Хехехехе неее побратиме јок !
Држи и те како !
Значи никоја власт не ти спори право на идентитет и имотите ќе ви се вратат (ако некој има), но нешто друго е во прашање...
Кои се основните работи ?
Основните работи сигурно не се имотите, инвестициите, името, индентитетот, знамето...
Тоа се ОСНОВНИТЕ работи кои ги одржуваат релациите меѓу матичната држава и нејзините иселеници.
Живеј како Македонец во Македонија, со 200е плата а цени како во Германија нема
да ти чуе к**т за идентитетот или името; самиот факт за огромната цифра на
извадени Бугарски пасоши (а знаеме што треба да пополниш за да извадиш нивни
пасош) говори за тоа.
Уште една погрешна теза.
Да веруваш дека причинител на сиромаштијата е товарот на идентитетот и дека со промена на идентитетот твојот социјален статус ќе се подобри, најверојатно е, најопасната работа што опинион мејкерите ја промовираат во Македонија.
И воопшто не е беден тој што има да плати 400-500 евра за побугарчување, јас не познавам ниту еден сиромав човек што зел бугарски пасош, напротив, тоа обично се стабилно ситуирани луѓе кои се навикнати викендите да ги поминуваат во Солун.
Исто така, зошто мислиш дека (нели богатите) Македонци од Дијаспората немаат “попаметна“ работа отколку да си тераат свој живот, можат комотно да баталат и Македонија и имиња и идентитети, уште повеќе па избори и сл. глупости и пак да се замараат со вакви прашања?
Ете зарем малце обврски имаат во државите кај што престојуваат, имаат работа, семејства, приватен живот, сметки за плаќање, кредити, да си планираат одмори, школување за децата итн.
Што ли ги тера да се замараат за Македонија кога и тие што живеат во неа, самите не водат грижа за нејзината состојба.
Економски сме катастрофа а на гладен стомак нема параноја - се е јасно како ден
и нема сомнеж кои ќе бидат следните чекори.
Егизстенција; by any means
necessary, луѓето ќе го најдат начинот како да дојдат до неа макар и да бидат
кодоши или продадени души.
Тоа во никој случај не е начин на егзистенција.
Тоа е расипништво, никаква одговорност, анационалност и деструктивност.
Подруго ви е на вас, каде што нема партиски вработувања, непотизам, ниски
плати.
Подруго ви е на вас, каде индивидуалните квалитети се вреднуваат
највисоко во пазарниот и општествен систем.
Подруго е да си во кафез одколку
на небо.
Па токму причиниве кои ги наброја се најважните причини зошто тие Македонци треба да имаат право на глас, никој не може да им пере мозок, да ги уценува со книшки, самите го заработуваат лебот и свесни се за своите квалитети, имаат изградено здрав систем на вреднување и нема да се согласат на политиките кои се наметнуваат во Македонија.
Затоа ни е многу побитно нас, граѓаните на Македонија од сите националности кои
живеат на територијата на Македонија и, и служиме и одговараме за нашите
постапки пред истата власт која ние ја избираме.
Извини ама со ова што го пишуваш одлично го отсликуваш проблемот со перцепирањето на улогите,
не треба граѓаните на Македонија да и служат и одговараат на Власта, туку вице верса, ВИЕ(НИЕ) СМЕ ТИЕ ШТО ЈА БИРАМЕ ВЛАСТА И ТАА НИ СЛУЖИ НАМ И ОДГОВАРА ПРЕД НАС!!!
Ние сме во кафезот наречен Македонија, во кој никој од тие што успееја да се
ослободат не стави ни нова вода ни храна да чопнеме нешто што викаат...
Никој
!
Дијаспора... само летате на небо.
Немој да водиш со мене дијалог како со некој опонент, бидејќи јас со ништо не сум допринел за твојата лоша ситуација, ниту било кој од Дијаспората.
Апсурд;
Кој има повеќе инвестирано во Р. Македонија:
a) Нашиот јужен сосед
т.е. Гејлада
б) Македонската дијаспора (два вагони облека
)
*заокружи го точниот одговор
Јас само гледам една простодушна огорченост од твоја страна.
Бидејќи ти одат апсурдиве од рака, пробај да пресметаш колку милиони евра оставаат Македонците од Р.Македонија кои одат во Грција на шопинг викенди, мајски и продолжени празници, екскурзии, матурски, летни одмори итн. итн.
Бројките се достапни на интернет, а доколку имаш потешкотии, ќе ти помогнам. Само колку да го отсликаме синдромот на дрчен газ.
А доколку сакаш да го споредуваш односот на грчката држава кон својата дијаспора и нашиот тогаш доволно е да ги прелисташ сајтовите на грчките владини институции и искористувањето на својата дијаспора во државни цели. (на пр. лобирање и кампањи против Македонија)
Не, не одат работите така.
Да се вратат сите Македонци и да живеат овде, да
работат за оваа држава, тогаш нека имаат право на глас а не моите кои се низ
буквално сите континенти и си уживкаат, ги нема по 30 години и
кога ќе дојдат некое лето на две недели одмор и ќе почнат да ми солат памет КОЈ
ТУКА КРАДЕЛ, КОЈ БИЛ ПОДОБАР а они ако може да се каже појма немаат ни како
изгледаат нивните дотични политички идоли.
Се храниш со стереотипи.
Кажи ми, ти им даде работа на нашите емигранти кога стигнале во Америка или Австралија? Ти им купи имоти, им изгради куќи и подари коли?
Ти ги научи странски јазик? Ти им плати да изучат занает и школување?
Што мрсиш мадиња, ЗАРЕМ ДОСЕГА ДИЈАСПОРАТА ГЛАСАЛА НА НЕКОИ ИЗБОРИ?
Зарем постои некој ДРУГ кој треба да ја превземе ТВОЈАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДОСЕГАШНИВЕ ТВОИ ПОЛИТИЧКИ ИДОЛИ?
Или затоа што си ептен задоволен од својот избор, па не сакаш тоа да се промени?
Ти си го искористил своето право на глас, никој досега не ти солел памет, меѓутоа како што гледаме, ниту ти имаш некој изговор да им солиш памет на другите.
Дијаспората си гласа за СВОИ претставници! Дури ТРОЈЦА за ЦЕЛ свет!
И што е најтрагично, ти смета тоа што нашава дијаспора доаѓа на неколку недели годишни одмори во Македонија, наместо да ти смета тоа што Македонците од Р.М. одат во Грција и истите тие Македонци ќе ни продаваат “лојалност“ и “обврски“ спрема државата.
Живееме во два различни света и нема потреба дијаспората да влијае барем на овој
начин, зошто ништо не добивате и ништо нема да изгубите.
Ти не си назначен да одлучуваш што за кого е добро или не.
Секоја одлука се однесува и на мене и на моето семејство, а обидите да се дистансираат Македонците надвор од Македонија се злонамерни и служат за ослабнување на македонската заедничка моќ и позиција да ги бранат своите интереси.
Доволно е да погледнеш кој ги финансира македонските организации за човекови права од соседството, колку илјадници евра се даваат за да не се задуши македонскиот глас.
Ние може само да изгубиме.
По се изгледа не си доволно разумен за да ја процениш својата позиција доколку Македонците од Дијаспората навистина кренат раце од Македонија, уште повеќе, штетата која може истите да ја нанесат.
Да бидеш сигурен дека сите Македонците во ЕУ ќе бидат организирани и ќе лобираат против приемот на Македонија доколку им бидат нарушени правата по било кој основ, па ќе ви ставиме уштен предуслов за влез.
А верувај на зборот дека ќе најдеме и голем број поддржувачи кои ќе организираат референдум за сепарација на дел од територијата на Македонија, за создавање на посебна автономна област, нова држава или пак ќе организираме “борци за човекови“ права составени од криминални групи кои ќе генерираат нестабилност на државата на долг рок.
Братот ти си млад, во дијаспора си и се трудиш и помагаш на било кој начин но
верувај нема многу како тебе во дијаспората, да не речам ама ги боли к**р за
Македонија, Македонци се само кога ќе дојдат на одмор а кога ќе се вратат децата
си ги крстат Џон, Кери, Џими, Том слушаат србски и бугарски турбо фолк а замисли
си АМЕРИКАНЦИТЕ играат оро професионално и подобро од нив и ја знаат подобро
нашата историја...
Еве, перфектен опис:
Јас немам намера да те просветлувам и убедувам повеќе. Ако мислиш дека ќе добиеш нешто доколку се закрвиш со мене биди сигурен дека ќе те третирам полошо отколку душманите од соседството.