Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 мај 2011
Мислења
52
Поени од реакции
9
Во право е Заратустра! Поголеми шанси има да се разбереш со варен компир, одколку со тебе!
Се додека инаетот ти е главен адут, ќе бидеш дворска будала на форумов.

--- надополнето ---

Досега одкако сум на форумов, бранителската страна имаше безброј шанси да одговори на прашањата и контрадикторностите кој ги посочив! Ама такво нешто не се случи. Единствено што се добива од таа "бранителска страна" се папагалски повторувања и очајни напори за извртување и избегнување на одговорите.
Еве бидејќи претпоставувам имаш да кажеш повеќе од останативе, те молам објасними ги следниве прашања:

1. Зошто праведен и добар бог, би создал некого без сознание за добро и зло?
2. Зошто истите тие кој ги создал без тоа создание, потоа ги казнува, кога нели немале сознание за добро и зло, а со тоа не ни имале шанса да распознаат исправна од погрешна постапка?
3. Како може семоќен и сезнаен бог, да казнува и наградува?! Казнувањето е акт со кој признаваме дека казнетиот постапил спротивно од вољата на казнувачот! Ако бог е семоќен и сезнаен, тогаш како тоа не е се по негова воља?!
4. Каков е тој бог кој се кае за тоа што го создал, и го уништува во потоп?
5. Како ќе го објасниш тврдењето за капацитетот на ноевата арка која требала да собере 5 милиони животински видови, а била со димензии 137 метри долга, 30 метри широка и 13 висока?! Како ќе го објасниш тоа што сите видови на растенија според библијата требало да преживеат 150 дена под вода?! Каде отишла сета таа вода?
Повели!

1 & 2. Адам и Ева биле предупредени дека ако загризат од забранетото овошје ќе умрат, следствено на тоа користејќи ја моќта на разумот ќе знаат дека тоа е лошо. Потоа, според Битие 3:22, тие не можеле да дознаат што е лошо откако згрешиле бидејќи Јехова не научил што е добро а што зло преку искуство.
Значи, тие научиле што е добро и зло, ама тука добиле спознание во посебна смисла - сами да си одредуваат што е добро и зло. Така, тие го ставиле нивното одредување за добро и зло пред она на Бог, кој знае се и најлогично би бил Тој да одреди што е добро и зло, си направиле свој стандард за добро и зло и така извршиле бунт против Јехова и тоа ги одведе во мизерија. (Еремија 10:23)
3. Може, иако повеќето казни се за корекција, има и некои тешки пресуди за оние што не отсапуваат од своите намери и упорно одат против Бог, како Адам и Ева на пример. Овој свет е под власта на злобниот (1.Јованово 5:19), како може да биде се по негова волја? Инаку неговата волја ќе се врши во новиот свет, во кој ќе живеат праведниците.
4. 2.Петрово 2:5,6 + 2.Солуњаните 1:8,9. Можеби потопот бил за да се види како може да се уништи еден свет, едно општество како пример за денешните времиња.
5. http://en.wikipedia.org/wiki/Species#Numbers_of_species
Ако ги елиминираме рибите, со вкрстено размножување се созадаваат нови видови, плус некои мутации на помалите животни и ред други работи сепак е изводливо. Незнам како е морското дно не е сеуште истражено незнаеме дали има живот на 5 км длабочина (или знаеме).
Па нели земјата е рамна, и така водата истекла по крајот на земјата како водопад
Можеби заради притисокот океанското дно е намалено, планините се извишени, земјата сеуште потопена...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1 & 2. Адам и Ева биле предупредени дека ако загризат од забранетото овошје ќе умрат, следствено на тоа користејќи ја моќта на разумот ќе знаат дека тоа е лошо. Потоа, според Битие 3:22, тие не можеле да дознаат што е лошо откако згрешиле бидејќи Јехова не научил што е добро а што зло преку искуство.
Значи, тие научиле што е добро и зло, ама тука добиле спознание во посебна смисла - сами да си одредуваат што е добро и зло. Така, тие го ставиле нивното одредување за добро и зло пред она на Бог, кој знае се и најлогично би бил Тој да одреди што е добро и зло, си направиле свој стандард за добро и зло и така извршиле бунт против Јехова и тоа ги одведе во мизерија. (Еремија 10:23)
Апсурдно е да создадеш некого без сознание за добро и зло, а потоа да го казнуваш! Како ќе го товариш за одговорност кога нераспознава погрешно и исправно? Адам и Ева биле без тоа сознание! Плус, тоа предупредување дека ќе умрат е лага, бидејќи самиот бог после констатира дека: "Ете Адам стана како еден од нас!" а не вели ете Адам јадеше и сега ќе умре!
3. Може, иако повеќето казни се за корекција, има и некои тешки пресуди за оние што не отсапуваат од своите намери и упорно одат против Бог, како Адам и Ева на пример. Овој свет е под власта на злобниот (1.Јованово 5:19), како може да биде се по негова волја? Инаку неговата волја ќе се врши во новиот свет, во кој ќе живеат праведниците.
Бог што казнува или не е семоќен и сезнен бидејќи со казнувањето признава дека некој постапил против негова воља! Или е садист кој и покрај тоа што знаел што ќе се случи, сепак казнува уживајќи да си ја храни суетата и да покажува на послабите од него сила!
4. 2.Петрово 2:5,6 + 2.Солуњаните 1:8,9. Можеби потопот бил за да се види како може да се уништи еден свет, едно општество како пример за денешните времиња.
Можеби и Хитлер сакал да види како може да се уништи цел еден народ!
Па нели земјата е рамна, и така водата истекла по крајот на земјата како водопад
Можеби заради притисокот океанското дно е намалено, планините се извишени, земјата сеуште потопена...
Земјата е рамна?! Ти пријателе од кој век падна овде на форумов? :tapp:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Фанатик, зошто се мачиш да пишуваш? Не еднаш, туку по неколку пати се одговарани тие прашања, но на скептиците едноставно не им се допаѓаат одговорите. Поточно не им се допаѓа тоа што на нивните прашања има одговор, затоа што тие се надеваат дека на поставените прашања христијаните ќе немаат одговор и со тоа ќе ја „побијат“ Библијата и христијанскиот Бог. Ако не ми веруваш во ова што го велам, повели намини после 6 месеци ќе ги видиш истите прашања. Наврати и после една година и пак ќе ги видиш истите прашања по неколку пати одговорени и објаснети.
Ова ти го посочувам за да ти го заштедам скапоценото време.
Поздрав!
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Земјата е рамна.
Поздрав! :helou:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Наврати и после една година и пак ќе ги видиш истите прашања по неколку пати одговорени и објаснети.
Ова ти го посочувам за да ти го заштедам скапоценото време.
Поздрав!
Да беа само еднаш одговорени, ќе беше добро, ама не се, затоа што неможе да одговорите на нив! Затоа што се глупост! Затоа што добро го знаете тоа и наместо одговор од ваша страна има само инаетење, премолчување и манипулирање!
Не по 6 месеви, и по 6 децении, нема да се смени фактот дека на Адам и Ева им било забрането сознанието за добро и зло, а сепак биле казнети! Велиш дека е одговорено и објаснето! КАДЕ?! Каде е објаснето како може да казниш некој што си го создал без сознание за добро и зло?
Јасно си пишува во библијата дека очите им се отвориле ОДКАКО посегнале по сознанието! Што значи дека пред тоа го немале!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
1 & 2. Адам и Ева биле предупредени дека ако загризат од забранетото овошје ќе умрат, следствено на тоа користејќи ја моќта на разумот ќе знаат дека тоа е лошо. Потоа, според Битие 3:22, тие не можеле да дознаат што е лошо откако згрешиле бидејќи Јехова не научил што е добро а што зло преку искуство.
Значи, тие научиле што е добро и зло, ама тука добиле спознание во посебна смисла - сами да си одредуваат што е добро и зло. Така, тие го ставиле нивното одредување за добро и зло пред она на Бог, кој знае се и најлогично би бил Тој да одреди што е добро и зло, си направиле свој стандард за добро и зло и така извршиле бунт против Јехова и тоа ги одведе во мизерија. (Еремија 10:23)
Каков разум има врска со добро и зло?
Што лупаш глупости!
Абе неможе никој да те научи што е добро а што е зло.
Ти веќе знаеш.........туку ако Адам и Ева направиле грешка е тоа е што се разбудиле.
Без разлика кој и да е креаторот на оваа галаксија и на човекот(ако има креатор) јас мислам дека не би му
личело да ги третира лугето како растенија.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Земјата е рамна.
Поздрав! :helou:
Искрено ова не очекував да го прочитам......во 21 век да веруваш дека земјата е рамна?! И уште Чорбаџија му вика, остај ги, џабе им објаснуваш!:pos::pos::pos:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Искрено ова не очекував да го прочитам......во 21 век да веруваш дека земјата е рамна?! И уште Чорбаџија му вика, остај ги, џабе им објаснуваш!:pos::pos::pos:
Jokin, duude, само потенцирам какви глупости не ќе прочиташ тука. :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Jokin, duude, само потенцирам какви глупости не ќе прочиташ тука. :)
Абе знам дека се зезаш, не се однесуваше на тебе коментарот, туку на Фанатик. :helou:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Па нели земјата е рамна, и така водата истекла по крајот на земјата како водопад
Можеби заради притисокот океанското дно е намалено, планините се извишени, земјата сеуште потопена...
Рамна е друже, ти никако немој да бараш податоци и докази против тоа, само напред верувај во тоа.
ПС, Сакаш да те вработам, давам одлична плата, посебни пари со кои можеш да пазариш секаде. Ќе ги добиеш после една година работа, ама после то цел живот ќе живееш ко цар. Шо викаш? :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Рамна е друже, ти никако немој да бараш податоци и докази против тоа, само напред верувај во тоа.
ПС, Сакаш да те вработам, давам одлична плата, посебни пари со кои можеш да пазариш секаде. Ќе ги добиеш после една година работа, ама после то цел живот ќе живееш ко цар. Шо викаш? :)
http://www.demotivacija.mk/newest/predupreduvanje-1256.html
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
земјата е рамна ова беше јако!!! еве ти 5 по географија а ако ги спомнеше и слоновите што ја крепат да не се преврти ке добиеше и 5 по биологија а богами и по физика ради вмешаноста на гравитацијата во твојот исказ.
а воедно го повикувам семоќниот создавателот јехова или како и да се вика под итно да си ја собери вересијата.

--- надополнето ---

веќе оддамна го имам во потпис :)
 
Какви црни слонови те спопаднале, аман! Земјата стои на желка која е врз три кита, или пак беше ковчег, а звездите се дупки во горниот капак на ковчегот низ кој продира светлина.Нема тука никакви слонови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom