druze ti stigna li Spectralot??? Mene seuste ne...a go cekam veke 2 nedeli...i jas naracav i mi stigna Saw Palmetto i ke pocnam da gi pijam...mi zemaa u posta 72 denari za da si go podignam paketot...ali ne e bitno toa, bitno da ima efekti..
tebe kako ti se cini, ima rezultati nekakvi, bilokakvi?
pozz
Да ти кажам искрено, скоро и да се откажав од Spectral DNC, пошо толку многу чекање..... ама завчера еве ти го поштарот ми носи кутија
а јас изненаден, што ли ќе е ова... тоа да ти бил Spectral DNC. Па го отворив, прочитав упаство и веднаш ставив (морам да напоменам дека ич не ми се допаѓа мирисот, многу ми е гаден, а и течноста е доста густа) али како и да е мислам да продолжам да го нанесувам додека има, па ќе видам дали ќе покаже резултати во меѓувреме.
Иначе морам да се пофалам дека откако почнав да користам Alpecin C1 Шампон i Alpecin Лосион, некаде од половина на декември 2009, забележувам нови влакна на залистоците (сеуште бебешки) а и косата ми е подобра. Значи Alpecin користев додека ми стигна Revita шампонот и од тој момент (некаде 15 Јануари) го користев само шампонот Revita а и понекад ставав и од лосионот Alpecin (зошто многу ми се допаѓа, има убав мирис и се добива убаво чуство полсе нанесувањето и масирањето на скалпот) али од пред 10-ина дена тотално го прекинав лосионот (мислејќи дека евентуално може да има компликации со Revita шампонот) и незнам дали е психички или пак навистина, ми се чини дека само со користење на Revita шампонов има многу добри резултати. Како и да е, сега и Spectral DNC користам и очекувам уште подобри резултати.
Ви дадвам ветување дека откога почнав да ги користам препаративе, направив фотки од состојбата на косата, и планирам секој месец да правам нови, се надевам дека ќе имам добри резултати и ако имам ќе направам еден блог каде ќе ги објавам со се целата постапка, што и како сум користел и се надевам дека на многу луѓе ќе им помогнам со моето искуство, секако ако се движи во позитивна насока.
Поздрав