Најдобра Интернет Понуда

Најдобар оператор

  • Вкупно гласачи
    91

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Што мислите кој оператор моментално дава најдобри понуди. Тука вкклучувам цена квалитет брзина стабилност и тн...

--- надополнето ---

еве ја прв гласам. според мене мислам дека кабелтел моментално се број 1. за 1000 денара добивам дигитална телевизија со 50тина канали од прилика, фиксна телефонија со 0 денара претплата каде што према кабелтел ми е 0 денара а према сите други ми е 0,9 денара минута и интернет од 200 гигбајти со добра брзина. На почетокот кога ми го инсталираа пакетот малку имав проблеми само со телефонијата али сега е ОК и се среди се.

Другиве не ги коментирам - во некоја наредна прилика !!!
 
Чекај малце, зборуваш за интернет, или за пакет од ТВ, Телефон и Интернет?
Пошо, зависи за шо ти треба, ако ти треба за фејсбук, доволна е понудата на Кајблтел, а ако ти треба за попрофесинолана работа ADSL не можиш да го споредуваш со ниеден од останативе.
Пример јас имам ADSL со 20 Мб/пс, и анлимитед трафик... и не можам да речам дека некој друг можи да ми го понуди ова...
 
T-Home Optic или ADSL. Конкуренција нема.
 
Ја иам T Home и многу многу ретко паѓа, а другиве слушам дека луѓе се жалат така да T Home викам
 
Јас имам one и едно време имаше доста проблеми ама сега еве од пред нова година неколу месеци па до ден денес нема паднато интернетот.Имав проблеми со антената нешто и изгледа за тоа правеше проблеми ама го средија тогаш и пиц пец ми е сега.Не паѓа, увек имам интернет, некад е спор ама важно има.Брзината на Download е мала и е максимум 125Kbs и ми е многу мака ама се навикнав.Не препорачувам one зашто викаат сите бил далеку подобар т-мобиле ама ако некој планираше да се пожали од оне да пишам барем дека кај мене се подобрија работите малце од малце...
 
Чекај малце, зборуваш за интернет, или за пакет од ТВ, Телефон и Интернет?
Пошо, зависи за шо ти треба, ако ти треба за фејсбук, доволна е понудата на Кајблтел, а ако ти треба за попрофесинолана работа ADSL не можиш да го споредуваш со ниеден од останативе.
Пример јас имам ADSL со 20 Мб/пс, и анлимитед трафик... и не можам да речам дека некој друг можи да ми го понуди ова...

правам муабет за се што опфаќа еден пакет но повеќе се фокусирам према интернетот а нормално и цената. е сеа ти кажи ми колку правиш месечно трансвер и колку пари плаќаШ?
 
Можеби се малце поскапи и слично, ама Т-хоме :) ретко паѓа,стабилен,брз... сега со Оптик пакетите,тоа е милина :) сепак мене доволен ми е 3макс 60гб :)
 
T-Home, никогаш не ми паднал, а и да падне еднаш-двапати годишно за 5-10 минути се враќа.
 
T-Home ја имаат најслабата понуда од сите. За брз не им е брз, 6 мегабита се малку. А пак во 3 макс е уште полошо, кога се пуштени телевизорите брзината се намалува. За стабилен не е стабилен, еве пола од странициве се отвораат половично па мора да притиснам F5 за да се отвори цела наново. И на крај цената. Најефтината понуда е 1000+ денари за едни бедни 15 гига сообраќај (600 денари интернет + 400 денари телефон кој мора да го имаш).

Кај и да е ќе ги баталиме од дома.

И оптиката не им е подобра. Ти даваат брзина од 20-30 мегабита и сообраќај од 60 гигабајти... Добар виц. Со 20 мегабита за 2 дена можат да се потрошат тие 60 гигабајти. Зборувам за пакетите со „понормални“ цени.
 
Прво оптичкиот нет на телеком е недостижен во однос на квалитет тука спаѓа брзина-стабилност + цена. Второ најди ми ЕДНА подобра понуда за оптика од другите "оператори" па да дискутираме. Трето во однос на трансфер политиката на Т е многу јасна, по одредено време се покачува трансферот и се намалува цената. Тоа е еднонасочно и не можеш да очекуваш покачување на цена или намалување на трансфер. Со ова имајте на ум дека реони во Скопје уште не се поврзани а тие што се поврзани се поврзаа пред само неколку месеци. По тоа се гледа колку се напредни.
Исто генерализација не држи вода. Ако кај некого има проблем не значи дека кај сите е така, и ако некој не е задоволен со 60гб не значи дека и другите не ги задоволуваат потребите, туку зависно од тоа што ти треба.

Иако не и местото ама и во однос на другите понуди се недостижни. Ако дигитална кабловска некој ќе спореди со IPTV ондак тука завршува дискусија.
 
доколку се мисли само на интернет, би гласал за Т-Хоме АДСЛ, го користев, и 5ка е.
ако се мисли на пакети, би гласал за Телекабел - за 1000 ден кабловска, интернет од 50 гига и фиксен телефон (сметката иди околу 1500 ден за 3тие, дури бев на Т-Хоме, за интернет и телефон плаќав мин 2300)
за кејблтел, оти нема во битола, не би коментирал
задоволен сум од телефонијата на телекабел, навистина е ефтино, 150 ден претплата, и 0,8 ден/мин преку цел ден во цела Македонија, + бесплатни разговори во телекабел, а од телеком и оне, телефонот е изгор :(
 
Прво оптичкиот нет на телеком е недостижен во однос на квалитет тука спаѓа брзина-стабилност + цена. Второ најди ми ЕДНА подобра понуда за оптика од другите "оператори" па да дискутираме. Трето во однос на трансфер политиката на Т е многу јасна, по одредено време се покачува трансферот и се намалува цената. Тоа е еднонасочно и не можеш да очекуваш покачување на цена или намалување на трансфер. Со ова имајте на ум дека реони во Скопје уште не се поврзани а тие што се поврзани се поврзаа пред само неколку месеци. По тоа се гледа колку се напредни.
Исто генерализација не држи вода. Ако кај некого има проблем не значи дека кај сите е така, и ако некој не е задоволен со 60гб не значи дека и другите не ги задоволуваат потребите, туку зависно од тоа што ти треба.

Иако не и местото ама и во однос на другите понуди се недостижни. Ако дигитална кабловска некој ќе спореди со IPTV ондак тука завршува дискусија.

Ти во телеком да не работиш?
Прво, се нуди ли воопшто пакет со 15 гига во 2011 и тоа по цена над 1000 денари?
Второ, се нуди ли воопшто оптика со ограничен сообраќај, без разлика која е цената?
Здравата логика ми вика НЕ. Крај на приказната.

А трето, дигитална кабелска + PVR уред = IPTV.

Или со други зборови, од телеком за 1000 денари можам да имам телефон + 15 гига. Од некој подобар кабелски оператор за 1000 денари можам да имам телефон + телевизија + 150-200 гига побрз и барем исто стабилен интернет. Тежок избор...
 
Најдобри интернет понуди имаат Cabletel и тоа е факт. T-Home сеуште држат монопол во местата каде што Cabletel немаат своја понуда, али верувам дека и тоа ќе се смени набрзо. Едноставно кажано, T-Home до пред 4 дена имаа интернет со највисока цена (ова сеуште го имаат), најмала брзина и најмал трансфер. Сеа нешто покачија ама не е доволно. Cabletel за многу помалце пари нудат брзини од 4 до 10 Mbps со 2-3 пати поголем трансфер од T-Home (и тоа веќе 1 година). Откога Cabletel ги купија Cable Fox и ја сменија мрежата никогаш не сум имал проблеми со стабилност. За 500 денари добивам 4/4 Mbps и 40 гига трансфер. По намалување на лимитот брзината ми се крати на 256/256 Kbps. До пред 3 дена T-Home сечеа на мизерни 64/64.
 
Како што е ситуацијава моментално најдобри се кабелтел, најдобри понуди и најефтини така да телеком и покрај овие покачувања пак се зад нив а и зад оне.
 
Тие што го споредуваат кејблтел со Т мислам дека не се доволно упатени и воопшто не ги знаат предностите на оптичкиот нет а и по се изгледа не користеле. Како ПРВО стабилност да споредуваш на бакарна линија на кејблтел е мизерно во однос на оптичко влакно. Во поглед на брзина пак нема споредба. За сето ова се плаќа цена која е на пристојно ниво а тоа што може да добиете е само покачување на лимит и на брзини кои можат да одат до 100мбс што на бакарна линија си има лимит так нормално и линијава станува нестабилна односно не поддржава. Ова значи дека простор за напредок има само Т другите се локални провајдери кои не можат ништо па пробуваат со 500че да нудат неквалитетен нет (кога има/кога нема).
Нека пушти еден оптички кејблтел па да правиме споредба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom