Дали му се лутиш на Бог затоа што има војни на светот, убивања, а некои од нив се извршени и во „негово име“?
Јоан, јас тебе стварно те мислам за разумен човек (Ок... настрана ова заблудава со господ) и стварно мислам дека имаш јасна мисла и аналитички ум. Тоа се чита од твоите постови.
Она што многу ме чуди со оваа тема е твојата упорност со фаличново прашање.
Не знам дали разбра во што е поентата со „ЗНАЕ ЛИ ЖЕНА ТИ ДЕКА СИ ПЕДЕР?“
Јас не мислам стварно дека си педер. Напротив, откога дознав дека имаш 3 деца, претпоставувам (иако човек никогаш не може да биде сигурен по тоа прашање, нели) дека НЕ СИ ПЕДЕР. Но, кога некој прашањето ќе го постави фалично, целата дискусија е фалична.
Затоа и ти го направив мултицитатот во кој
сите атеисти на темава, без ниту еден исклучок ти го дадоа
истиот одговор!
Горе-доле, одговорот е: „Не можам да се лутам на нешто што не постои!“
КОЈ ДЕЛ ОД ОВОЈ ОДГОВОР НЕ ТИ Е ЈАСЕН?!?!?
Ајде може ова ќе ти помогне:
Јас сум лут на РЕЛИГИИТЕ кои го кочат мотивот на човекот да открива, да се прашува и да напредува во овој природен, рационален свет во кој живееме.
Религиите против кои сум јас во својата срж имаат АНТРОПОМОРФЕН БОГ кој е невозможно да постои во универзум со вакви природни закони.
Да нема недоразбирање, јас не оспорувам можност за постоење на „големо едно од кое сме сите ние дел“, „поврзување со некаква „сила“ која не е објаснета“, не порекнувам „коинциденции кои тоа и не се баш“, не викам дека „верниците не чувствуваат ништо кога се молат на својот Бог“. Но со сигурност тврдам дека „одговорен“ за овие феномени НИКАКО не е Јахве (или Один, Зевс, Кришна или Шива). За последново тврдење се сложуваат
сите атеисти во светот. И тоа е единственото нешто во кое со сигурност се сложуваат еден со друг.
Така, Јоан, твоето прашање „Зошто атеистите му се лутат на господ?“ е фалично.
Затоа ти никако не можеш да добиеш одговор и затоа секое твое повторување на тезата во очите на сите атеисти (и агностици) на оваа тема е смешно и глупаво.
Преформулирај.