- Член од
- 11 февруари 2009
- Мислења
- 1.072
- Поени од реакции
- 1.144
ИзворМакедонски телеком и Т-Мобиле Македонија минатата година оствариле приходи од 284 милиони евра. Од тоа, мобилниот оператор Т-Мобиле остварил приход од 155,23 милиони евра, што е намалување од 6,8 отсто, во однос на претходната 2009 година. А, фиксниот оператор имал приходи од 128,84 милиони евра, што е исто така намалување од 4,4 проценти. Чистата добивка е 147,3 милиони евра, за двете компании заедно, што во однос на 2009 година е намалување за 6,1 проценти..
Резултатите од работењето на двете компании лани, што ги објави Маѓар Телеком на својот веб-сајт покажуваат и дека кај Македонски телеком бројот на фиксните линии и остварениот сообраќај од нив и натаму е во опаѓање, а позитивните приходи се од големата искористеност на интернетот, при што компанијата на крајот на 2009 година имала 151.218 АДСЛ-корисници.
Бројот на фиксни линии во 2010 година опаднал за 28.996 и на 31 декември 2010 година биле евидентирани 343.019 корисници на фиксна линија. Опаѓање има и на минутите кои корисниците на фиксна линија ги поминале во разговор. Па така, во текот 2010 година корисниците на фиксен телефон разговарале речиси 105 илјади минути помалку во однос на претходната година.
Затоа пак, огромен раст од 113 проценти има кај ИПТВ-корисниците чиј број на 31 декември 2010 изнесувал 30.123.
Кај Т-Мобиле Македонија опаѓањето на приходите е резултат на намалувањето на бројот на корисниците за 6,2 проценти и на крајот на минатата година изнесувал 1.295.285. Затоа пак, Т-Мобиле за 2 отсто го зголемил процентот на пост-пејд корисниците. Со тоа, Т-Мобиле имал 51,3 проценти од мобилниот пазар во земјава што во однос на претходната година е намалување од 5,1 проценти.
Според извештајов во Т-Home се бележи опаѓање на профитот во сите сектори освен во делот на интернет и IPTV услугите, а сепак имаат вкупен профит од 284 милиони евра, што е 6% помалку од лани :nesvest:
Иако имаат намалување на бројот на корисниците на нивните услуги, според цените на услугите изгледа дека тоа не им пречи :kesa:
:smir: