LordDragonII
Dr.Strangelove
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 10.995
- Поени од реакции
- 5.726
Хехехехе неее побратиме јок !Се' додека одлуките на политичките власти влијаат на статусот и животот на таа група, се' дотогаш тие имаат неоспорено право да се вклучуваат во политичкиот и општествен живот на својата матична држава.
Голем дел од македонската дијаспора во Македонија имаат оставено имоти. Сите одлуки на државата, како законите за денационализација, легализација, даноци и сл. ги засегаат и нив.
Секоја одлука за оданочување на дејностите влијае на можноста за инвестирање на Македонците од Дијаспората.
Секоја одлука на Владата за промена на името на државата, ги загрозува и нивните права за идентитет и директно го дефинира нивниот статус во странската држава.
Поради овие основни работи твоето мислење и не држи вода.
--- надополнето ---
Држи и те како !
Значи никоја власт не ти спори право на идентитет и имотите ќе ви се вратат (ако некој има), но нешто друго е во прашање...
Кои се основните работи ?
Основните работи сигурно не се имотите, инвестициите, името, индентитетот, знамето...
Живеј како Македонец во Македонија, со 200е плата а цени како во Германија нема да ти чуе к**т за идентитетот или името; самиот факт за огромната цифра на извадени Бугарски пасоши (а знаеме што треба да пополниш за да извадиш нивни пасош) говори за тоа.
Економски сме катастрофа а на гладен стомак нема параноја - се е јасно како ден и нема сомнеж кои ќе бидат следните чекори.
Егизстенција; by any means necessary, луѓето ќе го најдат начинот како да дојдат до неа макар и да бидат кодоши или продадени души.
Друго размислуваме ние овде во Македонија, дали е до :
a) менталитетот
б) гладниот стомак
*заокружи го точниот одговор
Подруго ви е на вас, каде што нема партиски вработувања, непотизам, ниски плати.
Подруго ви е на вас, каде индивидуалните квалитети се вреднуваат највисоко во пазарниот и општествен систем.
Подруго е да си во кафез одколку на небо.
Затоа ни е многу побитно нас, граѓаните на Македонија од сите националности кои живеат на територијата на Македонија и, и служиме и одговараме за нашите постапки пред истата власт која ние ја избираме.
Ние сме во кафезот наречен Македонија, во кој никој од тие што успееја да се ослободат не стави ни нова вода ни храна да чопнеме нешто што викаат...
Никој !
Дијаспора... само летате на небо.
Апсурд;
Кој има повеќе инвестирано во Р. Македонија:
a) Нашиот јужен сосед т.е. Гејлада
б) Македонската дијаспора (два вагони облека )
*заокружи го точниот одговор
Не, не одат работите така.
Да се вратат сите Македонци и да живеат овде, да работат за оваа држава, тогаш нека имаат право на глас а не моите кои се низ буквално сите континенти и си уживкаат, ги нема по 30 години и кога ќе дојдат некое лето на две недели одмор и ќе почнат да ми солат памет КОЈ ТУКА КРАДЕЛ, КОЈ БИЛ ПОДОБАР а они ако може да се каже појма немаат ни како изгледаат нивните дотични политички идоли.
Живееме во два различни света и нема потреба дијаспората да влијае барем на овој начин, зошто ништо не добивате и ништо нема да изгубите.
Ние може само да изгубиме.
Братот ти си млад, во дијаспора си и се трудиш и помагаш на било кој начин но верувај нема многу како тебе во дијаспората, да не речам ама ги боли к**р за Македонија, Македонци се само кога ќе дојдат на одмор а кога ќе се вратат децата си ги крстат Џон, Кери, Џими, Том слушаат србски и бугарски турбо фолк а замисли си АМЕРИКАНЦИТЕ играат оро професионално и подобро од нив и ја знаат подобро нашата историја...
Еве, перфектен опис: