Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Исто како 15, само наместо по Партизанска, оди по Илинденска. Не поминува од кај соборна, туку од кај Влада. Ја пуштија пред извесно време.
Преѓески пред градежен го видов по партизанска идеше и мислам оти 15-ка беше, а не 15а
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Н

Паа, ќе се снајдеш. Уствари може ако се наведнеш :) Висината на горниот кат беше 170 и некој сантим. И онака горниот кат е предвиден само за седење, не и за стоење. Кај скалите има сензори кои бројат колку патници има горе и веднаш до сензорот има индикатор за тоа колку слободни места има горе. Доколку покажува 0 тогаш ќе си стоиш на долниот кат.
Не знам, ќе чекам да го испробам. Тоа дека е 1.7 никој не може да мрчи... Горниот кат не е наменет за стоење. Така, горе нeма да се прави гужва, + немa да има смрдливи пензионери во петок. Јако е ова со сензорите :)
Гледам дека и со шоферот немаш никаков контакт од типот „дечко карта“, „дечко, камо добар ден, не се турски гробишта ова“ исл.

Нашата култура не ни дозволува луксуз - двокатен автобус. Дечурланава ќе му ја тестира рамнотежата на кривини, ќе се трупаат луѓе на скалите, пензионери до врата, па тие од горе не ќе можат да се изборат до вратата. Правам споредба со ова што се случува по старите автобуси и можам да замислам што ќе биде со новите. Ама ајде, може новото ќе не натера да поработиме и на културата.

Колку врати има? Една предна и една задна?
 
T

Tetro

Гостин
Нема веќе панделки и слични работи. Ова беше бидејќи е прв од двокатните автобуси.



Си го рекламирам сајтот бе. Сеа кај и да е ќе ми стигне порака од Мистичен со Алек (основачот на cOoLTuRa.mk) да им однесеме гајба пиво и кикирики и да ги гледаме Алек и Серпико како се контраат на политички теми додека сите останати пиеме пиво и грицкамеме кирики во одаите на Кајгана Медиа :)



Има една српска поговорка „Не куди коња којег ниси јахао“.



Паа, ќе се снајдеш. Уствари може ако се наведнеш :) Висината на горниот кат беше 170 и некој сантим. И онака горниот кат е предвиден само за седење, не и за стоење. Кај скалите има сензори кои бројат колку патници има горе и веднаш до сензорот има индикатор за тоа колку слободни места има горе. Доколку покажува 0 тогаш ќе си стоиш на долниот кат.



Детска радост беше за сите на горниот кат. Имаше еден новинар висок скоро 2 метри, не се сеќавам дали беше од Телма или од Алфа кој кажа: Абе џабе јадат гомна овие, горниов кат е ТоБ.
За време на обиколката учениците од ЈБТ кои седеа во Пјаца му аплаудираа на бусот :)
Секоја чест, Тончи. :)

Не сум против, нека е ново...

Само... Која е радоста бе на баграта? Ко мали деца кога ќе му дадеш лижавче. Директорот свршува од радост, три дена нема да може да спие од возбуда. Парите од Влада, БРАВООООО.

Народот го соголеа, парите од кај се???
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.032
Да, две врати се, предна и задна. 15ка не ми е во линии кои често ги користам, ама ме интересира како ќе биде во вторник и петок. Патем скалите не се “пензионер френдли“, иако има доволчно шипки за да се држиш додека се качуваш или симнуваш по скалите.

--- надополнето ---

Секоја чест, Тончи. :)

Не сум против, нека е ново...

Само... Која е радоста бе на баграта? Ко мали деца кога ќе му дадеш лижавче. Директорот свршува од радост, три дена нема да може да спие од возбуда. Парите од Влада, БРАВООООО.

Народот го соголеа, парите од кај се???
Кажи ми, кој ќе се вози во автобусиве. Функционерите кои имаат службени возила, шофери и слично или народот од чии даноци се собрани пари за да се набават автобусиве.

И дај, те молам, сефтосај го бусов па пиши на темава. Ама ако лажеш на прва собиранка ти правам поук како Чак Норис.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Koj poznava nekoj sto raboti na homologacija na MFS neka prasa zasto bese donesen avtobusot. Bese donesen za da se ukaze koi raboti da se smenat za na finalniot produkt. Istoto se sluci i im bese ukazano sto da smenat i se pomina naj ok. Ovoj bus e prototip i toa e toa koj veruva veruva koj ne zdravje. Nema sto da dokazuvam
 
T

Tetro

Гостин
Кажи ми, кој ќе се вози во автобусиве. Функционерите кои имаат службени возила, шофери и слично или народот од чии даноци се собрани пари за да се набават автобусиве.

И дај, те молам, сефтосај го бусов па пиши на темава. Ама ако лажеш на прва собиранка ти правам поук како Чак Норис.
Јас и ти ќе се возиме со автобуси, нормално, додека тие точат гориво од, кхм,......

Абе, јас ќе се возам некој ден со вакво,... брррррм (не забележавме дека не снимаат)...

Не сум против користењето на новите автобуси, нека донесат и во другите градови ако веќе трошат пари од народот. Ама се посраа бе со тоа "Владата одвои пари за новите автобуси". Лажговци, крадци, народот пасе трева.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.032
Скоро 20 години во ЈСП не беше донесен ниту еден нов автобус. И сега кога дел од новите автобуси се тука а уште многу повеќе на пат кон Скопје, некои тука тролуваат.
Татко ми во вакви ситуации знае да каже „А бре само стап, и удри мавај. Не кажувај зошто. Мавај се додека не им текне зошто.“
 
T

Tetro

Гостин
Кои се тие некои? Дали тие кои имаат различно мислење од тебе?
Размисли со твоја глава. Те викнале таму за беспати да им направиш промоција, ти дале и еден сендвич колку да не е за џабе идењето. После до дома пак со автобус стар преку 40 години те испратиле. :)

Мореее, испран мозок ти клале у тоа главата. И пак да повторам тоа што го кажав веќе двапати: Нека има бе, нека има нови автобуси. Друг ми е муабетот мене цело ова време.
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
како мислиш обновена од старите? ја репарирале? да не мислиш на една дупла со црвена хармоника у средина?
Таа е таа. Накај портокалово иде, али и внатре е средена едно 80% кај оделот за патници :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.032
Ајде огноотпорен кажи го твојот муабет.

п.с. за тролување добиваш картон.
п.п.с. испран мозок го доживувам како лична навреда, за што добиваш црвени картони до бан.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Старите автобуси не чинеа.Еве се купија нови,па и тие не чинеле.Што народ ќе бевме бе упм!!!
Абе само вакви за нас :

 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Убао што си купивме нови автобуси :)
сеа малце маркава ми е ноу комент и знакчето им е бана би мерцедес ама пак ново си е ново а викаат и дека моторот бил мерцедес па да видиме,
неутрален сум за тоа како би можеле да се искористат истите пари, мислам што би можело да се купи со истите пари ама сега е касно после еб@Ње нема каење :)
убао помалку загадуваат,
убао помалку трошат ќе ги поефтинат билетите (колку не :nenene:),
е сега лоша работа е што нема нова 2ка а јас се возам со 2ка најчесто,
убао сеа што почнав да си го користам велосипедот тд ватевр,
лоша работа што двокатните автобуси се дискриминаторски, јас се чуствувам дискриминиран бидејки не ќе можам да се возам во нив зошто горниот спрат е висок 1.70м (така кажаа) а јас сум 1.92 м :nesum: па планирам да се жалам кај јавниот правобранител и хелсиншкиот комитет за човекови права бидејки е попречено моето право да се возам во двокатен автобус :(
убао е дека засега единствениот двокатен автобус е 15А, и не поминува низ мое мало,
убао е дека кажаа дека ќе донесат и панорамски двокатни (без покрив) тд пак ќе имам некој шанси за да се возам во двокатен автобус и да размислам за жалбите во врска со мојте права,
лошо е бидејки кажаа дека тие автобуси ќе се само за туристи тд пак ќе се чуствувам дискриминиран зошто јас не сум туриста и по се изгледа дека ќе бидам приморан да се жалам, но има време уште не се стигнати има уште 3 години :uvo:
и толку од мене и Со Среќа да си ги возиме Новите Автобуси :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Проблемот не е набавка, проблемот е замарање народ со нешто што е сосем нормално во други земји и ангажман на цела машинерија. Набави и без фалби и глупости

Ќе одам малку вон тема ама претераа со овие успеси (као да сме мајмуни од дрво симнати), а не онадат и замараат како сакаат
Само... Која е радоста бе на баграта?
Знаеш дека...кога министер отвора продавница, замисли каков "настан" треба да ни претставува овој со автобусиве (кој по автоматизам требаше да се одвива секоја година без замарање народ.

Отворање на прв центар за органска храна во Македонија
Продавницата е лоцирана на вториот кат во ГТЦ над киното „Милениум“, а е предвидено да ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Кога за улица од, пази...скоро цел километар се ангажира премиер, а за нејзино отворање утнаа еден ден па потрошивме гориво колку за една недела и живци колку за цел месец...за 2 часа доцнење на работа не зборам. тоа ќе ми го одбијат од плата...

Премиерот Груевски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, денес се во посета на булеварот
Булеварот кој е во должина од скоро еден километар е инвестиција вредна 18 милиони денари и треба да биде пуштен во употреба за околу еден месец
Кога за започнување катна гаража (која ќе може ние обичните граѓани со цените само да ја сонуваме) се ангажира премиер

Почна изградбата на нова катна гаража во Скопје
На удирањето на камен темелникот присуствуваше и премиерот Никола Груевски.
Кога за вакви проекти се ангажираат највисоки функционери, кога за почеток на реконструкцијата на ул. В. Васил Аџиларски (пред градска болница) во вторникот точно во 16.30 беше провозено градежно возило со брзина од 5-10 км.ч низ средина на улицата (ваљда цел народ да види дека се гради со што маме ни расплакаа со гужвата) ...


Не е проблем набавка и цени (не знам кој ги контролира и дал се реални), добро е да набавува...него за вакви настани да ангажираш цела влада...
очекувај уште вакви помпезни најави огне :)

Пошто е јавно претпријатие...каде оделе досега парите од билетите (нивната цена беше и пред поскапување 25-30 денари), сиве овие години и децении? Набавка на нови, делови за стари...?
 
T

Tetro

Гостин
Ајде огноотпорен кажи го твојот муабет.

п.с. за тролување добиваш картон.
п.п.с. испран мозок го доживувам како лична навреда, за што добиваш црвени картони до бан.
Бев излезен малку, па не стигнав да ти одговорам на време. пак ќе повторам: Тие што нема да се сложат со твоето мислење, нема да се во право никогаш.

Дај кажи ми каде не сум бил во право.

Со кое мислење напишано лично од мене прекршив сериозно правило за казна? Закани јавно на форум не сакам, барем од тебе не очекував да прочитам вакво нешто.

Едноставно, дадов мислење за новите автобуси дека не се дадени со таква намера, погрешен е начинот на презентирање,....
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Поддршка за двокатните. Одлични се и на почеток кога се мислеше дека се шкарт (дека кинески) се докажа спротивното! Повеќе ме плаши да не се случи истото со еднокатните ама се надевам дека ќе останат здрави за долго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom