Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Смислата можеш да ја анализираш, но тоа не те апсолвира од исполнување на она што е Закон.Ок, пошто очигледно неможеш да разбереш ништо што не е напишано во стил: „Платоон 12:2 - Не си во право за тоа што го тврдиш“ ... тогаш ќе ти го дадам како што верувам ќе го прочиташ, а притоа пази да не го толкуваш затоа што според тебе не треба:
Неемија: 8:8 И читаа од свитокот на Божјиот Закон по одломки и ја разјаснуваа смислата за да може народот да разбере што се чита.
Исаија: 34:16 Истражувајте во Господовата книга и читајте, ниедно од тоа не изостана, зашто Неговата уста нареди така, и Неговиот Дух нив ги собра.
Дела Ап.:28 и на враќање, седеше во својата кола и го читаше пророкот Исаија. ... 29 А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!”
... 30 Кога Филип притрча и чу дека оној го чита пророкот Исаија, и рече: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?”
... 31 Тој пак рече: „Како би можел да разберам, ако некој не ме упати!” И го повика Филипа да се качи и да седне со него.
Псалм: 111:2 Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.
Осија: 14:9 Кој е мудар нека го сфати ова, и разумниот човек нека сознае! Зашто Господовите патишта се прави: праведниците одат по нив, а грешниците паѓаат на нив.
Тимотеј: 2:7 Разбери што зборувам, Господ ќе ти даде да разбереш сè.
Толкување, разбирање, примање, ... како можеш да негираш такво нешто? Можам да ти ископам неколку стихови кои само со читање се смешни, но веројатно и за нив би тврдел дека само треба да се читаат а не и да се разберат за да го одбраниш својот став.
Којшто е јасен.
7 А левитите Исус, Ваниј, Серевиј, Јамин, Акув, Саветај, Одиј, Масиј, Келит, Азариј, Јозавад, Анан и Пелај му го објаснуваа Законот на народот, а народот стоеше на своето место.
8 И читаа од свитокот на Божјиот Закон по одломки и ја разјаснуваа смислата за да може народот да разбере што се чита.
Ти пишува јасно дека наведените Левити го објаснувале Законот на народот.
Дали си ти левит?
Дали си посочен во наведениот цитат?
Ако не значи од Бога не ти е дадено право да толкуваш.
Тие што имале право се наведени со име во Книгата.
Ние останатите немаме такво право дадено од бога...