Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
Епа видиш, да живееше во оваа земја, ќе знаеше дека Македонија е подолу од нивото на некои Африкански земји. Така што, можете да кењате колку сакате од вашите климатизирани домови со полни фрижидери, ама народот овдека нема пари ни патлиџан да купи веќе. Вие битно гласајте си за Љуб4е и Бран4е и Груј4е... :wink:

Прекрасен е животот надвор од Македонија нели? Секој си гласа за идеологија и програма, мхм, исто е и кај нас... NOOOOOOT! :tapp:
Не ме разбра што сакав да кажам. Да не беа парите од дијаспората со кој се брани курсот на денарот, тоа Гошев како Гувернер го кажуват, ќе имаше голема девалвација на денарот и за едно Евро ќе мораше да даваш не 61 Денари туку можеби дупло, бензинот не ќе беше 75 денари туку 150 за литар, ќе имаше уште поголема сиромаштија него сега што има. А и ако коментираш, коментирај го целиот пост а не една реченица која ти одговара.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
*ја кине розевата пижама *
*се покажуваат градите *
* се лупа во градите *​

Покај се Грешнику пред твоите богови и бранители на името и жртвувај се пред нас , НИЕ СМЕ НАЈМОЌНА НАЦИЈА НА СВЕТ, СМРТ ИЛИ СЛОБОДА НИЕ СМЕ АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ
РАААААААААВВ
Се покајувам, може сега да си ги смениме местата јас во полска ти овде?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
H

HITCH

Гостин
Добро, ете да го тргнеме данокот на страна. Јас живеам во Македонија едноставно и мислам дека нема потреба некој одстрана да одлучува макар е роден Македонец. Се отселил и крај на приказната, нема што повеќе овде да се меша. Или реков веќе, бујрум нека се врати овде, нека живее со 100 евра или 200 евра плата, ако е толку голем Македонец и сака да гласа. А одстрана суфлери не ни требаат. Ако толку ја сакаат Македонија нека се вратат.
Браво форумџике, се изналупа глупости!!! Ај прво прочитај за што се работи, па после зборувај! Не се работи за гласови на граѓани кои живеат во Р. Македонија. Ние пак ќе си ги имаме овие 120 пратеници. (гладни, голи и боси усти кои ќе си ги раниме и кои ќе ги направиме газди) Сега станува збор за воведување на нови 5-6 пратеници кои ќе ги претставуваат Македонците кои не живеат во Македонија. Никој не ти ги зема овие 120 места, туку се додаваат плус нови 6!

Значи, се изнаплука без врска. :toe:

П.С. За твоја информација во тие „суфлерите“ има и политички бегалци. Периодот околу осамостојувањето на Македонија не беше баш цветен период за многу Македонци.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Се покајувам, може сега да си ги смениме местата јас во полска ти овде?
Ме прашуваш како припадник на која етничка група?

Гласно се дистансираше од Македонците, негираше дека си Албанец, па што си на крај краева?

Научи барем 3-4 европски јазика, па слободно дојди во Полска, јас ќе ти најдам работа.

Или напрај си една самооцена, колку јазици знаеш и на какво ниво, со какво ниво на авансираност користиш компјутерски програми (активен Ексел, ПП, Оптима, Симфонија и сл.), дали си работел во меѓународна фирма, си работел ли претходно во сметководство, дали имаш сертификат бизнис англиски, што можеш ти да им понудиш за да те земат и зошто баш тебе, со што се издвојуваш ти од нивните државјани за баш тебе да ти дадат предност итн.

Ама како и да е, биди претходно подготвен да поработиш и пола(или цела) година на црно, како студент, да миеш садови, да се научиш пици да редиш, можеби ноќна смена во магацин да растовараш товар за некој голем супермаркет, да немаш здравствено осигурување, да земаш околу 200-300 евра месечна плата и да си плаќаш од тоа стан/соба, храна, средства за хигиена, по некое парче облека кога ќе ти затреба, месечни билети за јавен превоз и плус евентуално курс за јазикот доколку не можеш сам да се научиш.

Аха, и да бидеш активен на форумов, да пишуваш статии по историја за весници, да истражуваш архивски материјали, да одиш по странските архиви, да успееш да се запознаеш универзитетската фела и да ти овозможат да држиш неделни предавања за македонска историја во рамките на катедрата за македонски јазик, на студенти од разни земји, чисто волонтарно без надомест, да учествуваш во некоја организација за човекови права, исто така волонтарно, да ги застапуваш и промовираш.

Кога ќе ги исполниш горните критериуми, со големо задоволство ќе се заменам со тебе, конечно ќе имам време за себе, да одморам малку, да седнам со моите дома, да јадам домашна храна, да имам слободно време после 3 години работа да земам одмор, па од досада да џаболебарам и по форуми.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47

ah be brat, badijala obajsnuvas, a sto go drzi golemiot brat da sedi vo Makedonija, mozda ne mozi da zamine ?ne veruvam, koj sakase zamina, moda roditelite nego pustaat, i toa ne veruvam, mozda nema madina ????????? toj neka kaze ......lesno e da se jade burek od doma
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Eeeee jok brate jok...
Ne znam koj leta na nebo... dijasporata ili takvite kako tebe. Se uste imate prestava deka dijasporata se gasterbajteri sto otisle vo stranstvo pred 50g. Pogledni podobro nekoi statisticki podatoci i ke vidis deka,najgolem del ja napustile Makedonija posle raspagjanjeto na YU.(zboram za istocniot del od Makedonija) mladi lugje, dobro zapoznaeni so sostojbata vo Makedonija,najcesto skoluvani i sekako informirani za se sto se slucuva vo zemjata.Mnogu od niv se vrakaat za da se ozenat,gradat kuki vo Makedonija i ziveat so nades da se vratat vo istata.Takvite kako tebe ke gi odvedat vo nekoe kafule i ke im solat pamet:"Jas ke ti kazam kako stojat rabotite ovde, ti ne znaes, ne si informiran." HAHAHA.... kolku e smesno,so site sretstva za informacii na raspolagjanje, takvite kako tebe ni davaat informazii.
Izgleda ovaa moja teorija bila tocna... eve od vesnikot Dnevnik denes 16/03/2011

среда, 16 март 2011

dnevnik.com.mk

период на пребарување:
од 2006 2007 2008 2009 2010 2011 до 2006 2007 2008 2009 2010 2011

Во фокусот
Актуелно
Македонија
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ

Време

хороскоп

курсна листа

EUR 61.58
AUD 44.86

USD 44.16

GBP 71,41

Датум: 15.03.2011, 09:38
Италија ги десеткува снаите во Виница

Традиционално, по благослов во црквата во Виница на Тодорица дојдоа сите свекрви и само половина од новите снаи, а повеќето од отсутните се во Италија со сопрузите и со децата, кои ги полнат италијанските училишта, па само во гратчето Канели годинава во прво одделение се запишале 15 виничанчиња
Протоставрофорот Бранко Богданов, старешина на виничкиот храм „Св. Архангел Михаил“, во саботата наутро, на Тодорица, кога традиционално по благослов за слога, среќа и плодност во црквата доаѓаат свекрвите со снаите, кои со нивните синови склучиле брак во изминатите 365 дена, беше тажен кога ја виде бројната состојба. Дошле сите свекрви и само половина од снаите. По список имаше 64 виничанки што помеѓу две Тодорици имале црковна венчавка, а на церемонијата дојдоа само 34. Свештеникот повеќе беше загрижен отколку изненаден бидејќи точно знаеше која невеста каде е. Веднаш ни објасни дека десетина снаи, поради породување или поодмината бременост, се оправдано отсутни, а другите со момчињата биле во странство, главно во Италија.

- Состојбата е загрижувачка. Ако Тодорица беше месец-два подоцна, кога во Италија почнуваат земјоделските работи, ќе имавме уште помалку невести овде. Страшен е тој бран на иселување од источна Македонија, а Виница е веројатно најпогодена. Секоја среда и сабота од нашата општина тргнуваат по еден или два автобуса полни со млади луѓе и со цели семејства заминуваат на гурбет. Лани половината од вкупно 64-те брака беа склучени од средината на јули до средината на август и околу Нова година, кога печалбарите си доаѓаат, што значи дека половина младина ни е во странство. За ова лето за еден месец веќе имаме закажано 15 венчавки, а и сите ресторани во Виница во тој месец веќе се резервирани за свадби на наши иселеници - вели свештеникот Богданов.

За литургијата на Тодорица во Виница од Италија специјално дошла виничанката Елена Петрова. Во црквата беше со својата свекрва Нада Миловска, која ни рече дека и нејзините син и снаа, како и 40 отсто млади виничани, отишле во странство во потрага по вработување и по подобар живот.

- Три години сум во Италија. Со сопругот стапивме во брак сега, пред Нова година. Дојдов да го испочитувам овој вековен обичај во Виница. Живееме во градот Тренто. За чудо, таму има малку виничани, но има многу нашинци од други градови од источна и од централна Македонија. Во Виница завршив средно, а таму студирам економија. Сопругот овде има завршено сообраќаен факултет. Во Италија работи, но не во струката - раскажува Елена Петрова. Никој во десетилјадната Виница не знае точно колку виничани и жители на виничките села се на работа во странство. Најчесто се оперира со број од околу 3.000, кој варирал нагоре или надолу во зависност од периодот во годината, бидејќи многумина одат на сезонска работа.

- Виница е најпуста од пролет до крајот на октомври, кога масовно се оди на земјоделски работи. Во тој период половина од младите се во странство. За жал, многумина заминаа и пред повеќе години, па тешко дека некогаш ќе се вратат. Луѓето од Виница, Блатец, Драгобраште најчесто одат на гурбет во Италија, а од Јакимово во Швајцарија. Мора нешто да се направи, да се обезбеди работа и попристојна заработувачка за младите бидејќи ептен ќе ни се испусти државата - вели виничанецот Илија Стојчев (52), член на црковниот одбор на храмот „Св. Архангел Михаил“.

Загрижени се и во училиштата бидејќи ученици има с` помалку, а некои велат оти во Италија се раѓаат и учат повеќе виничанчиња отколку во Виница. Само во италијанската општина Канели во оваа учебна година се запишале 15 првоодделенчиња од Виница и од Виничко, број што ни го потврди и виничкиот градоначалник Емил Дончев.

Se prasuvam dali tie deca ke mozat da glasaat ili da gi otpisime???
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ако толку ви е гајле за македоија, шо не доете на два три дена за да гласате, нели имате куќи станови, плаќате данок, може повеќе од ние што живееме тука ги чувсвувате промените.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Браво форумџике, се изналупа глупости!!! Ај прво прочитај за што се работи, па после зборувај! Не се работи за гласови на граѓани кои живеат во Р. Македонија. Ние пак ќе си ги имаме овие 120 пратеници. (гладни, голи и боси усти кои ќе си ги раниме и кои ќе ги направиме газди) Сега станува збор за воведување на нови 5-6 пратеници кои ќе ги претставуваат Македонците кои не живеат во Македонија. Никој не ти ги зема овие 120 места, туку се додаваат плус нови 6!

Значи, се изнаплука без врска. :toe:

П.С. За твоја информација во тие „суфлерите“ има и политички бегалци. Периодот околу осамостојувањето на Македонија не беше баш цветен период за многу Македонци.
Ме интересира што значи овој дел. Како дијаспората била инволвирана во осамостојувањето (директно, со гласање и активности...) Не дека има врска со нешто, него го наоѓам и на други места па ме заинтересира. Дали на пример од оние 95% кои биле за на 8 Септември да се одделиме, дали во нив е вброена и дијаспората? Или се работи за друг вид активности...било што што ќе фрли светлина на овој текст :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не ме разбра што сакав да кажам. Да не беа парите од дијаспората со кој се брани курсот на денарот, тоа Гошев како Гувернер го кажуват, ќе имаше голема девалвација на денарот и за едно Евро ќе мораше да даваш не 61 Денари туку можеби дупло, бензинот не ќе беше 75 денари туку 150 за литар, ќе имаше уште поголема сиромаштија него сега што има. А и ако коментираш, коментирај го целиот пост а не една реченица која ти одговара.
Па, не извадив нешто од контекст, без разлика што не сум цитирал све.

И сум те разбрал, а Гошевдобро си ја врши работата вештачки да го држи денарот на 61 од антиката до сега. За тоа му симињам капа. Ама, парите на дијаспората никој не ги гледа ниту играат некаква улога за балансирање било што. Бензинот, исто така не го диктира дијапосрата, ниту Гошев, го диктираат светски нафтени играчи и тој никогаш не може да биде 150, бидејќи во светот не е 150, туку е исто како кај нас, дури и за нијанса по ефтин.
Поентата ми е, тие пари коишто ги спомињате од дијаспората, може усреќиле поединци, ама никогаш немале улога во економијата на Македонија како целина. А тоа не е заради нив пред се, туку заради домашните македонски политичари, коишто секој динар ќе го испокрадат. Дури и дијаспората да сака да помогне (А не сака) нема да може, зашто нивните пари нема да отидат за доброто на македонецот, туку за политичката стока.

Ме прашуваш како припадник на која етничка група?

Гласно се дистансираше од Македонците, негираше дека си Албанец, па што си на крај краева?

Научи барем 3-4 европски јазика, па слободно дојди во Полска, јас ќе ти најдам работа.

Или напрај си една самооцена, колку јазици знаеш и на какво ниво, со какво ниво на авансираност користиш компјутерски програми (активен Ексел, ПП, Оптима, Симфонија и сл.), дали си работел во меѓународна фирма, си работел ли претходно во сметководство, дали имаш сертификат бизнис англиски, што можеш ти да им понудиш за да те земат и зошто баш тебе, со што се издвојуваш ти од нивните државјани за баш тебе да ти дадат предност итн.

Ама како и да е, биди претходно подготвен да поработиш и пола(или цела) година на црно, како студент, да миеш садови, да се научиш пици да редиш, можеби ноќна смена во магацин да растовараш товар за некој голем супермаркет, да немаш здравствено осигурување, да земаш околу 200-300 евра месечна плата и да си плаќаш од тоа стан/соба, храна, средства за хигиена, по некое парче облека кога ќе ти затреба, месечни билети за јавен превоз и плус евентуално курс за јазикот доколку не можеш сам да се научиш.

Аха, и да бидеш активен на форумов, да пишуваш статии по историја за весници, да истражуваш архивски материјали, да одиш по странските архиви, да успееш да се запознаеш универзитетската фела и да ти овозможат да држиш неделни предавања за македонска историја во рамките на катедрата за македонски јазик, на студенти од разни земји, чисто волонтарно без надомест, да учествуваш во некоја организација за човекови права, исто така волонтарно, да ги застапуваш и промовираш.

Кога ќе ги исполниш горните критериуми, со големо задоволство ќе се заменам со тебе, конечно ќе имам време за себе, да одморам малку, да седнам со моите дома, да јадам домашна храна, да имам слободно време после 3 години работа да земам одмор, па од досада да џаболебарам и по форуми.
Бре бре бре бре... ја више се осетив као легитимен гласач, абе шупаков почна да ми се рашируе за да ми го опнеш као вистински владин министер и тогаш... се сепнав, се сетив дека не сум на избори и пред гласачка кутија.

Те читав и претходно на оние постови, фина реторика, сине, јас ти оддавам признание, ако треба препорака за у партија, од мене ја имаш, кажи кој треба нека ми се јави, ја како гласачко ливче ќе признаам дека си подобен за креирање јавно мислење и добар за народецот, луѓе ќе те гласаат. Само не знам за крадењето како ќе се снајдеш после, тука не сум скроз компетентен, можам да нагаѓам, али нема да биде објективно, субјективен став ќе дадам. Како и да е, вреди останатите министри да ти дадат шанса да влезеш во лоповскиот круг, али знаеш, ако не ги делиш парите со останатите, ќе те прогласат за мафијаш и лопов, ќе завршиш ко оној Пауновски шо не сакаше да ги дели парите.

Ова на темава шо си го... па како да се изразам... „ис*ал“, ништо интересно не е. Само за доброто на Македонија, не кмичи на форумов за да ја одржиш историјата на Македонија жити све, доволно проблеми имаш со миење садови и учествуење по убиствени состаноци на организации за човекови права, се убиваш за земјава човеку, опушти се...

Добар маркетинг, добра себепромоција, ми се свиѓа... чекај бе, ќе пробам и ја, може така идат работиве...

„Кој си ти бе да ми кажуеш мене, сакаш да се мењаме? Ајде, дојди ти тука ја ќе идам таму, ти станувај секој ден у 9 и моли да ти позајмат весници за да бараш работа у нив, бриши си го гзот со дипломата од УКИМ којшто не ти вреди ништо, живеј од воздух пошто пари за јадење немаш, а пензијата на твоите дома е доволно за да платиш струја, плачи секој ден коа ќе си ја видиш колата у дворот на комшиите дека си ја продал за да купиш кондури за последното интервју кај што ќе излажеш дека вредиш нешто, работи за 300 денари дневница без осигурување на црно и моли се да не те фатат...“

Ма заеби, не ме бива мене за фалење колку сум најбољи на свет. Ви го оставам тоа на вас, Големите Македонци кои од преголема љубов фати штикла преку граница...
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Ако толку ви е гајле за македоија, шо не доете на два три дена за да гласате, нели имате куќи станови, плаќате данок, може повеќе од ние што живееме тука ги чувсвувате промените.
A ti, od sto se plasis ako glasa dijasporata? Ili ti si pogolem Makedonec od niv?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Сега станува збор за воведување на нови 5-6 пратеници кои ќе ги претставуваат Македонците кои не живеат во Македонија. Никој не ти ги зема овие 120 места, туку се додаваат плус нови 6!
6 на 120 се 5% плус :)

Никој не појасни макар накратко за улогата на дијаспората во определбата за осамостојување на Македонија во 1991 со 95% гласови

A ti, od sto se plasis ako glasa dijasporata? Ili ti si pogolem Makedonec od niv?
Кога ќе гласа дијаспората, се изјасни ти или друг дека не ве интересираат локални избори, но кога си во избирачки список фигурираш како бројка и имаш исто обврска и право да гласаш. Но добро...кога би гласале, читајќи го написот за Македонија и конфликтот Грција Македонија од американскиот антрополог проф. Лоринг Данфорд, дали би гласале само за оние кои ветуваат непромена на име или би се определиле за други ветувања (економски и развојни). Истовремено, дали со ова може да се постигне да се анулира Бадинтеровиот принцип, влијанието на едноетнички партии во уценување на парламентот и неучество на албанска партија во власта? Или се останува по старо? Дали ќе има некое реално влијание или нивните идеи ќе се фокусираат само на името како проблем?
 
H

HITCH

Гостин
Ме интересира што значи овој дел. Како дијаспората била инволвирана во осамостојувањето (директно, со гласање и активности...) Не дека има врска со нешто, него го наоѓам и на други места па ме заинтересира. Дали на пример од оние 95% кои биле за на 8 Септември да се одделиме, дали во нив е вброена и дијаспората? Или се работи за друг вид активности...било што што ќе фрли светлина на овој текст :)
Многу луѓе од Македонија избегаа да живеат надвор, од вакви или такви причини. Јас знам најмалку 15 фамилии кои се иселија поради политиката. Тие луѓе кога за време на референдумот живееја во Македонија, ама ова веќе спаѓа во тема политика.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Темава ми е неоправдано дискутабилна .Како може воопшто да се постави прашање дали македонците од дијаспората имаат право на глас ? Правото на глас на државјаните на РМ е Уставно право на секој македонец,без разлика дали истиот живее или не живее во земјата, тоа е ексклузивно неделиво и непреносливо право. И дали треба да гласаат ? Да ,треба , затоа што ако не живеат во Македонија ,не значи дека не се декларираат како македонци и не значи дека ние сме поголеми македонци од нив затоа што живееме тука . Која е мерна единица за докажување на патриотизмот? И од кога патриотизмот се едначи со нашата ,,упатеност,, во актуелната политика?
Имам многу пријатели и роднини кои живеат надвор од земјава ,луѓе кои секој месец праќаат пари за да си ги прехранат фамилиите кои останале тука и се борат за создавање егзистенцијални услови.Овие луѓе не треба да гласаат? Треба да се крши Уставот? А тоа дали ќе гласаат овде или во земјата во која моментално се наоѓаат е апсолутно неважно.
Не се правете многу големи патриоти некои овде,затоа што јасен е менталитетот на македонскиот народ-никогаш ништо не ни чини,за другите први сме кога треба да судиме , а не гледате дека така само целокупната социо-економска состојба во државата слабее, на овој народ дефинитивно му треба поголема информираност за правниот систем , ни правата ни обврските некои не си ги знаат .
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
70-тите се имаат исто доста селено, 90-тите и наваму...но на кој начин ме интересираше дијаспората има учествувано во осамостојувањето или во референдумот. Самиот чин на заокружување и броење беше дело на овдешните граѓани, одбраната од војската на ЈНА беше дело на милицијата која се постави околу касарните, поддршката да дезертираме од ЈНА кога не држеа да војуваме во Хрватска, Косово и Словенија (која и ја искористивме) беше од лесна му земја г-дин Кљусев и неговиот кабинет.
Дали на друг начин помогнале...со идејни решенија, финансиски...пошто директно не било возможно (освен можеби некој овде дојден на гости).
Инаку нивното право е веќе зацртано во законот, ме интересираше околу одредени прашања за Македонија, како размислуваат
 
H

HITCH

Гостин
Луѓе, требаат пари за да може да се одржи референдум, за да може да се издржи повлекувањето на ЈНА (да не потсетувам дека и штекерите ги однесоа, а за другите штети да не спомнувам, постарите добро знаат). Парите во оваа држава доаѓаат од продажба на објекти и државно земјиште, но откако секнаа таквите приходи дијаспората спасуваше ситуација. Сега драги мои се убиваме од плаќање даноци, па пак не можеме да врземе крај со крај. Ај, да бидам малку појасна, во 2001 г. Македонија каде најде пари за да се спасува од дезертерите? Знаете колку војска и полиција премина со терористите*? За да се плати резервната војска, а и доброволците требаа пари. Македонија немаше доволно пари за да може да купува оружје и да плаќа луѓе. Додека некои се криеја по дома или бегаа во Грчка, во Србија, во Бугарија, кај роднини, пријатели, по одмори, други бранеа држава, ама никој не живее од воздух. Да не се лажеме секој работи за пари, тоа е секаде во свет. На сите ни треба леб на маса!

Држава е нива со ограда! Ако ја обработуваш нивата ќе имаш леб на маса, ако ја забаталиш ќе јадеш трња!

* Мислам на Албанците кои беа вработени во АРМ и во МВР.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom