа што не ти дава да ги согледаш последиците од некој постапки! Апстиненцијата, заканите и заплашувањата од нерационални и излетени сценарија за пекол се смешни и прозирни! Вистинска доблест има оној што постапува човечки не затоа што мора, туку затоа што тој самиот сака! На неколку наврати од верници ми беше поставувано прашањето: "па што ме спречува да убивам, силувам....крадам ако нема бог?" Епа мене сигурно не ме спречува стравот од некојси бог, и секој кој само поради тоа не е убиец или силувач за мене е само една патетична кукавица.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Za siromasite vazat zakonite za bogatite ne, tie mozat aa siromasite u apsaana, siromav pedofil e kriv bogat pedofil ne e kriv, posto ima pari i perspektiva, nego i siromasite ako ne se obedinat vo bunt moze i individualno nekoj voden od maksimaa bolje grob nego rob da ubie kolku moze luge...zborot mi e se e dozvoleno ako mozes ako imas muda so se veli makar da umres ko coek ako veke nejkes da zivees ko rob!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Апстиненцијата, заканите и заплашувањата од нерационални и излетени сценарија за пекол се смешни и прозирни!
Пекол...едноставно, не ни размислувам за тоа. мене ми е чудно некој да збори за слободна волја, а е припадник на окултна религија-што ли е, сатанизам. И смешно е воопшто да се збори за слободна волја, а да се живее во општество во кое владеат закони.

Епа мене сигурно не ме спречува стравот од некојси бог, и секој кој само поради тоа не е убиец или силувач за мене е само една патетична кукавица.
било што да те спречува, самиот поим спречување е против слободната волја. А злото кое го посочуваш кон религиите не го видов низ овие примери и постови. Зло е спречување на слободната волја велиш...а истовремено подлежиш на заповедите на сатанизмот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пекол...едноставно, не ни размислувам за тоа. мене ми е чудно некој да збори за слободна волја, а е припадник на окултна религија-што ли е, сатанизам. И смешно е воопшто да се збори за слободна волја, а да се живее во општество во кое владеат закони.
Јас убаво објаснив, тоа што ти неможеш или несакаш да сватиш е друга работа. Јас не ја посочив слободната воља како единствена причина зошто ги сметам за зло, иако и таа е причината како што и објаснив. Религиите тврдат дека луѓето имаат слободна воља, ама ако не прават како што им наложил богот, е тогаш ќе гореле во пеколот?! Па тогаш зошто им е дадена таа слободна воља? Исто како да кажеш на дете може да си ја офарбаш собава како сакаш, ама ако небиде портокалова, ќе те искршам од ќотек!
Општеството (демократското), санкционира само тоа што ги повредува останатите и прави штета.
Нагон да краде нема секој човек што се родил, но гордост има! Нагон да убива нема секој човек, но сексуалност има! Нагон да силува нема секој, но потреба за материјалност има! Тоа е разликата!
било што да те спречува, самиот поим спречување е против слободната волја. А злото кое го посочуваш кон религиите не го видов низ овие примери и постови. Зло е спречување на слободната волја велиш...а истовремено подлежиш на заповедите на сатанизмот.
Сатанизмот нема заповеди, само правила. Никаде не се тврди дека некој мора да ги следи тие закони, ниту пак се тврди дека тој е за сите. Тој што се препознава во неговите принципи е сатанист, останатите не.
Злото кое не си го видел, а многу убаво го посочив од моја перспектива е во наметнувањето на грижа на совест, во лицемерието, во манипулацијата да се наметнат вредности со кој човекот треба да верува дека е блажено да си беден и понизен.....во пласирањето на лажна надеж, во негирањето на науката....итн, итн!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Јас убаво објаснив, тоа што ти неможеш или несакаш да сватиш е друга работа. Јас не ја посочив слободната воља како единствена причина зошто ги сметам за зло, иако и таа е причината како што и објаснив. Религиите тврдат дека луѓето имаат слободна воља, ама ако не прават како што им наложил богот, е тогаш ќе гореле во пеколот?! ...итн, итн!
Вака може да се врткаме до стоиедно, но твоето негирање на она што отпочеток го кажа дека едно од злата во овие религии е немањето слободна волја...кое прво не е точно затоа што и јас можам да правам што сакам...како второ, слободна волја е само имагинација во било кој систем, група или заедница.
Сатанизмот нема заповеди, само правила. Никаде не се тврди дека некој мора да ги следи тие закони, ниту пак се тврди дека тој е за сите. Тој што се препознава во неговите принципи е сатанист, останатите не.
едно е што лицето следи, друго е што треба да следи. Штом тоа го пишува таму во сатанистичките книги, се е дозволено во тие култови со обврска наводно да не се повреди друго лице... но од погоре даденото не гледам таква насока.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Штом тоа го пишува таму во сатанистичките книги, се е дозволено во тие култови со обврска наводно да не се повреди друго лице... но од погоре даденото не гледам таква насока.
Зошто е во оваа книга „наводно“, а во Библијата не е „наводно“ кога се кажуваат истите работи?

Зошто е „не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе“ добар заклучок кога збориш за Библијата, а е ѓаволско и нејасно кога збориш за оваа книга?

Зошто е Исус на парче леб ЗНАК ОД БОГА, а кога е на г'зот на кучето - ЕРЕС?

Зошто имаш двојни аршини?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вака може да се врткаме до стоиедно, но твоето негирање на она што отпочеток го кажа дека едно од злата во овие религии е немањето слободна волја...кое прво не е точно затоа што и јас можам да правам што сакам...како второ, слободна волја е само имагинација во било кој систем, група или заедница.
едно е што лицето следи, друго е што треба да следи. Штом тоа го пишува таму во сатанистичките книги, се е дозволено во тие култови со обврска наводно да не се повреди друго лице... но од погоре даденото не гледам таква насока.
Ти како верник можеш да правиш што сакаш, но религијата ти вели дека ако не правиш и не живееш според религиските правила (кој во најголем број се задоволување на суетата на богот), тогаш ќе одиш во пеколот каде што вечно ќе бидеш мачен.

Од друга страна, сатанизмот ти вели нема пекол и нема рај! Нема добро и нема зло! Има само причина и последица! Рабери ја последицата што следи од секоја твоја постапка, и животот ќе ти биде уживање, ако не ја разбереш, и слепо и непромислено ги избираш своите постапки, последиците ќе бидат казната и животот ќе ти биде страдање. Затоа глупоста е најголем "грев" од сатанска перспектива.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Затоа глупоста е најголем "грев" од сатанска перспектива.
хехе, ова и од моја перспектива е баагички голем "грев" :)
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Слика или друг материјален објект кој претставува божество
И? Ги почитуваме ли ние иконите како богови? Не. Си велиме ли оваа слика е мој бог, во неа верувам. Не. Веруваме во едниот Бог, а иконите не ги поистоветуваме како богови. Така да икона на која е насликана Богородица, Исус, апостолите итн не ни се нам идоли. Доколку некој си ги замислува истите како богови, е тогаш може да речеш дека тоа е идолопоклонство.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Би можел да пишеш и нешто (било што) за Адам и Ева и за нивната „историска“ врска со Гилгамеш, чија приказна ја крадат, на пример. Би можел да објасниш и зошто е приказната дрско украдена па дотерувана.
Зошто одма претпоставуваш дека е украдено? Ај вака да ти кажам. Книгата Битие е напишана од Мојсеј. Само Мојсеј ли имал знаење за постанокот на светот? Адам и Ева сигурно им кажале на своите деца за постанокот на светот. Па овие на своите итн. Со текот на времето на приказната се додавеле работи, се одземале, така да додека Бог не му се јавил на Мојсеј и му објаснил точно каков бил постанокот на светот и овој тоа го запишал, луѓето имале искривена слика за тоа.

Има и втора варијанта. Едноставно некому не му се свиѓала приказната, па одлучил да си напише своја.

Има и трета. Сигурно имало луѓе коишто скоро и ништо да не знаеле за постанокот на светот. Не стигнала до нив, па си напишале сами како гледаат на тоа.

Итн.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И? Ги почитуваме ли ние иконите како богови? Не. Си велиме ли оваа слика е мој бог, во неа верувам. Не. Веруваме во едниот Бог, а иконите не ги поистоветуваме како богови. Така да икона на која е насликана Богородица, Исус, апостолите итн не ни се нам идоли. Доколку некој си ги замислува истите како богови, е тогаш може да речеш дека тоа е идолопоклонство.
Ајде, не танцувај околу туѓата глупост. Смешно е. Може тебе да ти ја припишат. Секако дека се идоли. Им се клањате, ги целивате, пари им оставате, им се молите...

Што се, ако не се идоли? Де прочитај дефиниција за да не се расправаме напразно.

Идол си е идол. Иконата е идол исто како што се тотемот на индијанците или металниот Ганеша на хиндусите идоли. Секоја религија има свои идоли. И тоа е сосем нормално.

Дебилно е што некои религии се фураат дека се „поинакви“ од другите религии, па дебилните работи сакаат да ги маскираат во нешто што не се.

Пример за тоа е една „монотеистичка“ религија која има ТРОФАЗЕН БОГ!!!

Пример е и една друга, слична, што вика дека е љубов да си ја тепаш жената.

--- надополнето ---

Зошто одма претпоставуваш дека е украдено? Ај вака да ти кажам. Книгата Битие е напишана од Мојсеј. Само Мојсеј ли имал знаење за постанокот на светот? Адам и Ева сигурно им кажале на своите деца за постанокот на светот. Па овие на своите итн. Со текот на времето на приказната се додавеле работи, се одземале, така да додека Бог не му се јавил на Мојсеј и му објаснил точно каков бил постанокот на светот и овој тоа го запишал, луѓето имале искривена слика за тоа.

Има и втора варијанта. Едноставно некому не му се свиѓала приказната, па одлучил да си напише своја.

Има и трета. Сигурно имало луѓе коишто скоро и ништо да не знаеле за постанокот на светот. Не стигнала до нив, па си напишале сами како гледаат на тоа.

Итн.
Ако си одел во школо некогаш, па уште ако си начекал час по историја случајно, познати би ти биле некои елементарни ФАКТИ од оваа гранка.

Дури и да одиме по идиотското инфантилно трдење на Библијата за настанокот на светот пред 5700 години, дури и тогаш, приказната за Битие НЕ Е ПОСТАРА од Епот за Гилгамеш кој е датиран 2700 пне. Пред Мојсие и пред Ное.

Ама за ова треба да си одел у школо... па да не те замарам...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ако си одел во школо некогаш, па уште ако си начекал час по историја случајно, познати би ти биле некои елементарни ФАКТИ од оваа гранка.

Дури и да одиме по идиотското инфантилно трдење на Библијата за настанокот на светот пред 5700 години, дури и тогаш, приказната за Битие НЕ Е ПОСТАРА од Епот за Гилгамеш кој е датиран 2700 пне. Пред Мојсие и пред Ное.

Ама за ова треба да си одел у школо... па да не те замарам...
И јас истото ти го велам. Дај читајте убаво. Каде ти напишав дека гилгамеш е после битие напишана? Ај сега наврати се и види поубаво што ти пишувам.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И јас истото ти го велам. Дај читајте убаво. Каде ти напишав дека гилгамеш е после битие напишана? Ај сега наврати се и види поубаво што ти пишувам.
Битие е преработка на Гилгамеш. Да имаш барем малку објективност во себе по ова прашање - нема да имаш никаков проблем да ја сфатиш оваа хронологија.

Ако имаш малку храброст да прочиташ компаративна религија - ќе се откажеш од овие бесмислени тврдења.

Но, ова е сепак разговор за ставови и ништо што јас ќе ти елаборирам нема да допре до твојот ум поради тоа што НЕ СМЕЕШ ДА СИ ДОЗВОЛИШ да разбереш. Цел СИСТЕМ на верувања ќе ти се сруши. А тоа е ного страшно.

Кутрите напатени израелити, кампувајќи околу пустинскиот оган си имале насушна потреба да се утешат за своите маки. Си ја прераскажувале добропознатата регионална приказна пренесувана од сумерите, преку вавилонците и канаанитите...

Истата приказна - други народи... Со дотерување по потреба...

Глупи муабети... 5000 години стари... Во време на „Аватар“, Џемс Бонд и Бен 10, некој уште се фура на ветви препрепрераскажани прикаски за пустински митологии...

Свашта по светов - навистина.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Зошто е во оваа книга „наводно“, а во Библијата не е „наводно“ кога се кажуваат истите работи?

Зошто е „не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе“ добар заклучок кога збориш за Библијата, а е ѓаволско и нејасно кога збориш за оваа книга?

Зошто е Исус на парче леб ЗНАК ОД БОГА, а кога е на г'зот на кучето - ЕРЕС?

Зошто имаш двојни аршини?
Па да беше и од Патагонија ќе разбереше. Господ Исус Христос постои. Што не ти јасно? И зошто се лутиш? Доста си провиден кога мислиш дека преку провокации и навреди ќе го скриеш својот трав од Господа. Ти само докажуваш дека си плашилвец. Единствената одбрана од тој страв ти е навреда на верниците христијани, омаловажување, но тоа не ти помага ни малку. Се повеќе се плашиш. Со секој ден сме и јас и ти поблиску до смртта и до Господ Исус Христос. А тоа може да биде и вечерва, можеби следниот месец, следната година, не се знае,но смртта ќе дојде како крадец во ноќно време кога најмалку ја очекуваш. И воопшто не е разумно да пропаѓаш во својата горделивост, иако знаеш дека Бог постои. Затоа немој да се лутиш на Бога, а ниту пак на себе. И тоа е грев.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom