Просечно семејство може да преживее со барем 500 евра

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
da zatvorime na 1000 ..toa znaci deka godisno za toa u Makedonija treba da se stvorat cca 5 milijardi evra, sto pak , ako normalno kalkulirame: materijal,energija,danoci itd. cca 18- 20 milijardi godisno......vrtime li tolku???? barem pola od toa??? cetvrt??? se drugo e zalozuvanje pod lihva na idninata na nasite deca :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ССМ замисли отвори уста и кажа : Платите да растат со трошоците!
WOW Како ли им текна во 2011 ова да го кажат,кој знае за оваа вест колку години се подготвувале.Срамота! Каков синдикат имаме,седат,спијат и пијат,пред избори кажуваат една вест.
:icon_lol:
Мислиш туку-така кажале?
Абе ајде, додека не се спомнаа изборите ќутеа како ебани....и сеа демек синдикатот е на страната на граѓаните и треба да се покачат плати....за да гласа народот за Гвујо.
Повеќе од проѕирни се.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ова со кошничкава никако да го погодат.

Превоз за еден човек:
30 ден. карта во бус, ако идеш со 1 бус во два правца (работа-дома) е 60 ден. по 30 дена = 1800 ден. месечно
Ај да речеме вадиш од онаа по 10 возења - 230 ден. за 5 дена (работа-дома со еден бус). За еден месец ти требаат 6 такви (6*5=30 дена) = 1380 ден. месечно
Месечен билет е 1480 денари за градски линии, 1840 за пригратски.

Со тие 2000 денари за превоз и хигиена, ти остануваат отприлика 520 денари ако си од град (со слободна) и 160 денари ако си од село (со слободна), за хигиена за еден човек.
Јас употребувам Head & Shoulders шампон за коса тоа е отприлика 240-260 денари од пола литар ако не се лажам, купка има евтина во кам маркет 100 денари литар (не пени многу, ама барем не мирисаш на глупости), паста за заби 60-80 денари колгејт ако начекаш на попуст, нивеа дезодоранс за да не смрдам по автобус 160 денари, гел од евтините 100 денари... 240+100+60+160+100=660 денари... отидов во минус 140 денари... Ако приметивте не пишав сапун, ама купката може да се користи и за раце миење... уште да можеше со шампонот да се перат и алишта се ќе беше супер.

Пресметката може слободно да си ја напикаат во задникот од каде и што ја извадиле.... :tapp:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421

Гола вода...него замисли да ги прашаа статистичарите кои ја прават кошницата...многу се бањате бе четворица за 500 денари, скрати малку :)

Него ако влезете у автобус ќе "пресметате" дека ни 100 денари не се трошат за хигиена
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Статистичарите што ја правеле кошницава може ли да ги добиеме со име и презиме и јавно да ги пофалиме за диетава?
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Гола вода...него замисли да ги прашаа статистичарите кои ја прават кошницата...многу се бањате бе четворица за 500 денари, скрати малку :)

Него ако влезете у автобус ќе "пресметате" дека ни 100 денари не се трошат за хигиена
Хахаха... да да изгледа они коа се бањаат се бањаат сите одеднаш и тоа првиот стои пењави глава и тело, вториот малце потклекнат за да му паѓа од првиот пењата, третиот на коленици и чека од вториот, а четвртиот седи и чека да пушти вода првиот за да дојде пења и до него да може да се заплакне.

Факинг самопрогласени аналитичари кои смрдат на подмитени газови. :tapp:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Статистичарите што ја правеле кошницава може ли да ги добиеме со име и презиме и јавно да ги пофалиме за диетава?
не знам што се има у соопштението ама Шо ќе ти ги...од 4 чоколади повеќе не смееш да помислиш. Баклава, еклер, сладолед...нема ништо од тоа. Мислам дека листата е солидно напишана за исхрана у Матхаузен.

И од ес ес ем и од официјална статистика не се реални
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
не знам што се има у соопштението ама Шо ќе ти ги...од 4 чоколади повеќе не смееш да помислиш. Баклава, еклер, сладолед...нема ништо од тоа. Мислам дека листата е солидно напишана за исхрана у Матхаузен.

И од ес ес ем и од официјална статистика не се реални
Се основно ставиле,само по едно кило. Замисли кило месо за еден месец,па кило месо во заб не останува на едно јадење,а камоли цел месец да го делиш.Мислам ненормална работа е ова.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Mnogu ste razmazeni..., narodot ni e debel, naduen...mora da se stai na DIETA...., a baska zaborail deka sapun se prai i od loj i soda..moze i pepel...na ogniste u dvor(ili terasa) so isuseni granki sobrani u parkovi....i odete peski .t.e. uste podobro trcajte ..pozdravo e epten...
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Со падот на цар Мурат(овски) кој владееше 158 години со ССМ ,и кој ке биде запамтен како спотер за запек како народен лек, дојде некој Курто ,кој еволуцијата на напредокот на Македонското синдикално движење го изрази со кажување на два термина во јавноста: потрошувачка копница и просечна плата.
Трагикомично ,и само јасно ни ја покажува сликата на Македонецот на кого клепките и ушите му сраснале 100% така да рипката во Постоинската јама во Словенија доби конкуренција од 2 милиони слепоглуви кленови.
Куклениот театар ССМ со својата 20 годишна традиција на орган за голема нужда (народно-чмар)на секоја власт во РМ ,вчера одржа од една од ретките представи со наслов “Мижи да ти баам“ ,и наиде на голем и мирен одзив кај гаѓаните на РМ, што се смета за уште еден голем успех.
Дејствието во представата говори за една дефинирана болест на човечкиот ум на Македонецот, која му ствара таква конфузија да он не знае што све и колку му е потребно за да преживее еден месец со својата фамилија.
Во ваква ситуација на епидемија ,владата на РМ реагира молневито и ја активира Специјалната Самозадоволувачка единица на РМ позната како ССМ.
ССМ се справува со болеста на тој начин што преку медиумите во етерот испушта вакцина позната како Преживил, која е докажана 20 тина години на просторот на РМ и континуирано го дава ефектот на состојба-стадо .Веке наредниот ден сите граѓани се излекувани, и знаат прецизно и точно колку и што им е потребно за да преживеат еден месец во годината.
Представата завршува со признание на ССМ добиено од ЕУ каде што и добиваат покана за да ги обучаваат нивните колеги пошто оваа опака болест во главите на нивните граѓани предизвикува масовни демострации по улиците во кои има повредени и жртви.
 
Прекрасно споено :)

Патем кога ги спомена протестите,вчера Хрватска се дигна на нозе. Замислете единствени пацери сме во цел свет,една Африка крена бунт,ние се чудиме колку ни е кошничката.Дали 3 литри јогурт ни се доволни или едно канче кисело млеко за 30 дена на 4ца членови.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Јас се изнасмеав за кашкавалот...:)
Сега кога ќе рипне цената на струјата, а и нафтата цело време поскапува, ќе биде забавно.
И ако може да забележам, за греота ако некој мисли дека човек што има кола и зима 18 000 плата е богат. Прво, не може да вози којзнае каква кола, а гарант е купена на кредит кој ќе го плаќа едно пет години, значи рата за кола, сметки и храна... Абе кај отидоа 18 000????
Јас да сум ти знаела богати луѓе, а не сум била свесна за тоа.
 
Ваму се има водено и муабет од типот: Ајде бе немаш пари,а седиш на интернет :)
Имаме интересна психологија,луксуз е се,за да мрднат со прст треба 2 000 000 народ да бара храна по контејнери,нели да не глумиме сиромаштија.Ехе хех три векни леб на 30 дена имаме,а тука ми се жалите :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ваму се има водено и муабет од типот: Ајде бе немаш пари,а седиш на интернет :)
Имаме интересна психологија,луксуз е се,за да мрднат со прст треба 2 000 000 народ да бара храна по контејнери,нели да не глумиме сиромаштија.Ехе хех три векни леб на 30 дена имаме,а тука ми се жалите :)
Е ова со интернетов ми е аргумент кој многу ме смее и зачудува. Од кога тоа Интернет е луксуз, кога 20 гб во просек чинат 500 денари? Како тоа македонецот ја замислува ниската средна класа и сиромашната? Пола леб дневно, без вода и струја, нешто така изгледа. Имаме среќа што повеќето живеат со баба и дедо па и пензијата се вклучува во буџет. Инаку да видиш како ќе осетеа сите разлика.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
По некои статистики во Македонија има нешто над 6% високо образуван кадар, и над 50% население кое има најмногу основно образование.
Што можеме да очекуваме од овој народ, ако огромниот дел од масата е речиси неписмен?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom