Не ме разбра што сакав да кажам. Да не беа парите од дијаспората со кој се брани курсот на денарот, тоа Гошев како Гувернер го кажуват, ќе имаше голема девалвација на денарот и за едно Евро ќе мораше да даваш не 61 Денари туку можеби дупло, бензинот не ќе беше 75 денари туку 150 за литар, ќе имаше уште поголема сиромаштија него сега што има. А и ако коментираш, коментирај го целиот пост а не една реченица која ти одговара.
Па, не извадив нешто од контекст, без разлика што не сум цитирал све.
И сум те разбрал, а Гошевдобро си ја врши работата вештачки да го држи денарот на 61 од антиката до сега. За тоа му симињам капа. Ама, парите на дијаспората никој не ги гледа ниту играат некаква улога за балансирање било што. Бензинот, исто така не го диктира дијапосрата, ниту Гошев, го диктираат светски нафтени играчи и тој никогаш не може да биде 150, бидејќи во светот не е 150, туку е исто како кај нас, дури и за нијанса по ефтин.
Поентата ми е, тие пари коишто ги спомињате од дијаспората, може усреќиле поединци, ама никогаш немале улога во економијата на Македонија како целина. А тоа не е заради нив пред се, туку заради домашните македонски политичари, коишто секој динар ќе го испокрадат. Дури и дијаспората да сака да помогне (А не сака) нема да може, зашто нивните пари нема да отидат за доброто на македонецот, туку за политичката стока.
Ме прашуваш како припадник на која етничка група?
Гласно се дистансираше од Македонците, негираше дека си Албанец, па што си на крај краева?
Научи барем 3-4 европски јазика, па слободно дојди во Полска, јас ќе ти најдам работа.
Или напрај си една самооцена, колку јазици знаеш и на какво ниво, со какво ниво на авансираност користиш компјутерски програми (активен Ексел, ПП, Оптима, Симфонија и сл.), дали си работел во меѓународна фирма, си работел ли претходно во сметководство, дали имаш сертификат бизнис англиски, што можеш ти да им понудиш за да те земат и зошто баш тебе, со што се издвојуваш ти од нивните државјани за баш тебе да ти дадат предност итн.
Ама како и да е, биди претходно подготвен да поработиш и пола(или цела) година на црно, како студент, да миеш садови, да се научиш пици да редиш, можеби ноќна смена во магацин да растовараш товар за некој голем супермаркет, да немаш здравствено осигурување, да земаш околу 200-300 евра месечна плата и да си плаќаш од тоа стан/соба, храна, средства за хигиена, по некое парче облека кога ќе ти затреба, месечни билети за јавен превоз и плус евентуално курс за јазикот доколку не можеш сам да се научиш.
Аха, и да бидеш активен на форумов, да пишуваш статии по историја за весници, да истражуваш архивски материјали, да одиш по странските архиви, да успееш да се запознаеш универзитетската фела и да ти овозможат да држиш неделни предавања за македонска историја во рамките на катедрата за македонски јазик, на студенти од разни земји, чисто волонтарно без надомест, да учествуваш во некоја организација за човекови права, исто така волонтарно, да ги застапуваш и промовираш.
Кога ќе ги исполниш горните критериуми, со големо задоволство ќе се заменам со тебе, конечно ќе имам време за себе, да одморам малку, да седнам со моите дома, да јадам домашна храна, да имам слободно време после 3 години работа да земам одмор, па од досада да џаболебарам и по форуми.
Бре бре бре бре... ја више се осетив као легитимен гласач, абе шупаков почна да ми се рашируе за да ми го опнеш као вистински владин министер и тогаш... се сепнав, се сетив дека не сум на избори и пред гласачка кутија.
Те читав и претходно на оние постови, фина реторика, сине, јас ти оддавам признание, ако треба препорака за у партија, од мене ја имаш, кажи кој треба нека ми се јави, ја како гласачко ливче ќе признаам дека си подобен за креирање јавно мислење и добар за народецот, луѓе ќе те гласаат. Само не знам за крадењето како ќе се снајдеш после, тука не сум скроз компетентен, можам да нагаѓам, али нема да биде објективно, субјективен став ќе дадам. Како и да е, вреди останатите министри да ти дадат шанса да влезеш во лоповскиот круг, али знаеш, ако не ги делиш парите со останатите, ќе те прогласат за мафијаш и лопов, ќе завршиш ко оној Пауновски шо не сакаше да ги дели парите.
Ова на темава шо си го... па како да се изразам... „ис*ал“, ништо интересно не е. Само за доброто на Македонија, не кмичи на форумов за да ја одржиш историјата на Македонија жити све, доволно проблеми имаш со миење садови и учествуење по убиствени состаноци на организации за човекови права, се убиваш за земјава човеку, опушти се...
Добар маркетинг, добра себепромоција, ми се свиѓа... чекај бе, ќе пробам и ја, може така идат работиве...
„Кој си ти бе да ми кажуеш мене, сакаш да се мењаме? Ајде, дојди ти тука ја ќе идам таму, ти станувај секој ден у 9 и моли да ти позајмат весници за да бараш работа у нив, бриши си го гзот со дипломата од УКИМ којшто не ти вреди ништо, живеј од воздух пошто пари за јадење немаш, а пензијата на твоите дома е доволно за да платиш струја, плачи секој ден коа ќе си ја видиш колата у дворот на комшиите дека си ја продал за да купиш кондури за последното интервју кај што ќе излажеш дека вредиш нешто, работи за 300 денари дневница без осигурување на црно и моли се да не те фатат...“
Ма заеби, не ме бива мене за фалење колку сум најбољи на свет. Ви го оставам тоа на вас, Големите Македонци кои од преголема љубов фати штикла преку граница...