Очекувам барем 30 да дојдат, оти не се пријавуват сите, дали ги мрзе, дали им е срам незнам.
И стално ќе се зголемува бројо
П.С. Мора една фотка да напрааме.
Браво Струмичани...алал Ви вера...
Кога пред 2 години во Ресен започнувавме со реализација на идејата Навивачки Клуб на М.Јунајтед, за организирано следење на натпреварите на Јунајтед низ цела Македонија идејата ни беше да се создадат неколку поголеми регионални центри,кои потоа би ги кординирале и помалите градови....за кога ќе сакаме да организираме некое заедничко следење на натпревар со навивачи од цела земја (за некој поважен натпревар,некое финале и сл.) да можеме лесно да се искординираме и да договориме некој заеднички град....(на средина негде, Битола или Прилеп или пак дружење на лето во Охрид)...
Иако логистички паднавме от -тогаш , гледам идејата зема се поголем замав низ повеќето градови...
Скопјани некако најагилни се во поседно време, после нив Вие Струмичани сте...
Во Прилеп контактирам со голем број на наши фанови....Кичево исто така...Охрид не има многу
Во Ресен како пионери на идејава сме во прилично голем голем број ...
Сеа во последно време се обиднувам во Битола да формирам една база...ама тешко оди, ако имате пријатели дај кажете контакт да ги исконтактираме...
Значи добро е што низ цела Македонија се раздвижуваме....НЕМА ЛАБАВО !!
Во наредниов период планирам да посетам неколку градови кај шо има наши навивачи, па ќе разговараме да се договориме некој заеднчики проект, или некоја активност да напрајме.....Вие Струмица после Скопје секако сте најактивни, па мора да се видиме таму !
Сликајте се обавезно , па постирај слики!
Штета што голем број на страсни навивачи неможам да убедам да се приклучат на форумов, иначе ќе дознаевте и за многу “тврдокорни“ батина од многу градови низ Македонија! Тие некако баш повеќето се скарани со компјутери и интернети
Ај здравје во наредниов период ќе ги посетиме нашите во Скопје, долго време се договараме со "Eric The King" , а можда и “Апокалипто“ ќе го земиме
(кај си море ич те нема на форумов) да ви дојме на посета , некое шише пиво да скршиме....некоја песна да попејаме, па после, ако не викнат пак
ќе се дружиме и почесто !