Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Губи. Карја е само просечен играч кој нема шанси да напредува и од друга страна да придонесе за играта на Интер ако влезе од клупа(против јаки екипи). Додека да речеме Оби, е млад и перспективен играч кој може многу повеќе да биде корисен во иднина од еден Карја кој што го купуваат за на клупа.

А Бенитез ги играше Нванкво, Наталино и компанија поради повреди. Според мене единствено Оби треба да добива повеќе шанса моментално од младиве играчи.
А што сакате вие, Манчестер Сити и Реал да изиграваме па кој ќе се покаже добро да го земеме за 30 милиона, и за две сезони (максимум) да го пратиме на позајмица или да го продадат на рати за пола цена?

Карја е супер играч бар за клупа, иако докажа дека игра многу подобро и од Мунтари, Станковиќ и Марига заедно. Мене пријатно ме изненади, најискрено, башка универзалка е, ги покрива сите позиции во средина. Што му фалеше на Мота или Милито кои дојдоа од Џенова?

Како процени дека Оби е добар? И Сантон беше добар и сите се палевме на него, ама еве видовме кај заврши.

--- надополнето ---

П.С. Го виде некој Балотели кретенот што правеше 50 минути?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.900
Поени од реакции
44.848
Проблемот ваљда им е што Интер инвестира за клупа, не за прв тим, прерано се носат заклучоци, Карја воопшто може и нема да дојде, почекајте малце...
Мене искрено ептен ме интересира како ќе постапи тимот ова лето и дали ќе вршат драстична промена во средниот ред каде се убедливо најслаби, или пак ќе истераат споро и анемично.
Од наредна сезона со истиов костур во среден ред немаат теоретска шанса да загризаат за било кој трофеј, минимум 2ца фудбалери се потребни за тој дел од теренот, минимум.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
А што сакате вие, Манчестер Сити и Реал да изиграваме па кој ќе се покаже добро да го земеме за 30 милиона, и за две сезони (максимум) да го пратиме на позајмица или да го продадат на рати за пола цена?

Карја е супер играч бар за клупа, иако докажа дека игра многу подобро и од Мунтари, Станковиќ и Марига заедно. Мене пријатно ме изненади, најискрено, башка универзалка е, ги покрива сите позиции во средина. Што му фалеше на Мота или Милито кои дојдоа од Џенова?

Како процени дека Оби е добар? И Сантон беше добар и сите се палевме на него, ама еве видовме кај заврши.
Не пишав нигде 30 милиони, пишав Оби.

И никогаш не можеш да знаеш каков играч ќе биде, може ќе го упропастиме само, нели? Јас бев убеден дека Иниеста е дрво и дека од него нема да биде играч, но...
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Не пишав нигде 30 милиони, пишав Оби.

И никогаш не можеш да знаеш каков играч ќе биде, може ќе го упропастиме само, нели? Јас бев убеден дека Иниеста е дрво и дека од него нема да биде играч, но...
Tака иде зборот, не дека рече 30 милиони. :) Но, за класа играч во прв тим толку се потребни.

А ако се потпираме на Оби како што се потпиравме на Кутињо и Сантон, ептен ќе се потпреме. :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Tака иде зборот, не дека рече 30 милиони. :) Но, за класа играч во прв тим толку се потребни.

А ако се потпираме на Оби како што се потпиравме на Кутињо и Сантон, ептен ќе се потпреме. :)
Пак ти класа играч :) Не барам класа играч за клупа, за клупа сакам некој кој во иднина може да биде првотимец, зашто со ФФП како ќе успееме да биде конкурентни ако на клупа имаме старци, а во првиот тим ќе треба да купуваме ѕвезди од 20 милиони што нема да биде возможно :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.900
Поени од реакции
44.848
Eве и статија од fcinternews од денес, ко главна им е стаена сеуште, за ФФП, тоа и ја тука што го зборев за анемичноста од инвестиции ...
Јебига, дојде период кога ќе се прават вакви жртви, јас претпоставував дека тоа ќе биде само едно лето и сеуште стојам на таа претпоставка иако за сега нема некоја посериозна најва за здраво инвестирање во иднина, а и бајаги млади играчи се донесоа периодов па тоа е можеби и потврда плус контра мојата претпоставка.

Искрено, нека идат на или џа или бу ебаго, трето нема, во топ5 клубови се со продажба на дресови, нека удрат на некој ко Агуеро па што биде-биде, или ќе се покаже ко фудбалер, ќе '' разара '' и ќе стане икона за тимот, или ќе се поебат ко со Кварезма, искрено, само за некој ваков мислам дека тимов може да фрли јака пара, не верувам дека за некој ко Санчез ќе дадат 30м евра.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
^Нема ништо посебно во статијата за ФФП, сите сме свесни дека во Англија се фрлија пари во празно. Исто и сме свесни дека Ранокиа беше добар трансфер, но очекуван веќе година дена.

За младите играчи, мислам дека е стварн контра твојата претпоставка, од она што до сега е направено и она што Благој ми го има зборено мислам дека Интер ќе се фокусира повеќе на младите кои се едни од најдобрите во Италија, само треба да им се даде шанса, да играат и играат, а не да се купуваат Мунтаровци кои нема да придонесат ништо во иднина. Затоа и го спомнувам Оби кој што веќе покажа дека е добар на својата позиција, сигурно има 3 пати повеќе талент отколку Гатузо на негови години(за Гатузо еден играч од времето кога играше во Ренџерс, не ми текнува кој беше но беше познат, изјави: Да ми кажеше некој дека Гатузо ќе биде Светски шампиони и ќе освои ЛШ ќе го сметав за луд човек), само што овој добил шанса. Се надевам дека од другата сезона ќе му биде замена на Камби и Занети(иако овој вториов треба да биде на клупа).
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.900
Поени од реакции
44.848
Статијата стриктно ја ставив зашто и таму се споменува дека ќе намалат со скапите инвестиции фрлањето на пари, затоа е и непотребно да фантазираме со 100м евра или 60м евра, сеедно, нема потреба да се тераат такви празни безцелни муабети кои ќе останат само пуста желба. Таков филм не гледаме, дури и спомнато можно правење на жртва со продажба на играч, мада ете со Ибра и те како тимот ќари од истото но во моментов најмногу што може да добие Интер е 30 до 40м евра за Снајдер и толку.

Од младиве доволно е 2-3 да просперираат во материјал за прв тим и пуна капа, од овој холанѓанецов многу очекувам, од Коутињо такоџе а и од онаа група талентирани младинци ( дел што донеса дел од оние кои се веќе дел од примаверата ) за средината. Во моментов а и за наредни 2 години одбраната е најнеранлив сегмент од тимов и таму се одлични па ете не се приморани да инвестираат во тој дел од екипата, башка и истиов период е одлична подлога да се наоѓа и идниот партнер на Ранокија.

Затоа реков, во ситуација кога е потребен ремонт во средината, баш ме интересира сега како ќе се постапи, со оглед на тоа дека до сега ништо не налага давање пари за Хамшик на пример, или некој ко Фабрегас. Нејсе, минимумот кој очекувам да го даде Морати летоска е 30м евра достапни за трошење, останатото му е препуштено на Бранка и останатите кои се задолжени за носење на играчи.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.899
Поени од реакции
16.146
Слушам вечер ќе сме играле против Бреша :)
Некои информации со кој состав ќе играме, дали Пандев ќе биди на клупа или ќе се почни со тројца напаѓачи(не ми е верно ова со тројцата ама..) ..
И мора да се издвојува победа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Слушам вечер ќе сме играле против Бреша :)
Некои информации со кој состав ќе играме, дали Пандев ќе биди на клупа или ќе се почни со тројца напаѓачи(не ми е верно ова со тројцата ама..) ..
И мора да се издвојува победа.
Бреша - Интер, можни состави
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Подобро да искочиме со 4-2-1-3,онака да ја уиграме таа формација за со Баерн,и Пандев нека го пушти се гледа ке се врака во форма,па нека се уигра и он за со дуелот со Баерн.Како и да е очекувам победа вечер и гол на Пацини поздрав.:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.900
Поени од реакции
44.848
Inter: 1 Julio Cesar; 13 Maicon, 6 Lucio, 15 Ranocchia, 55 Nagatomo; 4 Zanetti, 5 Stankovic; 27 Pandev, 10 Sneijder, 9 Eto'o; 7 Pazzini.
A disposizione: 12 Castellazzi, 2 Cordoba, 14 Kharja, 17 Mariga, 20 Obi, 23 Materazzi, 29 Coutinho.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.899
Поени од реакции
16.146
Шо така се погреши Лео, па Пандев го ставил во почетен состав :pos:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Шо така се погреши Лео, па Пандев го ставил во почетен состав :pos:
Не знае дека се пости деновиве, не е убаво да греши :)

Иначе јас не очекував Пандев да игра од прва минута, можеби подобро ќе беше од клупа да влезе, али вака барем ваљда конечно ќе го видиме Кутињо од клупа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom