Ревита можеш да го купиш од
www.biovea.net - UK, таму е најефтин, али многу споро стига (незнам зошто, но најверојатно зошто не се плаќа за транспортот). Јас нарачав пред нова година, а ми стигна некаде на 28-ми Јануари (повеќе од месец дена чекање). Но морам да споменам дека многу ми се допаѓа шампонот и вреди да се купува и употрбува трајно.
Уште да напоменам дека краток период почнав да користам Finpros - KRKA (finasteride 5mg) generic Proscar. Нормално го сецкам на 4-ри еднакви делови и пијам по едно денвно, но после 10 дена користење осетив нус ефекти (депресија и импотенција) и прекинав да ги користам, зошто ме фати страв
)) . Иначе кај нас може да се набават за 935 ден. 28 таблети и тоа без рецепта (многу ефтино и препорачливо за сите кои користат други брендови). Значи откако го прекинав користењето на Finpros , си нарачав од интернет Saw Palmetto, и до ден денес ги користам, без оние нус ефекти кои ги доживеав од Finpros. Saw Palmetto ги нарачав од
http://www.health4youonline.com/lamberts_saw_palmetto_maximum_8564.htm и стигнаа за една недела, а ме коштаа околу 900 ден. 90 капсули (за траспорт не се плаќа) се пијат по 1 дневно, значи имам за 3 месеци терапија (прилично доста ефтино), а имаат приближно дејство како и Propecia без оние несакани нус ефекти, а се 100% природни.
Потоа вреди да напоменам дека во меѓуврме земам по 3 таблети Spirulina (3x500mg) и Омега3 ампули по 1 днево (1x1000mg) - ова исто помага за подобрување на виталноста на новата коса, но повеќе ги земам заради општо здравје.
Претходно пишував на форумов дека ќе користам и Minoxidil (немав одлучено за кој бред) но со доста читање на интернет, заклучив дека minoxidil-oт делува само на темето, додека на залистоците нема ама баш никаков ефект (а мојот проблем се залитоците и челото), така да одлучив - јок миноксидил
. Е сега ме мами само Spectral DNC-L (морам да напоменам дека нарачав и Spectral DNC кога нарачував и Revita, беа заедно во пакет, но за жал не ми стигна лосионот, туку само шампонот, ми рекоа дека покасно е пратен подари тоа што немало на лагер поради зголемена побарувачка - глупости маркентигшки). Значи Spectral DNC-L е најново достигнување во медицината и клинички докажано дека делува доста успешно и на залистоците, односно покрај тоа што делува на темето, делува исто успешно и на предниот дел од косата на главата. Сеуште сум во дилема, зошто овој лосион е доста скап - некаде околу 35-40 еур месечно, а како и многу други клинички докажани препарати се чини дека сакаат да ни ги ќарат парите и пак да си останеме без косата
)) значи ќе чекам да ми стигне овој веќе платениот, ќе го користам еден месец и за тоа време ваљда ќе имам искуство повеќе со него и ќе донесам одлука. За споменување е тоа дека Revita шампонот и Spectral DNC и DNC-L, ги произведува иста лабараторија - DS Lab.
Се надевам со моево искуство на некого ќе му ги разјаснам дел од дилемите, а исто така се надевам и некој мене ќе ми помогне да ги доразјаснам моите останати делими.
Поздрав до сите.