Што бараат атеисти на форум за религија?

F

Frankie Yale

Гостин
Проширеноста на христијанската религија е доста добро позната. Прво Римјаните од очигледни политички причини го прогласуваат христијанството за официјална религија. И по распаѓањето на империјата од варваските напади (источната преживува) се шири преку колонизирање... А кои се најголеми колонизатори??? Велика Британија, Шпанија, Португалија и Франција. А кои територии биле под Римската Империја? Галија, Британија, Шпанија... И ајде де мистерија е, да се чудиме зошто христијанството е распространето.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
abe ti ce me ucis religija sto bezbozniku
drugo religijata na maite e zasnovana na coveki zrtvi da se zadovolata bogovite na podzemjeto i na neboto da ja blagoslovat pocvata i rodot vo eden den imaat zrtvuvano okolu 10 000 lugje glavno zarovbenici vo megjusebnite vojuvanja na pleminata za teritorija a pred se za covecki zrtvi pred da kenjas citaj malku na koj nacin gi zrvuvale maite zarobenicite im go vadele srcveto gi obezglavuvale i gi frlale po skalite na piramidata se do podot a i samite mai si predvidel deka ce imaat teska sudbina ce dojde bogot Kuecalkatal (bel Bog kako go vikale ) odnsono Spancite toa ti e za niv
Drzavna religija se proglasuvat hristijasntvoto so milanskiot edikt 313 godina donesen od Konstantin Veliki koj od prakticni pricini ja ozakonil religijata koja vece sirum bila rasprostraneta vo svetot.
Vo hristijanska religija spagaa site religii koi proizleguvaat od nea
isto kako sto imas vo islamot
siiti sumniti i slicno a se temelat na ucenje na muhamed
drugo Paganizmot za osnova ja ima zrtvata kako najgolem dar na bogovite, vo hristijanstvoto postoi beskrvna zrtva
citaj fakti zapoznaj gi rabotite pred da tresis zeleni i razni sranja
Hristijanstvot be detule e 2000 godini ne e od vcera pa sega nekoj kako tebe da jade govna na forumov pa uste i da se prasvi pameten
Ратниче, прво научи да пишуваш кирилица. Тоа ти е мајчино писмо. Научи и граматика, за да може да ти се разбере постот.

Ќе те учам на религија, пошто ако си гледал филм за Маите, тоа не значи дека им ја владееш културата. А ќе те учам и за христијанството, пошто трескаш зелени во секоја реченица. Што е тоа што го даваат католиците у црква на миса?!? Нели е тоа „телото на Исус“, нели виното е „крвта на Исус“. Тоа што западното секуларно општество не дозволува жртвување на луѓе и' прави проблем на црквата, ама затоа таа го решава со жртвување јагниња (велигден), жртвување свињи (мрсни празници).

Ако маите жртвувале луѓе, што правело христијанството 800 години?!?! Колку жртви си го однеле подебелиот крај прогласени за вештерки и спалени на клада? Колку од нив биле мачени со најсадистички алатки. Колку „неверници“ страдале поради тоа што не верувале во приказната за Дедо Мраз во крстоносните војни?!? Колку народи биле збришани во име на Исус?!? Каде се сега ацтеките, инките и северноамеричките индијански племиња?

Ако веќе постираш бројки врз основа на холивудски филм (Апокалипто, нели), прво прокликај на тоа дигитронот за да не се срамиш и по математика, кога македонски не ти иде: Ако убиле 10.000 за еден ден, како прво, би останале без народ, пошто отприлика толку биле маите вкупно, второ, и да не е ова толку дебилно тврдење, требало да убиваат по еден чоек на секои 5 секунди без одмор. Слабо македонски, слабо математика, слабо христијанство. Седи, кецови!

Ширум распространета во светот во IV век?!?! Па ти мора да се шалиш Сигурно си комадос шегобиец. Де прочитај што имало по светот во 313 година и немој да го прескокнеш делот со улогата на од-тебе-презрената римска империја во ширењето на христијанството.

Христијанството навистина делува веќе 2000 години - додуше у повеќе од 5000 варијанти, ама нејсе - да речеме дека е една религија (што не е)

Ај да ви ја провериме жешчата конкуренција:

Будизам - 2550 години и супер му иде, без ниту една војна или срамна нечовечка, геноцидна дамка во својата историја. Провери.
Хиндуизам - 6 факинг илјади години - (6000 години) - пошто си математика ко што си - тоа ти е 3 пати (ТРИ ПАТИ) подолго од христијанството.

За исламот нети пишувам, пошто си најверојатно чувствителен на таа тема, ама сепак провери ги стапките на конверзија во Ислам споредени на оние на Христијанството.

После види што викаат најразвиените земји за важноста на религиите.

А ти, копиљ, другпут да седнеш и да прочиташ бројки пред да почнеш да се расфрлаш со нив наоколу.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Сто цивилизации - 100 табиети.

ne ja mesaj zlokobnata priroda na covekot i religijata
spored tebe znaci muslimanite se teroristi ili mozebi teroristi se nekoi verski poglavari koi pod zakrila na teskata sudbina na palestincite ja zloupotrebuvaat religijata i pravat samoubustveni napadi
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сто цивилизации - 100 табиети.

ne ja mesaj zlokobnata priroda na covekot i religijata
spored tebe znaci muslimanite se teroristi ili mozebi teroristi se nekoi verski poglavari koi pod zakrila na teskata sudbina na palestincite ja zloupotrebuvaat religijata i pravat samoubustveni napadi
Религијата е таа која дозволува делби, манипулации, лаги, подведувања, заплашување...

Кога ќе ја нема (која и да е) светот ќе биде многу подобро место за живеење.

Христијанството не е ништо подобро од исламот или од јудеизмот. Све е тоа исто манипулативно срање со истите функционери кои не сакаат да ја изгубат моќта врз простиот народ.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ратниче, прво научи да пишуваш кирилица. Тоа ти е мајчино писмо. Научи и граматика, за да може да ти се разбере постот.

od vakvi supci sto bi rekol frle gi ima na kupsita vo makedonija se pravat intelektualci procitale demek nesto sega ce ni drzat predavanja
kako prvo moe pravo e na koj nacin ce komuniciram i kakvo pismo ce koristam, zrtva vikas sto e osnova na veruvanjeto na Maite, Keltite, Kartagincite sekoj od razlicni pobudi (zrvuvale lugje) koj za zetva koj za udovoluvanje na bogovite koj za dobivanje na vojna samiot Agamemnon pred da otide da ja osvojuva Troja ja zrtvuval svojata Cerka za da ja dobie vojnata.
Vo hristijanstvoto nema krvna zrtva samiot Isus ja spomnuva pricesta znaci teloto negovo koe e simbolizirano preku lebot i krvta koja e simbolizirana preku vinoto znaci nema krv zrtva ubivanje na zivotno, nema kurban zrtva kako sto ima vo Islamot .
citaj ubavo pamti i ne seri gluposti na forumov
sto im pravele na prvite hristijanski zaenici smesteni vo takanarecenite Katakombi prvi crkovni zaednici koi se odvivale vo celosna tajna sekoj koj ce izjavel deka bil hristijanin ili praktikuval obredi hristijanski nasterogo bil kaznuvan razgledaja ja istorijata na ranoto hristijanstvo.
sto e hristijastvo kopile toa ti e religija cie ucenje se zasnova na nejziniot osnovac i propovednik isus po kogo go dobiva imeto.
vo sekoja religija ima nekolku podvidovi taka nareceni sekti vo prvo vreme koi posle toa prerasnuvaat vo religii.

za brojkite koi gi spomnuvas ima fakti posebno za zrvite na Maite vo eden dokumentrarec na Discoveri se spomnuva tokmu taa brojka i toa napravena kako rezultata na pomracuvanje na sonceto so cel da ne go izgubat bogot na sonceto gi zrtvuvaat site svoi zarobenici citaj (pilistar )Zarobenici fateni cisto za zrtva na bogovite . se gleda koi si ima problem so brojkite kolkav broj na naselenie imal najgolemiot grad na Maite kolkava im bila populacijata na istite pred da kenjas citaj The last powerful center of the Mayan civilization retreated northward to the Yucatan. Chichén Itzá became the center of power. Later and finally, the only Mayan strength remaining was in Mayapán. This was no doubt the last place on the planet earth where the center of a society was it’s culture and not its politics. The last chapters of the great Mayan civilization were written between A.D. 1100 – 1200. Then the book was closed except for an occasional post script .
It is calculated that in Honduras, in the late 1500’s, the population consisted of about 200 Spaniards and 200,000 indigenous peoples.
Samo seti se na sudbinata koja ja imal Neron tokmu za progonot na hristijanite , budizam hinduizam seto toa tie se filozofii i ucenja za zivotot a ne religii napravile li nekakvi cuda tie tvoi idoli koi gi spomnuvas smirili li bura na more im go vratile li vidot na slepite cita ja dobro biblijata pilistarce i ne mrci mnogu lugje ja davale glavata za religijata ti najde kopli eden da ni kazvis sto e religija sto e hristijanstvo,

--- надополнето ---

delbi kaj go vide toa ne znam nikade ne se spomnuva toa
manipulacii na sto gi zasnovas toa tie ne go koristat nitu go zloupotrebuvaat narodot tuku mu go podobruvaat zivotot so isklucok na nekoi sekti vodaci na kultovi ,
zaplasuvanje ? kade i od kogo se zasnova na slobodno veruvanje na narodot
generalno zemeno od aspekt na hristijanstvoto nema takvi slucai posebno za delot na ortodoksnoto ili nase pravoslavno hristijanstvo koe ni e vtemeleno vo nasiot makedonski koren
epten si cital Marksisiticki knigi ti go isprale mozokot si pocnal da razmisluvas kako Karl Mars
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
od vakvi supci sto bi rekol frle gi ima na kupsita vo makedonija se pravat intelektualci procitale demek nesto sega ce ni drzat predavanja ...
Се мучев, се мучев, ама ти го исчитав постот цел. Нешто што е очигледно дека ти не си го направил со мојот.

1. Ако сакаш луѓето да те разберат, користи кирилица - не е тешко - и научи точки и запирки каде се ставаат, пошто македонски ти е мајчин јазик.

2. Прочитај ја дефиницијата за религија, па потоа дојди назад тука за да си ги изедеш сите гомна што ги посра за маите, инките, хиндусите и будистите кои ги нарекуваш не-религии. Срамота е толкаво магаре да не прави разлика.

3. Дали е жртвата симболична или фактичка - жртва е! Прочитај си ја Библијата, за да витиш твојот Јахве какви жртви бара да му се принесуваат. Прочитај и што барал од Аврам да жртвува. После врати се, да позборуваме за жртвите во христијанството и за мрачниот среден век.

4. Неколку подвидови?!? Неколку?!? http://churchrelevance.com/qa-list-of-all-christian-denominations-and-their-beliefs/ Знам дека не кликаш по линкови, плашејќи се да не научиш нешто случајно, па затоа да ти кажам нешто од што ќе ти се заврти во главата: Во моментот во светот има околу 39.000 (со зборови: триесетидевет илјади) варијанти на христијанството. Твоето православно христијанство покрива само 5% од сите христијани во светот. Да си знаеш, за да не се чаталиш со „најраспространета“. Исламот, како за споредба има помалку од 10 (со зборови: десет)

5. Ако праиш муабет за бројки, „глеав еден документарец“ е исто као „Ја не сум јадел мисирка, ама брат ми глеал низ прозор како јадат, па знам“: http://en.wikipedia.org/wiki/Tikal Претпоставуваниот број на жители е 45.000. Замисли како овие 45000 масакрираат 10.000 за едно деноноќие. Замисли како изгледа армија од 10.000 заробеници. Замисли колку крв ќе истече од 10.000 декапитирани луѓе во едно деноноќие. После врати се да збориме за големиот масакр на маите. Само не заборавај да прочиташ нешто за инквизицијата.

6. Остај што не знаеш математика, него ни историја не си сјаен, пошто „It is calculated that in Honduras, in the late 1500’s, the population consisted of about 200 Spaniards and 200,000 indigenous peoples. “ кажува дека везе немаш од историјата на централна америка. Ова што си го залепил се претпоставени бројки од XVI век. Маите одамна биле минато. Си се збунил.

7. Научи што е религија, пошто пак се срамиш со исти глупости. Хиндуизмот е 6000 години стара РЕЛИГИЈА. Може христијанството вода да му носи во секој поглед. Многу од мотивите во христијанството влечат корен токму од Хинду приказните. Прочитај малку и за тоа што правел Исус од 12 до 30 години, каде шетал и од кого учел.

8. Магиите на Исус (да: магиите) се приказни за деца. Зарем стварно веруваш дека одел по вода, дека станувал мртви, дека од вода правел вино?!?! Истите овие мотиви ги има во митологиите врз кои се составувабо христијанството: Митраизмот, Зороастранизмот, сумерската митологија. Приказната за Лазар е украдена од египјаните (тоа е приказната за Хорас), приказната за Рајската градина е сумерскиот Еп за Гилгамеш... Во самиот стар завет го имаш Јосиф, кој е прототипот за Исус. Мојсие е краден од Египјаните. Речиси ништо во приказната за Исус не е оригинално.

Земи, ратниче безобразен, прочитај ги останатите „свети книги“ за да видиш кој од кого што украл и не туку се чатали со фалби за една од најопресивните религии кои човештвото ги измислило досега!!!

Од Маркс немам уште прочитано ништо. Библијата, извадоци од Куранот и нешто од Ведите ми беа доволни за да видам колку е саат. Ако не ти е страв, нели.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Религијата е таа која дозволува делби, манипулации, лаги, подведувања, заплашување...

Кога ќе ја нема (која и да е) светот ќе биде многу подобро место за живеење.

Христијанството не е ништо подобро од исламот или од јудеизмот. Све е тоа исто манипулативно срање со истите функционери кои не сакаат да ја изгубат моќта врз простиот народ.
Абе ајде ДОЗВОЛУВА??? Ова според писанието на Dback? Не ставај во забелешка на било која религија свое мислење. Ниедна религија официјално не прокламира делба, ниту непријателство од било каков вид. (барем за христијанството можам тоа да го тврдам и за будизмот)
Читам и за инквизицијата имаш напишано. Значи конкретно за христијанството. Никој не вели дека не било злоупотребувано. Било и е , и секогаш ќе биде. Од тој факт нема бегање. Тие години се сторени едни од најголемите злодела во човештвото од страна на свештенството. Има неколку причини кои може да се земат во предвид, зошто манипулацијата со народот била толку голема за тој (народот) да ги оправда тие постапки. Прво ниво на образование, и разбирање, сиромаштија и страв. На неначитана маса, која сама не може да прочита и да разбере што проповеда навистина нејзината религија не и преостанува ништо друго освен да зависи од во тоа време ретко писменото свештенство.
Друга работа, религијата се користи како оружје за заведување на маси. Овде онде ќе се најде некоја вжештена глава која ќе пропагира работи кои немаат врска со ничие верување и човекот ќе се закачи за свети војни и слични активности, тоа не значи дека сите ја утнале поентата, туку дека секогаш ќе има некои кои се лесно запаливи.

Човештвото нема никогаш да се оттргне од верувањето и религиите, барем не до оној момент кога конечно не ја дознаеме причината за нашето создавање и постоење. Ниту науката ниту религијата се уште не издвојувале конечна победа околу настанокот, зашто резултатот се уште не е познат. Јас сметам дека овие две нешта ќе се пресечат во една точка. Значи не негирам ни едно ни друго. Друга работа, свет без религија и верување не е по дифилт мирнодопски свет. Доколку религија не би постоела, човештвото повторно би нашло некоја силна причина да оди на себенегација и разурнување. Не е проблемот религијата значи, туку самиот човек.
Го занемаруваш фактот дека многу луѓе заради религијата морализираат поподоробно. На светов има вакви и такви, некој има вроден морален код, на некој му се изградува низ животот. Казната е секогаш мотив за човековото однесување. За еден највисока казна е затвор, за друг Божја казна, пекол, ад, како сакаш наречи го. Сакам да ти кажам немаме сите иста духовна матрица. Јас сум теист и воедно пацифист. Ниеден свештеник не може да ме убеди дека треба да земам ножот и да му го забодам на атеистот, муслиманот итн. Не може, зашто моето верување не се базира на неговото убедување. Приказната е мноу поголема. Истите тие луѓе кои мислиш дека се лесноманипулативни заради религијата (што јас не го негирам), по било кое прашање се лесноманипулативни. Па така ако не религијата, национализмот на пример лесно би се вплотил од авторитети во нивните глави и тие пак би носеле нож на појас.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако добро те разбирам, викаш дека:

1. Религиите се ОК. (намерно стаив множина)
2. Луѓето се оние кои манипулираат - а религијата не.
3. Човештвото никогаш нема да батали религии
4. Некои луѓе се со вроден морал, а некои не,
5. Казната е секогаш мотив за човечкото однесување, и
6. Некои луѓе полесно се манипулираат од други

Ако е ова тоа (исправи ме, те молам, ако сум згрешил во некое) тогаш јас би рекол вака:

1. Сами по себе, како филозофија на живеење секако дека се ОК. Ниту една жива религија (како филозофија) не пропагира агресија - точно. Сепак, ќе се сложиш манифестацијата на Јудео-христијанско-исламската религија многу повеќе се помни по злосторот, отколку по добрините кои им ги донела на своите поданици. Ако некој живее според некоја филозофија, мене тоа никако не ми смета. Она од што се гнасам е манипулацијата на институциите кои одамна ги узурпирале овие религии и ги толкуваат, прилагодуваат и користат за да владеат со умот и дејствата на поданиците. Ова, не можеш да го оспориш, бидејќи и самиот го пишуваш во постот. Ниту една религија не пропишува ритуали, догми и коленичење - тоа го пропишуваат институциите кои манипулираат со религиите. Биди си ти христијанин во душа - јас немам проблем со тоа, АМА кога ќе ми кажеш мене дека сум јас православен дека сум роден у МК и уште кога ќе ми кажеш дека ќе горам во пеколот заради тоа што не верувам у детски приказни, е тоа не можу да го слушам. Огромен дел од верниците се верници од СТРАВ, не од љубов кон Јахве.

2. Не се сложувам. Институционализираните религии преку своите институции се оние кои манипулираат со своите поданици. Нема муабет. Тие луѓе кои манипулираат не би можеле да го прават тоа доколку не постоела религиската институција зад нив!

3. Те молам погледни ги статистиките за религија. Религијата УМИРА!!! Развиените земји (освен САД) се' повеќе ја маргинализираат заради тоа што е ветва и недоволно вистинита, да не рачам наочиглед лажна. Секако, сеуште постојат неуки луѓе на кои може да им се продаде, сеуште постојат разочарани луѓе на кои им треба, и, секако, сеуште постојат само-несвесни луѓе кои мислат дека Господ ќе ги пази да не направат некоја голема глупост во животот. За да не се осетиш лично навреден, сакам да ти го кажам и ова: Јас немам збунка помеѓу термините религиозност и духовност. Првиот е замена за вториот за оние луѓе кои немаат капацитет да стапат во контакт со својата спиритуалност. Верувам дека ти не си еден од нив. Затоа и ти викам: верувај си ти интимно во што си сакаш, расти духовно и шири си видици, но немој да мислиш дека приказните за Јахве, Еденската градина, Арката на Ное, инцестот меѓу децата на Адам и Ева и оние од фамилијата на Ное можат да поминат како некаква вистина. Денес, кај едуцираните разбрани луѓе - никако!

4. Не постои човек со вроден морал. Ова е уште една манипулација на институционализираното христијанство (Христијанските Цркви). Не постои категорија „ВРОДЕН МОРАЛ“. Моралот е типичен за секоја заедница на луѓе. Моралот у с. Чашка и во Центарот на Скопје не е ист. Да не зборуваме за разликите во моралот во New York и во Северна Кореа или Боцвана.

5. Не е точно. Казната не е единствениот мотив. Најсилниот мотив е признанието. Нешто што никогаш нема да го добиеш од религијата. Од ниту една! Тоа што христијанството ја држи казната како најсилно оружје ме тера на повраќање. Погледни ги напредните општества. па после погледни им ги законите, па после погледни што е тоа што ги прави напредни. Никогаш тоа не е казната туку признанието и наградите кои ги дава на своите истакнати членови. Христијанството единствено ветува награда која никој досега не ја добил! Ниту пак некогаш ќе ја!

6. Точно. Занаеш ли кои се манипулираат? Неуките и простите луѓе. Затоа погледни ги статистиките. Не сакам овде да се фалам за тоа колку сум јас паметен (тоа си го знам ;)) Сакам верниците конечно да почнат да си поставуваат прашања од типот: „Зошто само 17% од Швеѓаните се религиозни?“ или „Зошто јапонците се најнапредна нација?“ или „Зошто субсахарна Африка има толку војни, болести и ниско ниво на образование кога се толку религиозни (99.9%)?“
 
Океј горе долу се согласуваме за првава точка (бај д веј женско сум..:)). Не ми е јасен овој дојам само дека некој ти наметнал дека си праволсавен по дифолт само зашто си роден во МК. Еве јас сум контра таа теза. Јас стојам на стојалиште дека човекот се раѓа како табула раза, а потоа се оформува согласно околината и фактите кои сам ги зема како релевантни и со тоа си го оформува (не)верувањето. Што значи ова огромен број. Кои се тие луѓе? Јас барем никогаш не сум чула од верник дека е верник заради страв, јас лично не сум верник заради стравот, туку заради љубовта, мирнодопската природа на христијанството и ред други работи кои немаат допирна точка со стравот. Околу институциите. Јас стојам на ставот, дека тие му ја направија најголемата противуслуга на христијанството и во мнозинството случаи се причината поради која атеистите го гледаат христијанството како институционализирана религија. Ги почитувам како симболи, но стојам на мнение дека христијанството е многу повеќе од објект-црква, луѓе во одежда и литургии.

2. Не се сложувам. Институционализираните религии преку своите институции се оние кои манипулираат со своите поданици. Нема муабет. Тие луѓе кои манипулираат не би можеле да го прават тоа доколку не постоела религиската институција зад нив!
За ова подобјаснив во точка еден. Институцијата е составена од луѓе Dback. Луѓето ја утнуваат работата. Тоа не го прави ниедна религиозна книга или пак тула врз тула изграден храм.

3. Те молам погледни ги статистиките за религија. Религијата УМИРА!!! Развиените земји (освен САД) се' повеќе ја маргинализираат заради тоа што е ветва и недоволно вистинита, да не рачам наочиглед лажна. Секако, сеуште постојат неуки луѓе на кои може да им се продаде, сеуште постојат разочарани луѓе на кои им треба, и, секако, сеуште постојат само-несвесни луѓе кои мислат дека Господ ќе ги пази да не направат некоја голема глупост во животот. За да не се осетиш лично навреден, сакам да ти го кажам и ова: Јас немам збунка помеѓу термините религиозност и духовност. Првиот е замена за вториот за оние луѓе кои немаат капацитет да стапат во контакт со својата спиритуалност. Верувам дека ти не си еден од нив. Затоа и ти викам: верувај си ти интимно во што си сакаш, расти духовно и шири си видици, но немој да мислиш дека приказните за Јахве, Еденската градина, Арката на Ное, инцестот меѓу децата на Адам и Ева и оние од фамилијата на Ное можат да поминат како некаква вистина. Денес, кај едуцираните разбрани луѓе - никако!

Религијата пак ќе кажам нема никогаш да умре. Ова е чиста небулоза. ( И државата чекаме да умре ама ете никако да умре, ова само како спорадичен пример). Тоа ти го говори секоја етапа од развојот на човекот. И тука нема факт што ќе ја побие потребата на човекот да бара помоќен авторитет од себе (зборувам во религиозна смисла). Без разлика колку ќе опстојува човештовото таа алка ќе биде секогаш присутна. Во претходниот пост кажав, вистината за потеклото и создавањето на човекот се уште е енигма. За ова околу духовноста и религиозноста. Точно, не мора по дифолт да се подудруваат едно со друго. Но, во повеќето случаи религијата е поттикнувач на духовноста. Што мислиш што може да ја поттикне духовноста повеќе од религијата?
Друга работа, ти можеш да зборуваш само сам за себе како и јас за мене. Ова со повеќето едуцирани и разбрани луѓе ти е став кој со ништо не можеш да го поткрепиш. Демек по дифолт едуциран човек е атеист и обратно? Тешка глупост. Гледам дека Библискиве приказни ги сфаќаш буквално. Нормално дека не верувам во инцестот, многу од приказните за создавањето се симболика и парабола.

4. Не постои човек со вроден морал. Ова е уште една манипулација на институционализираното христијанство (Христијанските Цркви). Не постои категорија „ВРОДЕН МОРАЛ“. Моралот е типичен за секоја заедница на луѓе. Моралот у с. Чашка и во Центарот на Скопје не е ист. Да не зборуваме за разликите во моралот во New York и во Северна Кореа или Боцвана.

Со ова се согласувам, не постои вроден морал. Ќе се корегирам зашто не сум ја доловила конкретната поента како што треба. Мислата ми беше дека кај многумина религијата помогнала да се развие морализирањето, се јавува значи како поттикнувач.

5. Не е точно. Казната не е единствениот мотив. Најсилниот мотив е признанието. Нешто што никогаш нема да го добиеш од религијата. Од ниту една! Тоа што христијанството ја држи казната како најсилно оружје ме тера на повраќање. Погледни ги напредните општества. па после погледни им ги законите, па после погледни што е тоа што ги прави напредни. Никогаш тоа не е казната туку признанието и наградите кои ги дава на своите истакнати членови. Христијанството единствено ветува награда која никој досега не ја добил! Ниту пак некогаш ќе ја!

Ова со мотивов е повторно работа која ја тресеш од ракав. Човештвото е стигнато до степен кога може многу подобро да рационализира ( а за што му беше потребно многу долго време), па така да бараш признание е нешто што денес се коси со човековата мисла кога е било што духовно во прашање. Мојот мотив е зашто ми одговара христијанството во секоја смисла. Пропагира добро. Е сега ако некоја институција се дрзне да ми противречи и да ме убеди дека треба да убивам во името на Бога можам во тоа не може да ме убеди. Писмена сум. Рационализирам. Што значи никој не може да ме убеди во фактите кои според мене се конечни.

6. Точно. Занаеш ли кои се манипулираат? Неуките и простите луѓе. Затоа погледни ги статистиките. Не сакам овде да се фалам за тоа колку сум јас паметен (тоа си го знам ;)) Сакам верниците конечно да почнат да си поставуваат прашања од типот: „Зошто само 17% од Швеѓаните се религиозни?“ или „Зошто јапонците се најнапредна нација?“ или „Зошто субсахарна Африка има толку војни, болести и ниско ниво на образование кога се толку религиозни (99.9%)?“
Бинго. Еве ја дрскоста на атеизмот, која најмногу ми пречи во секоја дебата. Ова е 21 век, време кога човештвото е најслободоумно и нема наметнување. Во било која претходна доба можеш да ми зборуваш за неуки и прости луѓе. За оваа не можеш. Имаш писменост и рационализирање на повисоко ниво од било кога. Па тогаш кои се тие неуки и прости луѓе. Наброј ми земји (христијански) во кои има војни до недоглед, или е тоа лична дискредитација која ја вадиш од ракав за секој верник. Балканот неук и прост ли е?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Религијата е таа која дозволува делби, манипулации, лаги, подведувања, заплашување...

Ај да видиме дали си во право:
„...Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура...„ (Матеј, 12.30).

Очигледно е дека сите кои Го намразија Христа, станаа растурачи...А сите кои се со Христа, Он ги прибира.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Балканот неук и прост ли е?
На балканот му плакаа мајката луѓето, национализмите и криминалот а не религиите. Некој да води битка во име на Исус не значи дека навистина ја води во Негово име.
Јас во име (малку лев пример, но прост за да го сфатат сите) на Обама или Иванов да удрам некого по глава или отепам, не е Обама виновен, нели :)
Башка кога ги споменав наназад војните и бројките загинати (милиони и милиони и милиони...) од "нерелигиозни побуди", некој чинам ме заќуте као -доста со тие војни. Ако не, да продолжиме со бројките и обвинувањата?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ај да видиме дали си во право:
„...Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура...„ (Матеј, 12.30).

Очигледно е дека сите кои Го намразија Христа, станаа растурачи...А сите кои се со Христа, Он ги прибира.
Па ова ти е елементарна поделба, бе, Мики. Што има поподелбено од ова?!? „Ако не си со нас, тогаш си против нас“ Вака и Грујо не' дели више неколку години. Вака и религиите делат: „Вакви и онакви“, „наши и нивни“, „избрани и заебани“...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па ова ти е елементарна поделба, бе, Мики. Што има поподелбено од ова?!? „Ако не си со нас, тогаш си против нас“ Вака и Грујо не' дели више неколку години. Вака и религиите делат: „Вакви и онакви“, „наши и нивни“, „избрани и заебани“...
Не бе, туку религиите се или Божји и вистинити или лажни и демонски...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бинго. Еве ја дрскоста на атеизмот, која најмногу ми пречи во секоја дебата. Ова е 21 век, време кога човештвото е најслободоумно и нема наметнување. Во било која претходна доба можеш да ми зборуваш за неуки и прости луѓе. За оваа не можеш. Имаш писменост и рационализирање на повисоко ниво од било кога. Па тогаш кои се тие неуки и прости луѓе. Наброј ми земји (христијански) во кои има војни до недоглед, или е тоа лична дискредитација која ја вадиш од ракав за секој верник. Балканот неук и прост ли е?
Што ти бре на тебе?!? Како нема наметнување во 21 век? Се читаш ли што пишуваш? Светот е поделен религиски, имотно и културолошки! Кое човештво е слободоумно? У Боцвана слободоумни ли се? Тука кај нас, кој е слободоумен?!?! Едните се ВМРО и не смеат да писнат пред фирерот, а другите се СДСМ-ОВЦИ и препотентно си драпаат газот и презриво гледаат сеир. Кој е тука слободоумен?!?! Никој глава не смее да дигне или да повиши тон. Сите се клањаат на авторитети кои од километар се гледа дека се лажни, корумпирани и наместени!

Нема неуки и прости луѓе?!?! Види ни го просекот на екстерното оценување - цели школи имаат просек 2 (ДВА - доволен) - Луѓе кај нас не знаат името да си го напишат, мислат дека „превентива“ е старогрча божица, а четврта година матуранти ме прашуваат што значи фактографија. Луѓе мислат дека „потенцијално“ значи „заразно“...

Балканот е неук и прост. Да си знаеш, а богами и да си провериш. Да не беше прост и неук немаше да бидеме во вакви гомна во кои пливаме веќе две децении.

А за она со тресењето од ракав, бујрум слика на христијанството во светот, со посебен акцент на субсахарна африка каде „има христијански војни до недоглед“:

Инаку, за информација, САД се непрестајно во војна од 1943 година. НАЈХРИСТИЈАНСКАТА земја во светот! 70 години испраќа технолошки надмоќни гладијатори да војуваат во име на „СЛОБОДАТА“ и во име на ГОСПОД!

Човештвото е можеби слободоумно, но види кои се слободоумните луѓе. Прашај колку од нив се посветени верници. Аза да не се мачиш многу, еве еден шаренолик приказ, за полесно разбирање:

„Дрскоста на атеизмот“ викаш, а? Епа друже, стварно доста се 2000 години лаги, лажни ветувања и делби според имагинарни пријатели. 2000 години се врши тортура врз слободоумните луѓе кои не признаваат догми и не трпат лаги. Повеќе од 200 години атеистите се „поучуваат“ „да не ги навредуваат чувствата“ на верниците!!!

Какви чувства бе?!?! Дали мене некој ми ги пазел и чувал илузиите за Дедо Мраз?!?! Дали некој ме охрабрувал да верувам во Спајдермен?!?

Каков е овој муабет!?!?!

Јас го разбирам вака: „Остави ги верниците нека си веруваат, пошто не се спремни да го прифатат светот каков што е!“

Или ајде вака: Ако син ти на 18 години сеуште мисли дека децата ги носи штрк (недајбоже), дали ќе му кажеш ли дека не е во право? Дали ќе му кажеш како стојат работите???

--- надополнето ---

Не бе, туку религиите се или Божји и вистинити или лажни и демонски...
Абе, чоек!

Поделба е: „Ако не си со мене, тогаш си против мене“

ОВА Е ПОДЕЛБА!!!

Не ли разбираш?!?!

Секоја религија дели. Дели на оние кои и припаѓаат и СИТЕ ОСТАНАТИ кои не се ОК!!!

Кој дел не ти е јасен со поделбите?!?!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кој дел не ти е јасен со поделбите?!?!
Ова прашање упати си го сам на себе, оти во цитираниот стих, наведов Кој Е Тој кој собира и кој (кои) е тој кој растура. Тоа значи дека Христос дојде на не собере во Неговата заедница, а кој не сака да биде Христов, самиот себе се квалификува за растурач. Затоа, не ја барај кривицата кај Христа, оти Он е собирачот, туку барај ја кривицата кај себе...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom