- Член од
- 9 мај 2011
- Мислења
- 52
- Поени од реакции
- 9
Во право е Заратустра! Поголеми шанси има да се разбереш со варен компир, одколку со тебе!
Се додека инаетот ти е главен адут, ќе бидеш дворска будала на форумов.
--- надополнето ---
Досега одкако сум на форумов, бранителската страна имаше безброј шанси да одговори на прашањата и контрадикторностите кој ги посочив! Ама такво нешто не се случи. Единствено што се добива од таа "бранителска страна" се папагалски повторувања и очајни напори за извртување и избегнување на одговорите.
Еве бидејќи претпоставувам имаш да кажеш повеќе од останативе, те молам објасними ги следниве прашања:
1. Зошто праведен и добар бог, би создал некого без сознание за добро и зло?
2. Зошто истите тие кој ги создал без тоа создание, потоа ги казнува, кога нели немале сознание за добро и зло, а со тоа не ни имале шанса да распознаат исправна од погрешна постапка?
3. Како може семоќен и сезнаен бог, да казнува и наградува?! Казнувањето е акт со кој признаваме дека казнетиот постапил спротивно од вољата на казнувачот! Ако бог е семоќен и сезнаен, тогаш како тоа не е се по негова воља?!
4. Каков е тој бог кој се кае за тоа што го создал, и го уништува во потоп?
5. Како ќе го објасниш тврдењето за капацитетот на ноевата арка која требала да собере 5 милиони животински видови, а била со димензии 137 метри долга, 30 метри широка и 13 висока?! Како ќе го објасниш тоа што сите видови на растенија според библијата требало да преживеат 150 дена под вода?! Каде отишла сета таа вода?
Повели!
1 & 2. Адам и Ева биле предупредени дека ако загризат од забранетото овошје ќе умрат, следствено на тоа користејќи ја моќта на разумот ќе знаат дека тоа е лошо. Потоа, според Битие 3:22, тие не можеле да дознаат што е лошо откако згрешиле бидејќи Јехова не научил што е добро а што зло преку искуство.
Значи, тие научиле што е добро и зло, ама тука добиле спознание во посебна смисла - сами да си одредуваат што е добро и зло. Така, тие го ставиле нивното одредување за добро и зло пред она на Бог, кој знае се и најлогично би бил Тој да одреди што е добро и зло, си направиле свој стандард за добро и зло и така извршиле бунт против Јехова и тоа ги одведе во мизерија. (Еремија 10:23)
3. Може, иако повеќето казни се за корекција, има и некои тешки пресуди за оние што не отсапуваат од своите намери и упорно одат против Бог, како Адам и Ева на пример. Овој свет е под власта на злобниот (1.Јованово 5:19), како може да биде се по негова волја? Инаку неговата волја ќе се врши во новиот свет, во кој ќе живеат праведниците.
4. 2.Петрово 2:5,6 + 2.Солуњаните 1:8,9. Можеби потопот бил за да се види како може да се уништи еден свет, едно општество како пример за денешните времиња.
5. http://en.wikipedia.org/wiki/Species#Numbers_of_species
Ако ги елиминираме рибите, со вкрстено размножување се созадаваат нови видови, плус некои мутации на помалите животни и ред други работи сепак е изводливо. Незнам како е морското дно не е сеуште истражено незнаеме дали има живот на 5 км длабочина (или знаеме).
Па нели земјата е рамна, и така водата истекла по крајот на земјата како водопад
Можеби заради притисокот океанското дно е намалено, планините се извишени, земјата сеуште потопена...