Ова со кошничкава никако да го погодат.
Јас употребувам Head & Shoulders шампон за коса тоа е отприлика 240-260 денари од пола литар ако не се лажам, купка има евтина во кам маркет 100 денари литар (не пени многу, ама барем не мирисаш на глупости), паста за заби 60-80 денари колгејт ако начекаш на попуст, нивеа дезодоранс за да не смрдам по автобус 160 денари, гел од евтините 100 денари... 240+100+60+160+100=660 денари... отидов во минус 140 денари... Ако приметивте не пишав сапун, ама купката може да се користи и за раце миење... уште да можеше со шампонот да се перат и алишта се ќе беше супер.
Пресметката може слободно да си ја напикаат во задникот од каде и што ја извадиле....
Е па ти хед и шолдерс. Земаш Билјана прашок (40-50 денари) и го користиш како: шампон, сапун, ролон (мрцаш рака во вода, па во прашок, и под мишка после), и алишта. За заби не знам, малце кисели. Е сега косата малце погуста ќе ти биде, ама барем ќе заштедиш.
Онтопик: Си тераат мајтап со нас, само поскапува се (сметки, бензин, леб итн), згора на тоа нови давачки (радиодифузија), па уште и финти прават (еве два три примери):
1. ми доаѓа сметка за вода 5-6 месеци константно иста цена - 8 кубни метри вода - 14 денари кубикот, а јас секој месец правам + 3-4, ама не реагирам пошто чекам да дојде некој да прочита водомер. Доаѓа еднаш, и си викам тооо, конечно. Прави разлика негде 20 - 30 кубици. Доаѓа следна сметка за вода, цена за кубик 30 денари. Ме секоа за вода што сум ја трошел претходните 5-6 месеци по дупло поскапа цена за последниот месец. И јас не бев единствен, тоа сигурно им се случи на уште многу други. А парите некој ги лапна, а никој не изреагира.
2. Доаѓаат сметки за струја, телефон а сега и за радиодифузната (новите од ујп) со закаснување редовно, на што се плаќа камата. Само од 1 ден, отприлика по 1 денар. Замислете на 2 милиони луѓе какви се сумите. Пак тишина од официјални лица (заштита на потрошувачи)
3. Комуналец битола, досега собираше месечна сума за солидарен погреб (тоа старите си плаќаа по 130 денари, за кога би умреле, да имаат ковчег, венец, парцела итн бесплатно). Од пред некое време, пу не важи, од утре е поинаку. А тоа дека некој дедо плаќал 3 години уназад, кој го мати.
Работата е што ова ќе се случува и понатаму, со мртва опозиција, заштита на портошувачи само на хартија, тромав народ (што не се дига на протести) итн.