Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
21 септември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Го користам Alpecin C1 и лосионот веќе 5 месеци и некако како да нема никаков ефект туку во последно време како повеќе да ми паѓа косата почнувам многу да се плашам. Може ли некој да ми каже зошто е тоа така, и кога ставам од лосионот исто така многу ми пага косата. Претходно користев Nirel ама многу ми ја сушеше косата па реков да сменам ама изгледа згрешив или пак од Alpecinot ефектите се покасно. Поздрав до сите членови кои дебатираат на оваа тема.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Го користам Alpecin C1 и лосионот веќе 5 месеци и некако како да нема никаков ефект туку во последно време како повеќе да ми паѓа косата почнувам многу да се плашам. Може ли некој да ми каже зошто е тоа така, и кога ставам од лосионот исто така многу ми пага косата. Претходно користев Nirel ама многу ми ја сушеше косата па реков да сменам ама изгледа згрешив или пак од Alpecinot ефектите се покасно. Поздрав до сите членови кои дебатираат на оваа тема.
мислам дека 5 месеци е доволно долг период за да се покажат некои резултати јас би ти препорачал да го смениш третманот пробај комбиначија шампон/лосион што досега го немаш пробано и ако немаш отидено до кожен лекар најдобро е да отидеш и тој да ти препорача третман.
 

djacemk

Александар
Член од
20 декември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
druze ti stigna li Spectralot??? Mene seuste ne...a go cekam veke 2 nedeli...i jas naracav i mi stigna Saw Palmetto i ke pocnam da gi pijam...mi zemaa u posta 72 denari za da si go podignam paketot...ali ne e bitno toa, bitno da ima efekti.. :) tebe kako ti se cini, ima rezultati nekakvi, bilokakvi?

pozz
Да ти кажам искрено, скоро и да се откажав од Spectral DNC, пошо толку многу чекање..... ама завчера еве ти го поштарот ми носи кутија :) а јас изненаден, што ли ќе е ова... тоа да ти бил Spectral DNC. Па го отворив, прочитав упаство и веднаш ставив (морам да напоменам дека ич не ми се допаѓа мирисот, многу ми е гаден, а и течноста е доста густа) али како и да е мислам да продолжам да го нанесувам додека има, па ќе видам дали ќе покаже резултати во меѓувреме.
Иначе морам да се пофалам дека откако почнав да користам Alpecin C1 Шампон i Alpecin Лосион, некаде од половина на декември 2009, забележувам нови влакна на залистоците (сеуште бебешки) а и косата ми е подобра. Значи Alpecin користев додека ми стигна Revita шампонот и од тој момент (некаде 15 Јануари) го користев само шампонот Revita а и понекад ставав и од лосионот Alpecin (зошто многу ми се допаѓа, има убав мирис и се добива убаво чуство полсе нанесувањето и масирањето на скалпот) али од пред 10-ина дена тотално го прекинав лосионот (мислејќи дека евентуално може да има компликации со Revita шампонот) и незнам дали е психички или пак навистина, ми се чини дека само со користење на Revita шампонов има многу добри резултати. Како и да е, сега и Spectral DNC користам и очекувам уште подобри резултати.
Ви дадвам ветување дека откога почнав да ги користам препаративе, направив фотки од состојбата на косата, и планирам секој месец да правам нови, се надевам дека ќе имам добри резултати и ако имам ќе направам еден блог каде ќе ги објавам со се целата постапка, што и како сум користел и се надевам дека на многу луѓе ќе им помогнам со моето искуство, секако ако се движи во позитивна насока.
Поздрав
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Мило ми е за тебе дјаце што имаш добри резултати со алпецин, тоа значи дека со спектрал и со ревита ке бидеш бомба. Само не заборавај, Спектрал днц е вид на миноксидил со + други состојки така да не го прекинувај никогаш. Чим си почнал не прекинувај. И гледај нарачувај си со време за да не се оставиш без него.
Поздрав.
 
Член од
14 декември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
1
Само што си набавив Saw Palmetto и одма забележав дека исто како и кај Finasteride-Proskar првичната намена му е лекување на простата.
Од аптеките на Зегин за 701 ден. 100 капсули ! Поздрав

Заборавив да прашам. :toe: Знам дека се зема по едно дневно, ама како пред јадење , после јадење или нема врска ??? Кој знае нека пиши ! Фала :salut:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Мислам дека нема врска тоа , барем со сав палмето. На природна база е , само глеј јади го со оброк.
-Инаку само ради информација, можете да пробате и чај или апчиња од брусница, исто така намена им е лекување на простата , значи автоматски и помогаат на косата.
Јас веќе 3 месеци користам Зелен Чај + Чај од коприва, последниве недела-две додадов и чај од брусница. Исто така користам алпецин ц1 (сега го сменив со С1), + Реконазол ама ефект нема. Косата ми паѓа исто , нема Н од нови влакна. Не знам што да додадам веќе , може и најдобро ке биде да земам Ревита шампон но не знам. Сеуште не сакам да земам рогаин или да пробувам со некој вештачки дхт блокер.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
imam problem so tiroidnata zlezda veke 4-5meseci,se bese ok se dodeka od pred nekolku nedeli ne pocna naednas da mi paga kosata mislam deka za 3 nedeli mi se prepolovi,ako moze sovet(kakov sampon da kupam ili nekoi drugi preparati,vitamini i dr.) ako imal nekoj vakov problem kako go nadminal zosto mislam deka ako prodolzi vaka za uste 3 nedeli ke ostanam bez kosa:cry:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Ако имаш проблеми со тироидна и ако ти паѓа косата ради тоа лекувај ја тероидата.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Ако имаш проблеми со тироидна и ако ти паѓа косата ради тоа лекувај ја тероидата.

pa ja lekuvam tiroidata kako sto napomenav veke 4-5 meseci i se si bese ok si primam terapija i koga odev na kontrola me prasuvase doktorkata dali imam nekakov problem so opaganje na kosata jas normalno i kazuvav deka nikakov nema i koga naednas sega pred 3 nedeli pocna da mi paga za sto ke odam da i se pozalam na doktorkata,pa mislev ako imal nekoj vakvo iskustvo za sovet kako go nadminal.tnx:smir:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Види вака сеа, на пример ако имаш проблеми со тироидата, ефектите на косата ке се појават по 3-4 месеци.
2. Ако пиеш многу антибиотици, односно долг временски период на косата ке се одрази дури по 6 месеци. И така натаму. Ме сфати? Значи на косата се се одразува подоцна, по месец два три..
Користи витамини, базирани на пивски квасец. Ете мерц ти се добри, ги опфаќаат сите витамини корисни за кожа коса и нокти. Ако си женско добро ке биде да корситиш пилфуд 2%. Прочитај на прва страна подетално за тој препарат.
И најискрен совет, оди кај докторката па кажи ни што ти рекла, таа го знае најдобриот лек нели? Поздрав.
 
Член од
2 март 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Немам ваков проблем , само колку за информација имам слушнато дека сојата помага за да не паѓа косата:toe:
 
Член од
25 април 2005
Мислења
162
Поени од реакции
5
Само што си набавив Saw Palmetto и одма забележав дека исто како и кај Finasteride-Proskar првичната намена му е лекување на простата.
Од аптеките на Зегин за 701 ден. 100 капсули ! Поздрав

Заборавив да прашам. :toe: Знам дека се зема по едно дневно, ама како пред јадење , после јадење или нема врска ??? Кој знае нека пиши ! Фала :salut:
Toa da imaat ista namena duri nekoj korisnici na saw palmetto imaat zabelezani slicno nus pojavi kako bolki vo testitsite no za zal mn vreva se kreva za ova bilka. Teoretski treba da deluva i protiv opaganje na kosa no za zal mal e brojot na korsnici koj zabelezale voopsto nekoj promeni. Kaj DHT blokerite kako Propecia ili Saw Palmetto rezultat se smeta ako uspees da ja zadrzis kosata od koga si pocnal so tremanot so sepak nekoj korisnici isto dobivaat pocvrsto vlakno i plus nekoe.

Немам ваков проблем , само колку за информација имам слушнато дека сојата помага за да не паѓа косата:toe:
Da sojata go namaluva nivoto na testosteron no za zal nema dovolno naucni fakti da gi potvrdat ovie informacii. Sepak sojata pomaga za podobro zdravje so e isto klucen faktor protiv opaganje na kosa
 

Wiche

шегобиец
Член од
22 декември 2009
Мислења
204
Поени од реакции
120
Dobra vi e temata se ubiv od citanje cel dn pa se resiv da pridonesam malku so nekoe licno iskustvo i da vi kazam pravo do pred edna godina nemav poima za presaduvanje kosa i tremani za sprecuvanje na kelavost...
Se pocna pred edna godina so eden kolega od hrvatska otidovme na odmor na tajland i covekot bese kelav vo predel na temeto so razmer kako Camp Nou i kaj zalistocite vo pomala mera pa se resi da presadi kosa.. Otidovme kaj doktorot i prvo sto gledase doktorot kolku i kakva mu e kosata vo predel na tilot od kade treba da se izvadi rasadot i bese prezadovolen bidejki kolegata ima dosta kvalitetna kosa vo toj predel i mu objasni deka samo ogranicen broj na grafti mozat da se presadat pri eden zafat i deka vo negov slucaj mozebi bi trebalo dvapati da mu se presadi.... se dogovorija za cenata i plati okolu 3000$ i procedurata traese eden den se pravi so lokalna anestezija i vednas go pustija istiot den i mu dadoa samo nekoi antibiotici za bolka i mu vrzaja calma na glavata i taka nekolku dena bese malku kako izdrogiran i veke cetvrtiot den mu gi izvadija koncite i mu rece edno dve nedeli da ne se opteretuva fizicki I toa bese toa.. Vo toj moment imase mala luzna od ediot kraj na ustie do drugiot vo predelot kade mu bese vadena kosata no bese skroz neprimetna i koga mu podrasna kosata vece ne se ni gledase.. samo mu go sjeba odmorot posto nemozese alkohol da pie i da se kape vo moreto... Kosata ne pocna vednas da raste duri po mesec dena imase malku kosa a po dva tri meseci pocnaa novi vlakna da se pojavuvaat i taka poleka vo petiot mesec veke mu go pokri temeto no seuste bese poretka vo odnos na drugite predeli na glavata...
Vo januari ovaa godina toj bese povtorno kaj doktorot i toj mu dade prpecia( finasteride 1 mg) i minoxidile 5 % za nekolku meseci da koristi i po pregled na glavata mu rece deka kosata dobro napreduva i deka maksimalniot efekt od transplatacijata ce se vidi do 8 meseci posle zafatatot..

Od togas istrazuvav na internet i go najdov http://www.hairlosstalk.com/ i se zapoznav podetalno minox i finasteride koi mu gi prepisa doktorot kako prevencija da ne mu opagja ostanatiot del od kosata koja ne e presaduvana za da ne izgleda kako iskubana kokoska a i jas resiv da probam da koristam minoxidile 5% kolku za preventiva posto imam malku zalistoci i retka kosa vo predel na temeto a i u genite i od dvete strani kelavi kolku sakas... za ona finasteride nema sansi da probam poradi stranicnite efekti a i mislu deka na vredi da si ga sjebes zivot za kosu pa kolko i ubavo da izgledas....
Kaj kolegata kosata napreduva super i nema stranicni efekti od finasteride..
Kupivme na amazon toj minoxidile 5% od kirkland za 45$ za cela godina i vitamini BIOTIN i MSM za koi citav deka pomagaat za rastenje na kosata pa da vidime kolku efekt ke ima.....
 
Член од
14 декември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
1
А доставувањето од amazon бесплатно е или !? Кој знае нека пиши како оди ! Фала !
 

Wiche

шегобиец
Член од
22 декември 2009
Мислења
204
Поени од реакции
120
А доставувањето од amazon бесплатно е или !? Кој знае нека пиши како оди ! Фала !
Neznam za u makedonija kako e dostavata i dali isporacuvaat jas narucuvam na APO adresa posto sum momentalno u Irak pa sumata za dostava e neznacitelna ili e besplatno vo zavisnost od produktot i nacin na isporaka..
Probaj na nekoi od evropskive amazon kako
http://www.amazon.de/
http://www.amazon.co.uk/

Mozebi tie isporacuvaat so prifatliva cena....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom