Иванов деновиве ќе предложи нов гувернер

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Деновиве претседателот Иванов ќе го достави до Собранието предлогот за нов гувернер на Народната банка. Кандидатот за наследник на гувернерот Гошев, чиј седумгодишен мандат истекува во мај, Иванов ќе го предложи по интензивни консултации со бизнис и академската заедницата.

nbrmgolema_48671.jpg

Последниве денови сум во интензивни консултации со коморите, наставниот кадар и професорите и во согласност со рокот, деновиве ќе го предложам кандидатот за гувернер до Собранието - изјави Иванов.

Претседателот не откри кои имиња се во игра за идниот прв човек на монетарната политика на земјата. Во јавноста се шпекулираше со вицегувернерот Димитар Богов, но и со министерот за економија Фатмир Бесими и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Изминативе години монетарната политика на Народната банка и фискалната на Владата честопати доаѓа во судир.

Додека власта бараше полабави услови за кредитирање на стопанството, НБРМ спроведуваше рестриктивна политика за зачувување на стабилноста на денарот. Двата пристапи имаа и поддржувачи и противници во бизнис заедницата.

Дали ќе има промени во монетарната стратегија со доаѓање на новиот гувернер останува да се види напролет.
 
E7DA3CD755D3A043A82419C36D730ACE.jpg

Сега е ослабена 20кг,има долга црна коса и носи црни огромни рејбанки...изгледа подмладена 100 на сат.
Има енергија за уште еден потфат мислам,нели?!
 
Поздравете се со здравите пари, оти после ќе ги снема. Кој и да биди гувернер ќе печати 100%.
 
Оу мај .. Отиде денарот ! :jaj::tapp:

Поздрав друже Гошев ! :salut:
 
Да имаше во кладилница опција ќе ставев пари на Ставревски. Коефицинетот е мал. 1.05 ама тоа е. Мислам ќе бев во ќар.
Е сега тек ќе бидеме ко пинг понг државичка, со деспотство. Ем парите на дофат ем власт.
 
Значи доаќа Инфалција само колку нули ке му допишуваат на Денарчето наше
 
Барем бабиве пак ке бидат точни со миљардите...
 
Очекувајте Космодром во Мариово 2015 година. :vozbud:
 
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135285

Михаил Петковски звучи како најздрава варијанта од сите засега. Инаку како професор е мн добар, предававањата му се исто како на запад... (а има и предавано во САД).. Учебникот по ФПИ му е еден од подбрите на факс...Единствено прашање што останува е дали би се потчинил на владини/други интересни групи...
 
Јас лично за Професорот Петковски имам многу добро мислење.
Мене ме плашет други варијанти!
images
 
Прочитав дека претседникот дал предлог, Димитар Богов. Се утешив бидејќи за вицегувернер стасал благодарение на предлог од Гошев.
Ниту го познавам, ниту знам нешто за овој човек. Ќе морам да верувам дека е добар, ако сега футнат... начисто влегуваме во пропаст.
 
Добар професор е Михаил, ќе се сложам со томсасо дека учебникот е добар но и предметот е интересен па дозволува учебникот да е добар.

Сепак, не очекувам он да биде, али сигурно ќе биде некој близок на власта, а тоа ќе биде лошо...
 
Прочитав дека претседникот дал предлог, Димитар Богов. Се утешив бидејќи за вицегувернер стасал благодарение на предлог од Гошев.
Ниту го познавам, ниту знам нешто за овој човек. Ќе морам да верувам дека е добар, ако сега футнат... начисто влегуваме во пропаст.
И јас не го знам чоекот... Ама мислам дека самиот факт што ставивме екс-банкар на чело на печатница за пари е застрашувачки. (за пример како изгледа монетарната полтика кога банкарите се на чело, ете го ФЕД и САД). Не знаев дека за вицегувернер дошол на предлог на Гошев, што е позитивно затоа што Гошев е sound money тип. Сепак ќе видиме каде
ќе оди монетарната политка: стабилност на денарот и сигурност, или пак инфлациона-девалвациона смртоносна спирала надолу.
 
Мора да веруваме, тоа е нашата последна сламка, за неа се држиме 20 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom