Убо велиш. Не ме чуди ако една и иста метода дава еден и ист резултат...
Значи, на крајот од 19-от век, имавме една претпоставка за староста од Земјата. Денес, имаме некоја друга, а во догледна иднина, сигурен сум дека ќе има и трета а можеби и шеста. Која од нив е точна? Зашто таа почетна цифра од 20 мил. години непрекидно се „надувува„ до денешните 4,7 милј. години за староста на Земјата или оние 17-20 милј. години за староста на Вселената?
Од каде доаѓа овој невиден отпимизам во точноста од тековно прифатените вистини во науките, кога е повеќе од јасно дека тие вистини траат една човечка генерација?
Која ќе биде утрешната бројка за староста на Земјава?
Што се однесува до катаљоните години, логиката е проста: за да биде еволуцијата точна, т.е. за да се потврди тезата дека животот настанал случајно, еволуционистите „маваат„ тешки цифровидни години, па во тој огромен и незамислив временски период и тек, по принципот на статистиката веројатност (т.е. Болцмановиот статистички еуфемизам!), можел да се случи и случаен настан, од кој случајно би настанале првите органски молекули,