Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
За условите и се работи во темава, но ме интересира дали некој дошол напролет, наесен кога има избори и гласал...или ретко ни доаѓа дијаспората?
Ako te interesira za mene licno, na poslednite bev.
 
M

Moon Child

Гостин
Zadrzi ja za tebe tvojta logika.Ima mnogu stranci sto ziveat i rabotat vo Makedonija, pa nemaat steknato pravo na glas, isto plakaat danok, znaci ne e dovolno da zivees vo edna drzava za da mozes da glasas.
A od koi zemji da ucime, od Afrika..
Добро, ете да го тргнеме данокот на страна. Јас живеам во Македонија едноставно и мислам дека нема потреба некој одстрана да одлучува макар е роден Македонец. Се отселил и крај на приказната, нема што повеќе овде да се меша. Или реков веќе, бујрум нека се врати овде, нека живее со 100 евра или 200 евра плата, ако е толку голем Македонец и сака да гласа. А одстрана суфлери не ни требаат. Ако толку ја сакаат Македонија нека се вратат.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Добро, ете да го тргнеме данокот на страна. Јас живеам во Македонија едноставно и мислам дека нема потреба некој одстрана да одлучува макар е роден Македонец. Се отселил и крај на приказната, нема што повеќе овде да се меша. Или реков веќе, бујрум нека се врати овде, нека живее со 100 евра или 200 евра плата, ако е толку голем Македонец и сака да гласа. А одстрана суфлери не ни требаат. Ако толку ја сакаат Македонија нека се вратат.
Se odselil i kraj na prikaznata..... Smesna si.
 
M

Moon Child

Гостин
Зошто сум смешна? Затоа што таму им тече мед и млеко, затоа што земаат голема плата, затоа што 100 години овде не се вратиле а отстрана се многу паметни кога станува збор за Македонија, за името, за гласање? Ако им било убаво немало да се отселат, избегале за да најдат подобар живот, нека си седат таму, но нека не се мешаат овде. Објасни ми зошто сум смешна? Јас не им завидувам, напротив, нека си живеат убаво ако им дал Господ, но нека си остане само на тоа и нека не се мешаат таму од каде што си отишле и доста ми е од такви што се јавуваат во носталгични емисии од типот на Иселенички џубокс и ми плачат колку им недостига Македонија, патриотштина веќе на килограм. Ако толку ја сакале Македонија немало да се отселат. Да не забегам оф топик, останувам на мојот став дека нема потреба и логика да гласа дијаспората.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Хехехехе неее побратиме јок !
Држи и те како !

Значи никоја власт не ти спори право на идентитет и имотите ќе ви се вратат (ако некој има), но нешто друго е во прашање...
Кои се основните работи ?

Основните работи сигурно не се имотите, инвестициите, името, индентитетот, знамето...
Тоа се ОСНОВНИТЕ работи кои ги одржуваат релациите меѓу матичната држава и нејзините иселеници.

Живеј како Македонец во Македонија, со 200е плата а цени како во Германија нема
да ти чуе к**т за идентитетот или името; самиот факт за огромната цифра на
извадени Бугарски пасоши (а знаеме што треба да пополниш за да извадиш нивни
пасош) говори за тоа.
Уште една погрешна теза.
Да веруваш дека причинител на сиромаштијата е товарот на идентитетот и дека со промена на идентитетот твојот социјален статус ќе се подобри, најверојатно е, најопасната работа што опинион мејкерите ја промовираат во Македонија.

И воопшто не е беден тој што има да плати 400-500 евра за побугарчување, јас не познавам ниту еден сиромав човек што зел бугарски пасош, напротив, тоа обично се стабилно ситуирани луѓе кои се навикнати викендите да ги поминуваат во Солун.

Исто така, зошто мислиш дека (нели богатите) Македонци од Дијаспората немаат “попаметна“ работа отколку да си тераат свој живот, можат комотно да баталат и Македонија и имиња и идентитети, уште повеќе па избори и сл. глупости и пак да се замараат со вакви прашања?

Ете зарем малце обврски имаат во државите кај што престојуваат, имаат работа, семејства, приватен живот, сметки за плаќање, кредити, да си планираат одмори, школување за децата итн.

Што ли ги тера да се замараат за Македонија кога и тие што живеат во неа, самите не водат грижа за нејзината состојба.

Економски сме катастрофа а на гладен стомак нема параноја - се е јасно како ден
и нема сомнеж кои ќе бидат следните чекори.
Егизстенција; by any means
necessary, луѓето ќе го најдат начинот како да дојдат до неа макар и да бидат
кодоши или продадени души.
Тоа во никој случај не е начин на егзистенција.
Тоа е расипништво, никаква одговорност, анационалност и деструктивност.



Подруго ви е на вас, каде што нема партиски вработувања, непотизам, ниски
плати.
Подруго ви е на вас, каде индивидуалните квалитети се вреднуваат
највисоко во пазарниот и општествен систем.
Подруго е да си во кафез одколку
на небо.
Па токму причиниве кои ги наброја се најважните причини зошто тие Македонци треба да имаат право на глас, никој не може да им пере мозок, да ги уценува со книшки, самите го заработуваат лебот и свесни се за своите квалитети, имаат изградено здрав систем на вреднување и нема да се согласат на политиките кои се наметнуваат во Македонија.

Затоа ни е многу побитно нас, граѓаните на Македонија од сите националности кои
живеат на територијата на Македонија и, и служиме и одговараме за нашите
постапки пред истата власт која ние ја избираме.
Извини ама со ова што го пишуваш одлично го отсликуваш проблемот со перцепирањето на улогите, не треба граѓаните на Македонија да и служат и одговараат на Власта, туку вице верса, ВИЕ(НИЕ) СМЕ ТИЕ ШТО ЈА БИРАМЕ ВЛАСТА И ТАА НИ СЛУЖИ НАМ И ОДГОВАРА ПРЕД НАС!!!

Ние сме во кафезот наречен Македонија, во кој никој од тие што успееја да се
ослободат не стави ни нова вода ни храна да чопнеме нешто што викаат...
Никој
!
Дијаспора... само летате на небо.
Немој да водиш со мене дијалог како со некој опонент, бидејќи јас со ништо не сум допринел за твојата лоша ситуација, ниту било кој од Дијаспората.


Апсурд;
Кој има повеќе инвестирано во Р. Македонија:
a) Нашиот јужен сосед
т.е. Гејлада
б) Македонската дијаспора (два вагони облека
:pos:)
*заокружи го точниот одговор
Јас само гледам една простодушна огорченост од твоја страна.

Бидејќи ти одат апсурдиве од рака, пробај да пресметаш колку милиони евра оставаат Македонците од Р.Македонија кои одат во Грција на шопинг викенди, мајски и продолжени празници, екскурзии, матурски, летни одмори итн. итн.

Бројките се достапни на интернет, а доколку имаш потешкотии, ќе ти помогнам. Само колку да го отсликаме синдромот на дрчен газ.

А доколку сакаш да го споредуваш односот на грчката држава кон својата дијаспора и нашиот тогаш доволно е да ги прелисташ сајтовите на грчките владини институции и искористувањето на својата дијаспора во државни цели. (на пр. лобирање и кампањи против Македонија)




Не, не одат работите така.
Да се вратат сите Македонци и да живеат овде, да
работат за оваа држава, тогаш нека имаат право на глас а не моите кои се низ
буквално сите континенти и си уживкаат, ги нема по 30 години и
кога ќе дојдат некое лето на две недели одмор и ќе почнат да ми солат памет КОЈ
ТУКА КРАДЕЛ, КОЈ БИЛ ПОДОБАР а они ако може да се каже појма немаат ни како
изгледаат нивните дотични политички идоли
.
Се храниш со стереотипи.

Кажи ми, ти им даде работа на нашите емигранти кога стигнале во Америка или Австралија? Ти им купи имоти, им изгради куќи и подари коли?
Ти ги научи странски јазик? Ти им плати да изучат занает и школување?

Што мрсиш мадиња, ЗАРЕМ ДОСЕГА ДИЈАСПОРАТА ГЛАСАЛА НА НЕКОИ ИЗБОРИ?

Зарем постои некој ДРУГ кој треба да ја превземе ТВОЈАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДОСЕГАШНИВЕ ТВОИ ПОЛИТИЧКИ ИДОЛИ?

Или затоа што си ептен задоволен од својот избор, па не сакаш тоа да се промени?

Ти си го искористил своето право на глас, никој досега не ти солел памет, меѓутоа како што гледаме, ниту ти имаш некој изговор да им солиш памет на другите.

Дијаспората си гласа за СВОИ претставници! Дури ТРОЈЦА за ЦЕЛ свет!

И што е најтрагично, ти смета тоа што нашава дијаспора доаѓа на неколку недели годишни одмори во Македонија, наместо да ти смета тоа што Македонците од Р.М. одат во Грција и истите тие Македонци ќе ни продаваат “лојалност“ и “обврски“ спрема државата.

Живееме во два различни света и нема потреба дијаспората да влијае барем на овој
начин, зошто ништо не добивате и ништо нема да изгубите.
Ти не си назначен да одлучуваш што за кого е добро или не.

Секоја одлука се однесува и на мене и на моето семејство, а обидите да се дистансираат Македонците надвор од Македонија се злонамерни и служат за ослабнување на македонската заедничка моќ и позиција да ги бранат своите интереси.

Доволно е да погледнеш кој ги финансира македонските организации за човекови права од соседството, колку илјадници евра се даваат за да не се задуши македонскиот глас.

Ние може само да изгубиме.
По се изгледа не си доволно разумен за да ја процениш својата позиција доколку Македонците од Дијаспората навистина кренат раце од Македонија, уште повеќе, штетата која може истите да ја нанесат.

Да бидеш сигурен дека сите Македонците во ЕУ ќе бидат организирани и ќе лобираат против приемот на Македонија доколку им бидат нарушени правата по било кој основ, па ќе ви ставиме уштен предуслов за влез.
А верувај на зборот дека ќе најдеме и голем број поддржувачи кои ќе организираат референдум за сепарација на дел од територијата на Македонија, за создавање на посебна автономна област, нова држава или пак ќе организираме “борци за човекови“ права составени од криминални групи кои ќе генерираат нестабилност на државата на долг рок.


Братот ти си млад, во дијаспора си и се трудиш и помагаш на било кој начин но
верувај нема многу како тебе во дијаспората, да не речам ама ги боли к**р за
Македонија, Македонци се само кога ќе дојдат на одмор а кога ќе се вратат децата
си ги крстат Џон, Кери, Џими, Том слушаат србски и бугарски турбо фолк а замисли
си АМЕРИКАНЦИТЕ играат оро професионално и подобро од нив и ја знаат подобро
нашата историја...

Еве, перфектен опис:
Јас немам намера да те просветлувам и убедувам повеќе. Ако мислиш дека ќе добиеш нешто доколку се закрвиш со мене биди сигурен дека ќе те третирам полошо отколку душманите од соседството.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
Добро, ете да го тргнеме данокот на страна. Јас живеам во Македонија едноставно и мислам дека нема потреба некој одстрана да одлучува макар е роден Македонец. Се отселил и крај на приказната, нема што повеќе овде да се меша. Или реков веќе, бујрум нека се врати овде, нека живее со 100 евра или 200 евра плата, ако е толку голем Македонец и сака да гласа. А одстрана суфлери не ни требаат. Ако толку ја сакаат Македонија нека се вратат.
Значи овај е единствен валиден аргумент на крај што остануват. Едните живеат во Македонија а другите се надвор. Но, знаеш ли дека тие надвор имаат пак право на глас, ако се присутни на изборите во Македонија? Значи работата не е да им се даде право на глас на дијаспорците, тие тоа право автоматски го поседуваат со Македонското државјанство, туку да им се овозможи да го користат тоа право без да идат во Македонија, и со тоа се прават надворешни изборни единици. А кажи ми ти сега што ќе ти пречат тројца пратеници од дијаспората, што се плашиш толку? Или само од завид дека не живеат од 100 или 200 Евра им го оспоруваш правото на глас? Ехх, пусто Македонче...

--- надополнето ---

Зошто сум смешна? Затоа што таму им тече мед и млеко, затоа што земаат голема плата, затоа што 100 години овде не се вратиле а отстрана се многу паметни кога станува збор за Македонија, за името, за гласање? Ако им било убаво немало да се отселат, избегале за да најдат подобар живот, нека си седат таму, но нека не се мешаат овде. Објасни ми зошто сум смешна? Јас не им завидувам, напротив, нека си живеат убаво ако им дал Господ, но нека си остане само на тоа и нека не се мешаат таму од каде што си отишле и доста ми е од такви што се јавуваат во носталгични емисии од типот на Иселенички џубокс и ми плачат колку им недостига Македонија, патриотштина веќе на килограм. Ако толку ја сакале Македонија немало да се отселат. Да не забегам оф топик, останувам на мојот став дека нема потреба и логика да гласа дијаспората.
Тоа е твој став но очигледно не остануваат аргументи на крај, сите аргументи паднаа. Е сега ти си многу смешна но истовремено не знајш како стојат работите надвор од државата. Од каде ти е информацијата дека надвор од Македонија тече мед и млеко? Дали си била, дали си видела? Надвор од Македонија е исто како и внатре, има исто сиромашни Македонци кој се без работа, но има исто така богати како и во самата Македонија. Самата се откриваш во завидот отвораќи ја оваа тема за пари. А од каде знајш ти од какви причини заминале тие Македонци? Кој си ти да кажуваш? Не заминаа сите поради пари многу избегаа и од тој комунистички режим, други заминале пошто биле протерани на пример од Егејска Македонија, трети заминале затоа што немаа да јадат во Македонија, мислиш ли дека тие луѓе заминале од што сакаа? Тие што заминале биле најголемите жртви на тоа време и сега некоја ко тебе ќе кажува приказни овде?
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
265
Поени од реакции
18
Имам Пасош, имам куќа, плаќам данок, се осеќам Македонец! Зошто не би можел да гласам?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.746
Имам Пасош, имам куќа, плаќам данок, се осеќам Македонец! Зошто не би можел да гласам?
Можеш да гласаш и никој НЕ СМЕЕ да ти го оспорува тоа право. Ако ти си по некоја случајност надвор од Македонија а јас во Македонија, јас не сум воопшто поголем Македонец од тебе.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
http://www.taratur.com/node/21592

Еве едно ново интервју со претседателот на ОМД што го сметам за многу информативно пошто гледам на оваа тема има погрешни претстави за дијаспората.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас немам намера да те просветлувам и убедувам повеќе. Ако мислиш дека ќе добиеш нешто доколку се закрвиш со мене биди сигурен дека ќе те третирам полошо отколку душманите од соседството.
Значи јас сум доволно просветлен околу ситуацијава но од ден на ден ми се затемнува се повеќе...

Со тебе не сум се закрвил напротив те пофалив.

Нема везе.

Ако сум душман поради тоа што се обидувам да презнтирам барем трошка вистина, нека сум.

Тие што и самиот ги спомна овдешните Македонци кои имаат Бугарски пасоши, одат на шопинг во Грција кои обожаваат источно соседни идеји они нека се патриоти ! (иако едно 70% со сигурност ја имаат истата политичка определба со дијаспората)

За другиот дел од постот нема потреба што да зборувам, бидејќи гледам многу непријателско расположение од моите браќа по крв ...

Peace Out јас и онака си ја заокружувам партијата на Чак Норис :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
едно е да пратиш на телевизија и да гледаш розови реклами “ти си македонија“ на владата што во стварност верие од неработница беда и сиромаштија напиша:
--- надополнето ---

[/COLOR]
Епа ни јас не сум виновна што сум овде, исто како што тие не се виновни што се дијаспора. Ако на пример плаќаат данок овде поднесуваат кон државата и тоа не по сопствена воља, тогаш да раберам да гласаат. А вака, навистина нема логика, нема причина, не лепам етикети, ама ако во случај да си партиски определен стави ги објективните очила и ќе ти стане јасно.
Што да правиш од патриотиве неможеш да искажеш мислење одма те ставаат во групата на предавници

--- надополнето ---

http://www.taratur.com/node/21592

Еве едно ново интервју со претседателот на ОМД што го сметам за многу информативно пошто гледам на оваа тема има погрешни претстави за дијаспората.
ај да речеме се е идеално како би ги спорвеле изборите во странство нашава дипломатија за ништо не е способна освен за критикување на странски дипломати
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да бе така мислиш ти е ова, демек Дијаспората не инвестира во земјата. Можеби не си запознаен со реалноста но од самостувајнето на Македонија имаше голем интерес во дијаспората да се инвестира во матичната земја. А што се деси? Тие овде што беа во Македонија ги прелажаа и ги оплачкаа и со тоа заврши и приказната за инвестирајне од дијаспората. Како ќе инвестираш во своја држава ко секој локален шериф може да ти дојт и да ти земе све, со помош на власта нели. Зад дијаспората нема држава која ги штити нивните интереси. Затоа и Грците вложија кај нас, уствари тоа вложувајне беше само купувајнето на највредните фирми за багателни цени. Како и да вртиш, луѓето во Македонија, односно политика овдешна се криви за економскиот крах во Македонија, а не дијаспората. Да не беше дијаспората која секоја година праќа околу милијарда долари во државата, Македонија сосе жители ќе беа на ниво на некој Африкански земји. Со кој пари се штити денарот? Памтите што е хиперинфлација, како на крајот на Југославија? Среќа ако не сте виделе...и пак плукајте на дијаспората. Но овде сме и кај главната причина за негирајнето на правото на глас за дијаспората а тоа се парите. Сакаме пари од дијаспората а не им даваме 3 пратеници во собранието? Оф лелее...
Епа видиш, да живееше во оваа земја, ќе знаеше дека Македонија е подолу од нивото на некои Африкански земји. Така што, можете да кењате колку сакате од вашите климатизирани домови со полни фрижидери, ама народот овдека нема пари ни патлиџан да купи веќе. Вие битно гласајте си за Љуб4е и Бран4е и Груј4е... :wink:

Ke glasaat za partijata sto ke dadat najdobri predlozi za resavanje na problemite, kako i ti.A mozebi preku 3te pratenici i ke im se dade sansa sami da predlozat nekoe resenie.
Прекрасен е животот надвор од Македонија нели? Секој си гласа за идеологија и програма, мхм, исто е и кај нас... NOOOOOOT! :tapp:
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.876
Поени од реакции
4.580
право на збор во парламентот преку претставници - ДА
право на глас и да одлучуваат за круцијалните внатрешни прашања - НЕ
ако сакаат да решаваат за тука, нека се вратат и нека живеат тука, никој не им брани, ако сеуште имаат државјанство и активна адреса на живеење нека се вратат на денот на изборите тука и нека си гласаат- тоа право со устав им е загарантирано
ако веќе ги штедиме - никако повеќе од 2-3 пратеника во парламент, во спротивно секој од страна ќе може да манипулира со нас
имајте на ум, ако им се даде преголемо право, дека пари ќе се одлеваат за кампањи во странство
имајте на ум дека има многу албанци кои можат да гласаат а не се во државава
и конечно
ако избереме пратеник од дијаспората - тој ќе седи во парламентот или преку скајп ќе се гледаат?
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Прекрасен е животот надвор од Македонија нели? Секој си гласа за идеологија и програма, мхм, исто е и кај нас... NOOOOOOT! :tapp:
Sakas da se menjas, ili ti e dobro tamu za 200 e, zad nekoe biro(klati vrata-zimaj plata).:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom