Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
Главната работа која премиерот на Русија Владимир Путин треба да ја направи при посетата на нашата земја, најавена за 23 март, е да побара од Србија да не влезе во НАТО. Тоа е многу поволна ситуација за Србија бидејќи со тоа добиваме прилика на Западот да покажеме дека и друга голема сила се интересира за нас, а од друга страна да донесеме одлука што ќе покаже на ЕУ дека сме самостојни, дека водиме политика која е во интерес на Србија и во која нема ништо антизападно ниту антиисточно – вели за „Блиц“ проф. др. Радослав Стојановиќ, поранешен дипломат.
Во таа смисла се толкува и симболиката на датумот на посетата на Путин, ден пред 12 годишнината на почетокот на НАТО бомбардирањето на Србија. Освен тоа, барањето на Путин би било и логично продолжување на отворените теми во текот на посетата на претседателот на Русија Дмитриј Медведев на Србија во 2009 година, кога на државниот врв на Србија беше изложен концепт на нова безбедносна архитектура, кој требаше да претставува еден вид реформа на ОБСЕ и одговор на ширењето на НАТО во непосредна близина на Русија.
Посетата на Путин се случува во момент на една од сериозните политички кризи во земјата, па многу аналитичари оценија дека зад посетата стои план на Русија, во момент кога одлучноста на политичката елита и довербата на граѓаните во европската иднина е разнишана, да го разбуди своето влијание на овие простори.
Ова воедно е и прва посета на Путин на Србија по 2001 година, а сметајќи дека во тој период односите на нашите две земји се развиваа во многу области, се очекува оваа прилика да се искористи за договор на многу конкретна соработка меѓу Србија и Русија. Слично мисли и Константин Никифоров, директор на Институтот за словенски студии на Руската академија на науки.
- Оваа посета пред се ќе биде насочена на економска соработка и може да се очекува да се потпишат низа договори во енергетскиот, трговскиот и културен сектор, како и други сектори. Нема сомнеж дека ќе стане збор за Јужен тек – вели Никифоров, кој оваа посета ја гледа и како можност на светот да се испрати порака за добрите односи на Србија и Русија, да се потврди ставот на Русија за Косово и да се поддржи истрагата за трговијата со органи.
Блиц - Белград
Батко Путин за само 12 години ја врату Русија на Балканот и денеска има понуда.
Од Србија и од српскиот народ зависи дали ќе ја прифатат таа понуда и дали сака да си го зачува Косово или ќе го жртвува истото за некои западни европски “вредности“. Значи Путин неможе да биде поголем Србин од Тадич.