И? Ги почитуваме ли ние иконите како богови? Не. Си велиме ли оваа слика е мој бог, во неа верувам. Не. Веруваме во едниот Бог, а иконите не ги поистоветуваме како богови. Така да икона на која е насликана Богородица, Исус, апостолите итн не ни се нам идоли. Доколку некој си ги замислува истите како богови, е тогаш може да речеш дека тоа е идолопоклонство.
Ајде, не танцувај околу туѓата глупост. Смешно е. Може тебе да ти ја припишат. Секако дека се идоли. Им се клањате, ги целивате, пари им оставате, им се молите...
Што се, ако не се идоли? Де прочитај дефиниција за да не се расправаме напразно.
Идол си е идол. Иконата е идол исто како што се тотемот на индијанците или металниот Ганеша на хиндусите идоли. Секоја религија има свои идоли. И тоа е сосем нормално.
Дебилно е што некои религии се фураат дека се „поинакви“ од другите религии, па дебилните работи сакаат да ги маскираат во нешто што не се.
Пример за тоа е една „монотеистичка“ религија која има ТРОФАЗЕН БОГ!!!
Пример е и една друга, слична, што вика дека е љубов да си ја тепаш жената.
--- надополнето ---
Зошто одма претпоставуваш дека е украдено? Ај вака да ти кажам. Книгата Битие е напишана од Мојсеј. Само Мојсеј ли имал знаење за постанокот на светот? Адам и Ева сигурно им кажале на своите деца за постанокот на светот. Па овие на своите итн. Со текот на времето на приказната се додавеле работи, се одземале, така да додека Бог не му се јавил на Мојсеј и му објаснил точно каков бил постанокот на светот и овој тоа го запишал, луѓето имале искривена слика за тоа.
Има и втора варијанта. Едноставно некому не му се свиѓала приказната, па одлучил да си напише своја.
Има и трета. Сигурно имало луѓе коишто скоро и ништо да не знаеле за постанокот на светот. Не стигнала до нив, па си напишале сами како гледаат на тоа.
Итн.
Ако си одел во школо некогаш, па уште ако си начекал час по историја случајно, познати би ти биле некои елементарни ФАКТИ од оваа гранка.
Дури и да одиме по идиотското инфантилно трдење на Библијата за настанокот на светот пред 5700 години, дури и тогаш, приказната за Битие НЕ Е ПОСТАРА од Епот за Гилгамеш кој е датиран 2700 пне. Пред Мојсие и пред Ное.
Ама за ова треба да си одел у школо... па да не те замарам...