Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Тоа ти е исто како јас да ти поставам прашање на тема “прашања за Христијаните“ дали киви или авокадо има повеќе витамини, или дали БМВ или мерцедес прави подобри мотори, само затоа што темата се викала “прашања за Христијаните“.

Толку ли не сфаќаш, врска нема прашањево со атеизам.
Постави такво прашање и јас лично ќе ти одговорам, а можеби и некој друг верник ќе ти одговори. Само ти постави прашање.

--- надополнето ---

Ај да се не мучиш со глупи паралели од километар око Крагујевца:

Не само човекот е свесно битие. Свесни се и животни. На пример сите ПРИМАТИ, од кои сме и ние луѓето дел.

Свесност за себе имаат, покрај шимпанзото, бонобото, орангутанот и горилата, исто и слоновите, кучињата и лемурите. Сигурен сум дека тука спаѓаат и делфините, китовите и уште пун ку*ац други животински видови чиј мозок е над рептилскиот.

Ако си тргнал по оваа патека (со свесноста и самосвесноста) си се заебал гадно. Човекот не е уникатен по прашање на свесност и самосвест. Уникатен е, можеби, единствено по прашање на злобата. Иако и шимпанзава тинејџери се обидуваат да парираат и тука.
Прашањето не е за човекот, животнискиот и материјалниот свет. прашањето е дали материјата, атомите, молекулите, или еве попоросто да разбереш Сонцето е свесно или не. Има ли свест или нема?
Сега јасно ли ти е?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ати зборуваш со телевизорот? И што муабет правите?
Ме интересира кога нема струја, седете во темница или на свеќа разговарате? Навистина имаш верен пријател и соговорник.[COLOR=Silver[/QUOTE]
Поентата со телевизорот беше твојата споредба помеѓу мене и каменот, и тоа што јас сум можел да разговарам а каменот не! Затоа ти го посочив телевизорот, и тој зборува (никаде нереков со мене!).
Свеста неможе да се измери ниту да се набљудува и затоа неможе да се тврди и докаже дали е или не присутна во одреден објект/субјект!
Бидејќи си испраќаме еден на друг литература и јас нешто да ти пратам:
Svijest je najmlađa (u filogenetskom smislu), nasloženija i isključivo ljudska psihička funkcija“. од: http://bs.wikipedia.org/wiki/Svijest

Сега повторно прашањето: дали материјата, атомите, молекулите, минералите итн. ја имаат оваа свест? Да или не? Како ја дефинирате матиријата, како свесна материја, која има сознание, моќ на расудување и е со сите атрибути кои и се припишуваат на свеста, или нема свест?
Токму поради ова ти ги посочив двете филозофски гледишта, ама тебе не те интересира (или неможеш да сватиш...сеедно), според кој постоењето е или материјално, каде се е производ на материјата, или ментално, т.е се е производ на свеста!
Англискиот јазик е многу поадекватен за објаснување, бидејќи има повеќе термини кој објаснуваат различни нивоа и форми на свеста. Објаснувањето кое ти си го навел се однесува за самосвеста кај луѓето, но тоа незначи дека останатите живи организми не се свесни! Самата дефиниција "живо" мора да ја содржи свеста, ако нешто не е свесно, тогаш не е живо.
Човечката свест според Panpsychism-от е едно ниво или перспектива од апсолутната или космичка свест. Според оваа филозофија, материјата не е свесна, туку е производ на свеста.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прашањето не е за човекот, животнискиот и материјалниот свет. прашањето е дали материјата, атомите, молекулите, или еве попоросто да разбереш Сонцето е свесно или не. Има ли свест или нема?
Сега јасно ли ти е?
ОК. Нема свест. И сеа?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како што христијаните одговарат на темата: Прашања до христијаните и при тоа користат литература и лично размислување, така се надевам дека некој од атеистие разумно ќе одговори на прашањето, користејќи литература и лично размислување.
Ако навистина те интересира литература по ова прашање, побарај дела од Дејвид Чалмерс (http://en.wikipedia.org/wiki/David_Chalmers), А можеш и да истражиш за архетипите на свеста од Карл Густав Јунг.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
ОК. Нема свест. И сеа?
Твојот исказ гласи: „ОК. Нема свест“.
Да дефинираме: Сонцето, т.е. неживата метерија нема свест. Па објасни ми како неживата материја без свест добила свест?

Немој да кажеш дека тоа не е можно.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Joan ke go procita David Chalmers i nikoj ne ke go vidi...

:pos2:
Абе ја знам дека нема да прочита, ама да небиде никој не му посочил литература! Побара, му посочив, да видиме колку навистина се интересирал.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Абе ја знам дека нема да прочита, ама да небиде никој не му посочил литература! Побара, му посочив, да видиме колку навистина се интересирал.
Za citanje na Chalmers treba prethodno obrazovanie. Kako Joan ke go razbere konceptot na zombi, ili Calmersovite spekulacii okolu panpshihizmot? Mislam, da ne preteruvame...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
ДБацк одговори: ОК. Нема свест.

Поставив дополнително прашање.

Има ли некој барем малку учен атеист да одговори?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ДБацк одговори: ОК. Нема свест.

Поставив дополнително прашање.

Има ли некој барем малку учен атеист да одговори?
Доби одговор Јоане, дали ќе го разбереш не е до нас, до тебе е! Еве го по втор пат:
Самата дефиниција "живо" мора да ја содржи свеста, ако нешто не е свесно, тогаш не е живо.
Човечката свест според Panpsychism-от е едно ниво или перспектива од апсолутната или космичка свест. Според оваа филозофија, материјата не е свесна, туку е производ на свеста.
Ако навистина те интересира природата на постоењето од гледна страна на двата филозофски правци: Панцихизмот и материјализмот...(за што искрено се сомневам), тогаш побарај ги насловите кој ти ги дадов.

--- надополнето ---

Za citanje na Chalmers treba prethodno obrazovanie. Kako Joan ke go razbere konceptot na zombi, ili Calmersovite spekulacii okolu panpshihizmot? Mislam, da ne preteruvame...
Одговор доби, литература му посочив, дали ќе разбере или не, негово е!
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Прашањето е: „...Да дефинираме: Сонцето, т.е. неживата метерија нема свест. Па објасни ми како неживата материја без свест добила свест?“

Доби одговор Јоане, дали ќе го разбереш не е до нас, до тебе е! Еве го по втор пат:

Ако навистина те интересира природата на постоењето од гледна страна на двата филозофски правци: Панцихизмот и материјализмот...(за што искрено се сомневам), тогаш побарај ги насловите кој ти ги дадов.

--- надополнето ---

Одговор доби, литература му посочив, дали ќе разбере или не, негово е!
Кој ти е одговорот?

Само немој те молам веќе ми здодеа линкување до некој или до клипче од Youtube.

Дај одговори со твои зборови, ваљда имаш малку разум за тоа, не треба многу, туку токму толку колку што имаш.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прашањето е: „...Да дефинираме: Сонцето, т.е. неживата метерија нема свест. Па објасни ми како неживата материја без свест добила свест?“

Кој ти е одговорот?

Само немој те молам веќе ми здодеа линкување до некој или до клипче од Youtube.

Дај одговори со твои зборови, ваљда имаш малку разум за тоа, не треба многу, туку токму толку колку што имаш.
Како кој ми е одговорот? Ти кажав ли дека постојат две толкувања? Едното е материјализмот, според кое непостои ништо освен материјата, и се е створено од неа. Второто толкување се вика Панцихизам (Panpsychism) и според ова толкување постоењето и свеста се едно исто, т.е свеста е фундаменталната природа на се што постои. Според ова толкување, материјата е производ на свеста, супстанцијата на материјата е свест!
Јас верувам дека вистинската природа на постоењето е панцихизмот поради однесувањето на материјата на квантно ниво, кое најдобро може да се види кај познатиот double slit experiment, кој јасно докажува дека самото набљудување (мерење), влијае на материјата.
 
Panpsihizam bi bil korektniot prevod na Makedonski. Inaku smetam deka zaklucuvanjeto po analogija od mikro svetot na elementarnite cesticki, kon makro svetot na predmetite kakvi sto gi znaeme od sekojdnevnoto iskustvo, filozofski ne e izdrzano...

Kaj Chalmers, panpsihizmot e poveke spekulacija, kako sto i toj samiot naveduva, od kolku definiran stav.

No za ova ke diskutirame vo nekoja druga prilka...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Panpsihizam bi bil korektniot prevod na Makedonski. Inaku smetam deka zaklucuvanjeto po analogija od mikro svetot na elementarnite cesticki, kon makro svetot na predmetite kakvi sto gi znaeme od sekojdnevnoto iskustvo, filozofski ne e izdrzano...

Kaj Calmers, panpsihizmot e poveke spekulacija, kako sto i toj samiot naveduva, od kolku definiran stav.

No za ova ke diskutirame vo nekoja druga prilka...
Не бев сигурен за македонскиот изговор, затоа го ставив во заграда англискиот....инаку и јас напоменав дека е толкување! Научно да се докаже е невозможно бидејќи свеста е субјективен феномен кој неможе да се измери и набљудува, а тоа е единствениот научен метод - мерење и набљудување.
Инаку дали е неиздржана аналогијата на микро со макро светот...и не сум баш сигурен дека е така. Својството на материјата познато како "entanglement" посочува на тоа дека раздвоеноста на фундаментално ниво непостои....дека се е испреплетено - поврзано, што е можна причина за холографска природа на универзумот, а кај холограмот и најмалото делче ја содржи информацијата од целината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom