Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Satanizmote dobar, da, poso oni se ustvari ateisti i ne veruvaat vo licnosen bog osven ako ne se misli na teistickite Obozavateli na Satana (Lucifer) ama i tie se dobri barem teoretski ko sto sekoja vera u teorija e ok mislam ona sto propoveda da se pravi, a za praxa odkaj da znam, no (BITNO) samiot fakat sto ima dobri i losi luge u sekoja vera veke kazuva deka niedna nema prednost i exkluzivitet nad druga!KRAJ!
 
Г

Господ

Гостин
Атеистите ќе докажат дека Бог не постои но кога теистите ќе го докажат не постоењето на

Побарав од тебе да докажеш дека не постои Зевс - не успеа - ниту проба.

Побарав да го направиш истото за Дедо Мраз - ништо.

За розевиот еднорог, за мелезот меѓу патлиџан и слон, за левијатанот со вокмен во орбита околу Марс, за Баба Рога - јок.
Мислам дека е фер?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е фер...

Тоа е исто како да барам доказ дека постоела Шехерезада, иако истата е саде фиктивен лик од познатата книга со прикаски...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Чекај сега, пак морам да се сложувам со твоите идеи за името на Бог? Сигурно не знаеш повеќе од мене за името на Бог во кого верувам? А што велиш за сатаната, сатанизмот, добар е? Ни збор немаш кажано секојпат кога се споменува (конкретно претходниот ден мислам од нихилистот, а и од мене). Сатанизмот е добра, вредна за почит и заслужна религија?
Можеби, но многу долго време науката се држеше за оваа теорија. Ја имат образложено математички, со раснење на универзумот, развој...токму од водечките сајнс списанија, НАСА сајтови и познатите авторитети (Хокинг, Саган....). Инаку на едно место (мислам дека Хокинг) некој (на прашањето што било пред тој почеток) имаше одговорено дека не се занимава со тоа, но најверојатно физичките, хемиските закони и константи биле сосем поинакви.
Инаку не е филозофија туку теорија за настанок и развој на универзумот, досега најексплоатирана (иако последно време се пробиваат и други размислувања и тези).

Знаеш кој ја засновал? Сигурно ќе видиш на нет...свештено лице. Свештеник и научник-физичар.

Сеуште сметаш дека оние списоци (као списоци од концлогори) за умовите кои го водат светот-атеисти се ок? Би требало да сме опен-мајнд...за нови информации
Еве го заедно со г-динот Ајнштајн врз чиј труд се базираат многу теории

Не треба да се сложиш со моите, туку со идеите на твојтата конгрегација. Ако богот на христијаните е Јахве, тогаш тој е и твој Бог. Сигурно не е Митра, нели? не гледам зошто ти е проблем да го именуваш онака како што се вика?!?

За сатанизмот, ако стварно сакаш да збориме, ќе треба прво да се согласиме што е тоа и кои се неговите постулати. Ако си подготвен, да земеме да читаме, па кога ќе научиме и двајцата, да земеме и да збориме и спориме. Колку за шмек на разговоров, би ти кажал дека од моето скромно познавање на оваа филозофија, една од варијантите на сатанизмот ми е прифатлива. Таа е онаа на поетот Милтон за Луци кој е иновативен, критички ум со голема желба за откривање и развој, отфрлен и презрен од својот горделив и суетен креатор. Валканите нихилистички и радикални варијанти кои вклучуваат козја крв и восок од свеќи - не ми се воопшто привлечни, ниту интересни.

Знам за човекот кој ја поставил. Знам, исто така, дека нешто во оваа теорија не е ОК, исто како што наведов во мојот претходен пост. Се надевам дека го прочита тој дел. На крајот беше. Претпоставував дека прашуваш токму ради попот, па затоа и ти го пишав делот со „нулти почеток“ кој во својата срж е истата религиска догма на креационизмот.

Ете го монсие со Ајнштајн, слика за која се надевам дека немаш намера да ја аргументираш во стилот: „Ајнштајн верувал во Бог“. Искрено се надевам дека нема да се лизнеш тука.

Инаку, да, сеуште тврдам (имаме и статистики) дека атеистите се оние кои го движат светот напред - во минатото и сега. Секоја чест на исклучоците, но фактичката состојба е 3,3% верници во Лондонската Академија и околу 10% теисти во америчката. Ова се податоци од валидни истражувања - не се „набадани“ од пристрасни идеолози.

Во минатото, Лурц, било социјално недозволиво да се промовира атеизам. Затоа и огромен дел од напредните ерудити не се декларирале како атеисти јавно! Ситуацијата не е многу поинаква ни денес, кога зборуваме за „обичните“ луѓе. И денес постои притисок од околината кога е во прашање религијата. За човек (како мене, на пример) јавно да излезе и каже дека е атеист ќе биде осуден од поголемиот дел од луѓето како предавник, непатриот и гомно арогантно. Мислам дека со ова ќе се сложиш.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не е фер...

Тоа е исто како да барам доказ дека постоела Шехерезада, иако истата е саде фиктивен лик од познатата книга со прикаски...
Potpolno isto kako i prikaskata za bog
 
Г

Господ

Гостин
Мислам дека атеистите исто гледаат на Бог и Библијата...дури и за тие и за тие се прават филмови.Ме интересира како се докажува негација?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не е фер...

Тоа е исто како да барам доказ дека постоела Шехерезада, иако истата е саде фиктивен лик од познатата книга со прикаски...
Токму така, Мики :D ...токму така!

Мислам дека почна нешто чудно да работи во твојата глава. Се вика критичко размислување. Сеуште е на почеток, но е незапирливо и волшебно.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мислам дека почна нешто чудно да работи во твојата глава.
Точно така, DBack. Еве, да бидам жив и здрав, во недела сакам да се причестам со Светите Тајни Христови.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Абе Дибек доста се вртиш и се плеткаш. Можеш да трескаш глупости колку сакаш, мислиш дека твоето неетичко однесување ќе има некој ефект на мене. Тоа е само знак на твојата простотија.

И потврди го твоето тврдење веќе. Ако тврдиш дека непостои Бог, тогаш човече треба да дадеш образложение за да го поткрепиш тоа твое твдење. Ако неможеш да го направиш тоа, тога толку е од твојот цврст атеизам.
Абе, Боби, ако имаш некаков муабет - кажи го. Пошто навредите вон контекст ич не ме мотивираат.

И уште еднаш, по катаљонити пат, да пробам (знам дека е џабе, ама ај) Ако некој нешто докажува треба да докаже ДЕКА ПОСТОИ!!! Не можеш да докажуваш непостоење.

За моите аргументи зошто е невозможно и зошто е инфантилно да замислуваш Стар Бел Дедо на небото ќе треба да се навратиш низ темава. Нема да ти биде лесно, но ти ветувам дека ќе прочиташ многу интересни работи. Ако не ти се свиѓаат ;)

Мојата простотија ја пиеш ти и оние кои ја заслужиле. Останатите добиваат многу поинаков третман. Знаеш она: „На царот царевото...“

За глупостите мои, ќе треба да ги изолираш и контрааргументираш. Знам дека не е лесно, ама ајде, ќе те почекам...

--- надополнето ---

Точно така, DBack. Еве, да бидам жив и здрав, во недела сакам да се причестам со Светите Тајни Христови.
Честитки насекаде. Внимавај само на оваа паралелава Дедо Мраз и Дедо Боже... пошто исто е дали го докажуваш непостоењето на едниот или на другиот. И двајцата се измислени. Само што едниот е ептен добричина, а другиов е малку построг.

--- надополнето ---

Јас се чудам како некои од вас воопшто имаат нерви да се спорат на оваа тема со таква личност. Зарем е нормално да потрошите цели денови на барање линкови, цитати и што уште не за да некого на форум му сервирате "наводни" докази за непостоењето на антропоморфен бог(Епа Дибек не е тоа нормално - веројатно има многу други попаметни работи од ова нели ?)!!!!! И кога нормално ќе добиете еден куп против аргументи кои исто толку држат вода колку и неговите аргументи тогаш почнуваат навредите кон соодветниот форумџија.
Кој кого вреѓа? Не разбирам баш што сакаш да кажеш.

28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Во минатото, Лурц, било социјално недозволиво да се промовира атеизам. Затоа и огромен дел од напредните ерудити не се декларирале како атеисти јавно! Ситуацијата не е многу поинаква ни денес, кога зборуваме за „обичните“ луѓе. И денес постои притисок од околината кога е во прашање религијата. За човек (како мене, на пример) јавно да излезе и каже дека е атеист ќе биде осуден од поголемиот дел од луѓето како предавник, непатриот и гомно арогантно. Мислам дека со ова ќе се сложиш.
Чиста пропаганда која не држи воопшто вода :)
Неговиот пријател на сликата не бил свештеник, но постигнал многу. Завршил цивилни високи школи, како и таткото на неговиот пријател. Ова не е ни за дискусија, него типичен стереотип.
Од друга страна Св Кирил, Св Наум и други заслужни познати свети лица...биле и живееле во Црквата и за Црквата, со Бога. Св. Кирил и брат му изучувале повеќе науки и јазици, преведувале црковни книги...а за оставштината во културата и мисионерските благодети е веќе познато што се имаат сторено. Теологијата и верата во Бога не им пречеле да творат, обединуваат и поучуваат. Е такви луѓе го движеле светот, со кликер, што нема врска со религии, верувања или атеизми.
За сатанизмот, ако стварно сакаш да збориме, ќе треба прво да се согласиме што е тоа и кои се неговите постулати. Ако си подготвен, да земеме да читаме, па кога ќе научиме и двајцата, да земеме и да збориме и спориме. Колку за шмек на разговоров, би ти кажал дека од моето скромно познавање на оваа филозофија, една од варијантите на сатанизмот ми е прифатлива. Таа е онаа на поетот Милтон за Луци кој е иновативен, критички ум со голема желба за откривање и развој, отфрлен и презрен од својот горделив и суетен креатор. Валканите нихилистички и радикални варијанти кои вклучуваат козја крв и восок од свеќи - не ми се воопшто привлечни, ниту интересни.
Не зборам за злото пошто за мене тоа е зло, но гледам дека за тебе не е. Има тема каде може да си прозборите за сатанизмот и има 2-3 присталици кон истиот. Само се посомневав пошто ниеден пост за сатанизмот не критикуваше, напротив, го величаше Луци како нешто највозвишено.
 
Г

Господ

Гостин
Ме интересира како се докажува негација?
Прашав како се докажува дека нешто не постои?
А не како се побива тврдење дека нешто не постои.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
У ствари Шехерезада постои, а Ленин и Барбароса биле само митолошки, поточно измислени личности
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прашав како се докажува дека нешто не постои?
Обиди се вака: побиј сите тврдења дека „нештото„ постои па ќе Ти преостане само заклучокот дека „нештото„ не постои. Простиот негаторски став дека „нештото„ не постои се саде празен збор, зад кој не стои доказна постапка. Зборовите кои се празни и немаат докази за себе, се именуваа како „памфлети„. На пример, изразот „Солун е наш!„ е памфлет, оти Солун не е наш-туѓ е.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Чиста пропаганда која не држи воопшто вода :)
Неговиот пријател на сликата не бил свештеник, но постигнал многу. Завршил цивилни високи школи, како и таткото на неговиот пријател. Ова не е ни за дискусија, него типичен стереотип.
Од друга страна Св Кирил, Св Наум и други заслужни познати свети лица...биле и живееле во Црквата и за Црквата, со Бога. Св. Кирил и брат му изучувале повеќе науки и јазици, преведувале црковни книги...а за оставштината во културата и мисионерските благодети е веќе познато што се имаат сторено. Теологијата и верата во Бога не им пречеле да творат, обединуваат и поучуваат. Е такви луѓе го движеле светот, со кликер, што нема врска со религии, верувања или атеизми.
Не зборам за злото пошто за мене тоа е зло, но гледам дека за тебе не е. Има тема каде може да си прозборите за сатанизмот и има 2-3 присталици кон истиот. Само се посомневав пошто ниеден пост за сатанизмот не критикуваше, напротив, го величаше Луци како нешто највозвишено.
Нема стереотипи. Самиот си напиша дека е свештеник, а сега викаш обратно. Не те разбирам. Еве, провери си: http://en.wikipedia.org/wiki/Georges_Lemaître

Точно е дека Наум и Кирил и Климент направиле многу. Го направиле тоа во 800 и 900-та година (пред еден милениум) бидејќи биле едни од ретките луѓе кои имале пристап до информации.

Денес е светот многу поинаков. Уката од религијата е запрена таму каде што била во хуманизмот. Оттогаш религијата има многу малку [Bкорисни придонеси[/B], ако воопшто има.

И повторно си во право. Тоа што тие луѓе ширеле писменост и воведувале новини нема врска со нивната религиозност, туку со нивната иновативност и жед за прогрес.

За Луци. Јас Луци не го величам. Луци е измислен лик од христијанската митологија. Тоа што ми се допаѓа кај тој митски лик е неговата независност, критичност и снаодливост. Себе не се доживувам како сатанист. Сомнежот ти е безпредметен.

Што е со Дедо Мраз и децата?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Нема стереотипи. Самиот си напиша дека е свештеник, а сега викаш обратно. Не те разбирам. Еве, провери си: http://en.wikipedia.org/wiki/Georges_Lema%C3%AEtre
Бреј, ај да објаснам. Неговиот пријател=Ајнштајн, тој не бил свештено лице. таткото на неговиот пријател=Херман, не бил свештено лице. Не држи вода дека ако не си бил тие времиња свештеник дека не си имал успех.
Што тогаш праеле илјадниците филозофи низ тие периоди, се дембелееле, локале по кафани, (полудувале како оној бог е мртов) и филозофирале. Како и сега, или ќе го биде или нема да го биде.

И повторно си во право. Тоа што тие луѓе ширеле писменост и воведувале новини нема врска со нивната религиозност, туку со нивната иновативност и жед за прогрес.
Знам многу луѓе кои се и писмени и имаат здрав разум, а веруваат многу поздраво и поцврсто во Бога од мене. И обратно. Али не знам зашто сеуште се држиш до оваа теорија кога гледаш дека на секој чекор ти паѓа во вода. Поделбата овде на уки и неуки всушност цело време ја прави еден атеист, а не еден православен :)

Денес е светот многу поинаков. Уката од религијата е запрена таму каде што била во хуманизмот. Оттогаш религијата има многу малку [Bкорисни придонеси[/B], ако воопшто има.
Повторно теза која ја среќавам често само на Докинс сајтови. Релативно е. Голем број изуми, закони, законитости и константи се најдени токму во тој "мрачен" период. Од Хитлера наваму имаше време со постоечката технологија да се изнајде многу нешто, но сите револуционерни би рекол откритија се до Хитлера. Од Коховиот бацил, пеницилинот, радиографијата, телефонијата, трите закони за...четирите константи за, планк, Њутн, ниче, Енгелс,...користењето на фреквенциите и брановите, пеницилинот, еј-бомб т.е. субатомските манипулации...да не ги редам...сето тоа е пред војната. Сега се најдени мобилните, усовршени се комјутерите-ок, едно нешто. Нешто друго, револуционерно за човештвото (не Небула на миљон светлосни години оттука, која не ми значи ништо кога треба да лечам роднина од рак)...чат пат ќе се најде :) Не дека нема, но тоа е само усвршување на постоечкото, а не ново и револуционерно. Најдоа лек, чаре...за ракот, туморот? Не, но имаат техника "со која ќе појдат на Марс"

Што е со Дедо Мраз и децата?
Пишав на другата тема
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom