Телеком и Т-Мобиле со приход од 284 милиони евра

Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија минатата година оствариле приходи од 284 милиони евра. Од тоа, мобилниот оператор Т-Мобиле остварил приход од 155,23 милиони евра, што е намалување од 6,8 отсто, во однос на претходната 2009 година. А, фиксниот оператор имал приходи од 128,84 милиони евра, што е исто така намалување од 4,4 проценти. Чистата добивка е 147,3 милиони евра, за двете компании заедно, што во однос на 2009 година е намалување за 6,1 проценти..
Резултатите од работењето на двете компании лани, што ги објави Маѓар Телеком на својот веб-сајт покажуваат и дека кај Македонски телеком бројот на фиксните линии и остварениот сообраќај од нив и натаму е во опаѓање, а позитивните приходи се од големата искористеност на интернетот, при што компанијата на крајот на 2009 година имала 151.218 АДСЛ-корисници.
Бројот на фиксни линии во 2010 година опаднал за 28.996 и на 31 декември 2010 година биле евидентирани 343.019 корисници на фиксна линија. Опаѓање има и на минутите кои корисниците на фиксна линија ги поминале во разговор. Па така, во текот 2010 година корисниците на фиксен телефон разговарале речиси 105 илјади минути помалку во однос на претходната година.
Затоа пак, огромен раст од 113 проценти има кај ИПТВ-корисниците чиј број на 31 декември 2010 изнесувал 30.123.

Кај Т-Мобиле Македонија опаѓањето на приходите е резултат на намалувањето на бројот на корисниците за 6,2 проценти и на крајот на минатата година изнесувал 1.295.285. Затоа пак, Т-Мобиле за 2 отсто го зголемил процентот на пост-пејд корисниците. Со тоа, Т-Мобиле имал 51,3 проценти од мобилниот пазар во земјава што во однос на претходната година е намалување од 5,1 проценти.
Извор

Според извештајов во Т-Home се бележи опаѓање на профитот во сите сектори освен во делот на интернет и IPTV услугите, а сепак имаат вкупен профит од 284 милиони евра, што е 6% помалку од лани :nesvest:

Иако имаат намалување на бројот на корисниците на нивните услуги, според цените на услугите изгледа дека тоа не им пречи :kesa:

:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Експертот Ден Дончев ни ја суреди оваа инвестиција, од што беше голем патриот го донесоа овде за директор да биде и да не усреќи како народ.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.572
Поени од реакции
2.790
Јас навистина не ги разбирам луѓето.Сите што ги среќавам што ги пцујат на Телеком и Т-Мобајл после ги гледам кај мене во маало не може во салон кај нив да се влезе од гужва да плаќаат сметки.Ај да нема конкуренција ајде ајде али во здрав памет да ме ебаваат со нивните ненормални цени не фала.Али овци колку сакаш не им доаѓа памет :toe:
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Јас навистина не ги разбирам луѓето.Сите што ги среќавам што ги пцујат на Телеком и Т-Мобајл после ги гледам кај мене во маало не може во салон кај нив да се влезе од гужва да плаќаат сметки.Ај да нема конкуренција ајде ајде али во здрав памет да ме ебаваат со нивните ненормални цени не фала.Али овци колку сакаш не им доаѓа памет :toe:
можеби се најскапи ама имаат најквалитетна услуга, интернетот 1-2 пати годишно паѓа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Милионски профити..уште една причина повеќе да се откажам од Т-шет
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
можеби се најскапи ама имаат најквалитетна услуга, интернетот 1-2 пати годишно паѓа.
Имаат најквалитетна услуга на адсл интернетот бидејки тие го диктираат цените и условите за големопродажба (ONE плаќа надоместок на телеком за користење на нивната мрежа за адсл интернет ).
Што се однесува до стабилноста на интернетот и интернетот на ONE е стабилен (само што нив ги мачат други работи што не се предмет на оваа тема) и тоа е еден од доказите дека и телекомциве можат да понудат поевтини услуги :smir:

Тие се во була поради неспособноста на нивниот менаџерски тим а не поради нешто друго :smir:

Јас навистина не ги разбирам луѓето.Сите што ги среќавам што ги пцујат на Телеком и Т-Мобајл после ги гледам кај мене во маало не може во салон кај нив да се влезе од гужва да плаќаат сметки.Ај да нема конкуренција ајде ајде али во здрав памет да ме ебаваат со нивните ненормални цени не фала.Али овци колку сакаш не им доаѓа памет :toe:
Познавам многу луѓе што го напуштија T-Mobile и преминаа во VIP, така што ако се појави добра конкуренција сигурно ке се промени сегашнава состојба и со другите услуги :smir:

 
S

Sheldon Cooper

Гостин
единствен начин е и другите оператори да градат инфраструктура т.е оптика како што се случува во Бугарија, само така ќе имаме стабилен, брз и евтин интернет.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.744
Милионски профити..уште една причина повеќе да се откажам од Т-шет
ајјјјјјјјјјј каква причина
лелелле
готово
КЛАСИКА МАКЕДОНСКА
козата на комшијата да не ти смета? :D:D:D
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ќе ми биде мило за пропаднат овие Оф-нет пардон Оннет.... најшкарт интернет што постои во светот. Дури и во Африка мислам дека имаат постабилна конекција. A овие вториве начекале и удри собирај пари од народот.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Мораше војна да избие за да се продаде оваа златна кокошка во државава, сега парите ќе ги изнесуваат од Македонија, никој не ни е крив кога имаме неспособа од политичари!
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
На запад со ваков безобразен и лаком пристап, било која фирма да е ќе потоне како во жива кал. Го пресушија народот, ааа Вип и Уан 100 пати подобри, поповолни и поекономични (пред се) пост пејд понуди имаат од нив. Касно прогледна нашиот народ, ако воопшто и некогаш има .. :toe:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
ајјјјјјјјјјј каква причина
лелелле
готово
КЛАСИКА МАКЕДОНСКА
козата на комшијата да не ти смета? :D:D:D
Не се млати.. изгор цени имаат, најскапи се, какви кози ми збориш..прават милиони на наш грб, тебе ако не ти смета, мене Да !
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Не се млати.. изгор цени имаат, најскапи се, какви кози ми збориш..прават милиони на наш грб, тебе ако не ти смета, мене Да !
Па не земај услуги од нив. Бог да чува што народ ке бевме. Ке се воздржам од прости коментари.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
По 1000 германски марки за телефонски број се има плаќано, инфраструктурата е изградена што се вика буквално од нас нашите родители нашите предци. Се зеде добра провизија да се продаде и Дојче телеком корпорација дојде газда да биде. Немаше акции за тие што даваа по 1000 германски марки за број туку властите се во косоптвеништво со корпорацијата....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom