Нема никаква врска каматата со тоа кој би земал или не.Со поригорозни услови за одобрување на кредит се постигнува тоа,а не со 20% камата.Од лакомоста на банките и настана кризата.Скоро и да не треба да исполниш никаков услов.Еве кај нас продолжуваат со лакомоста,на пример во Стопанска единствен услов за подигање на кредит дури 5000 евра е да примиш плата 3 месеци по ред на нивна сметка.Доволно е платата да ти биде 15 000 денари.Ни документи од работа ни бутур.Се што ти треба е пенкало (кое они ти го даваат) и лична карта.Што ако си сезонски работник и си на договор за работа на 3 месеци?Ама алчноста го преовладува разумот.Никој не рече дека каматите треба да бидат 1% но што ако каматите на кредитите се намалат на 8 % а кредитите на штедењето да останат исти околу 4%?Знаеш само што ќе се смени?Наместо банките да остваруваат рекордни заработки од 23 000 000 евра ќе остварат заработка од 15 000 000 евра.Мислам дека ќе преживеат со 15 милиончиња а?
1.Каматите на штедењето се близу 8%, неакде и повеќе.
2. Ако каматите се намалат на 8%,
не значи и автоматска промена на разликата помеѓу пасивинтие и активните каматни стапки. Маргините се одредени од ризикот на кредитирање како и од конкуренцијата во банкарскиот сектор. Тука немам што да додадам освем дека ако се прашувам, ќе укиниме секаква гаранција за секаква банка, и ќе дозволиме основање банки из ракав... Така банки ќе пропаѓаат, многу нови ќе се отвараат.. Со време ќе се издиференцираат стабилни од нестабилни...Најбитно, целата држава ќе се диверзифкува и пропѓањето на банка нема да значи крај на се.
3. Приказни за тоа што е добар кредит а што лош кредит не врват - треба да се видат фактите, а фактите ги имаш на
www.nbrm.gov.mk за целиот банакарски систем и таму можеш да провериш и да видиш колкав процент од кредите се нефункционални, па после да бистриш дали 20% е разумна премија за ризикот или не.
Се согласувам дека каматните стапки на потрошувачките кредити се високи, ама побарувачката е висока исто така. Значи банките не се криви што ги стрижат луѓето со високи камати на потрошувачки кредити, луѓето се криви што земаат такви кредити т.е одат на стрижење редовно. Крајно која банка те присилила да земеш кредит? Како е кредитот нивна вина кога треба да поднесеш барање за да го добиеш ?! Нема сочуство кон недомаќинско задолжување! Инаку во финансиите ова стрижење се демнострирара со тоа што при промена на каматните стапки, побарувачката за потрошувачки кредити не се менува значајно - стучно кажано потрошувачките кредити се каматонееластични. Односно ова е една изјава на должниците дека не му е битна каматата.
4. И уште едена школска поука: Потрошувачките кредити, или малите кредити, имаат
највисоки трошоци по единица кредит,следствено и највисоки камати. Пример:Кредит на гранит од 50 мил евра кошта 1000 евра да се одобри, односно 1000/50.000.000 се трошоците, додека кредит на Ристе од Зрзе од 4.000 евра коштат 50 евра т.е 50/4000. Ристе мора да плати поќе оти трошокот по единица кредит е поголем.
5. Немам никаква симпатија кон неморалниот бизнис на фракционо банкарство. Ама truth be told,
банките не може да работат со 0% маргина во услови кога тие се тие кои го превземаат ризикот на кредитирањето.
--- надополнето ---
Прво за Телеком не ме интересира.Без разлика на тоа колку профит остваруваат цените на тел. услуги континуирано паѓаат.Овде муабетот е за банките и нивната лакомост.
Не сите земаат кредит за да купат телевизор или кола.Голем број земаат кредит (и јас сум еден од нив) за да си ги платат сметките.Јас нема да имам проблем да го платам кредиотот пошто е 1000 евра и засега каматите паѓаат.Меѓутоа безвезе е да обвиниш луѓе кои земале кредит во почетокот на 2008 кога каматите биле 10% и во рок од 6 месеци истите тие луѓе да се соочат со намалување на платата од 30% некои од нив добија и отказ,а истовремено банката им ги качува каматите на 20%.Да нагласам платите како на повеќето фирми во светот така и на повеќето во Македонија беа намалени токму поради кризата кога ја предизвикаа алчните банки.И секако на крај луѓето кои преку ноќ станаа робови на банката се виновни за неодговорност.
Дај ти се молам врати се во реалноста.Ова се вистински луѓе со фамилии и ова е реалната слика што им се случува од 2008 наваму.Додека фирмите како Макстил кои се мотор на Македонската економија доживеа огромни загуби поради кризата и мораше да отпушти 200 работници,а на останатите да им ја намали платата за 30% банките кај нас (спротивно од тие низ светот) остваруваат огромни добивки.Да,народот е неодговорен.
1.Најди начин да ги намалиш сметките а не да ги зголемиш со камата. Очекуваш големи пари да ти дојдат од некаде во иднина што си дозволуваш таков луксуз да финансираш тековна потрошувачка со идна плус камата? За жал ако ги плаќаш тековните сметки со идните примања си на неодржлива патека.
2. Секако дека се виновни затоа што станале робови. Јас познавам многу луѓе кои сите овие години јадеа повеќе компири него месо, штедеа на струја и вода, и не зедоа кредит и имаат пари на книшка во банка и тријат раце секој момент кога ќе се качат каматите. Луѓето можат да преживеат без кредит! Илузорно е да тврдиш дека кредиот е некоја животна неопходност. Кредитот не е леб! Кредитот е луксуз!
3. Ако луѓето биле малку попруденти и поконзервативни тие ќе барале кредит исклучиво со фиксна камата. Ако тоа било неможно тогаш требало да размислат за тоа кои се шансите каматите да се зголемат. Тоа е нивна одговорснот.
4. Во 2008-09 имаше инфлација од 8-9%. Дури и да го потрошиш целиот кредит на нафта и храна, ти пак имаш имплицитна камата од 8%-9% како резулат на тоа што ја купуваш нафтата/храната додека е поефтина. Значи од тие 20% номинална, реална камата се 10%-12%. Реална камата е номинална минус инфлација. Значи ако си се штител од инфлација со кредит, тогаш си платил само 10%-12% ефективно. Или од другата страна на медалот, кога ќе го вратиш кредитот, парите што ќе ги платиш ќе вредат 8%-9% од парите што си ги зел.
Да, печатна грешка.
И дај глупо е да ги правдате високите камати на кредитите со каматите на штедење.Колку Македонците им веруваат на банките после Македонска банка и ТАТ?Особено во времето на криза кога низ цел свет банките банкротираа,и сите трчаа да си ги повлечат парите од банка,вие ги правдате демек качени биле за да имале повеќе ќар штедачите.
2 милјарди евра во банките тврдат поинаку!
И конечно пристрасноста е очигледна, не си од штедачите туку си од должниците. Гледај побрзо да се префлиш на страната на штедачите, оти како што гледаш, времињата се подобри за нив.
Банкарите се виновни за кризата - да, поради печатењто пари на ФЕД. Ама банките на никого не му доставија дома барање да земи кредит. Обично е обратно, некој оди од нив и бара кредит.