Се согласувам: броевите сами од себе не можат да лажат, оти немаат дух, но затоа манипулантите можат да ги „наштимаат„ бројките за да бидат во функција од нечие (пред)убедување.
--- надополнето ---
Не постои завера против религиозните.
Тоа е чисто атеистички став: истражувачите на масонските движења го велат спротивното...
--- надополнето ---
Светот е таков каков што е.
Хмммм....Мисла на денот?
--- надополнето ---
Што и си помислиш - нема да го промениш.
Се согласувам: во мојата вера, битно е јас да се променам а не дека јас треба да го променам Светов.
--- надополнето ---
Но ајде да ја видиме вистинитоста од статистичките категории.
Имено, според пописот од 2002 г., од сите македонци кои се македонци по род, 1 380 000 македонци се изјасниле за православни верници. И сега, ако таа бројка, според која речиси сите македонци се православни, е точна, тогаш, во Македонија малку ќе ни се сите црковни храмови за да ја примат таа бројка од верници. Ќе испадне дека буквално секое маало треба да има свој црковен храм, не? А реалноста, која е очигледна, вели дека нашите црковни храмови се празни! Јас сум очевиден на таа појава...
Затоа, статистиката е псевдо-научна дисциплина, која нема блага врска со реалноста, па затоа статистиката е предмет кој служи ем за мајтап (како оној со сармата...) ем за манипулација. Така, секој анкетиран може да се изјасни за било што однос на вероисповеста, што значи дека
анкетираниот може елегантно да излаже, а
неговата лага да стане статистички податок, во кој некој верува!
Лага...
Поголема лага...
Сатистика...