Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
БОГ НИ ЈА ДАЛ ТАА ЖЕЛБА!
Од дека Ти е ваа мудрост, разбираш?

Бог ги створи Адама и Ева со цел, (меѓу другото...) да им го предаде своето бесконечно знаење, така да првите луѓе би ги примале знаењата Божји непосредно и бесконечно/бескрајно, а не дека Бог ги створи Адама и Ева со цел, овие да си ги арчат времето и животот и да се мачат во своеглаво испитување на тајните на Вселената, поставувајќи и докажувајќи ваквија и онаквија теории...
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Универзумот и се во врска со него е релативно, па и смислата на постоењето. Еден од законите во универзумот гласи дека ништо неможе да се создаде ниту уништи, туку само да премине од еден во друг вид. Со оглед што и животот т.е ние како субјекти сме дел од овој универзум, тој закон важи и за нас! Ништо неможе да се уништи, само да се тренсформира, законите на универзумот неправат одстапки нели?
Конечно кажа нешто што вреди. Точно е така дека ништо не можи да се уништи, туку да се трансформира.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Deka ne postoi Bog vo smisla licnost koja se grizi za nas moze da se vidi i od samite religii, imeno On bolje znae sto e za nas (znaci dzabe molitvite ke bide kako sto ke bide), posle Negovoto Predznaenje (ti mu se molis za nesto a On veke znae sto te ceka) posle vikaat Bog e nespoznatliv samo ne se konsekventni pa potoa go definiraat Bog e ljubov ova ona, a nasproti toa faktite koi jasno kazuvaat deka ne postoi Bog koj se grzi za nas i koj nesto intervenira za nas, a ona sto vikame pomaga moze lesno da se objasni so avtosugestija i mnogu kazuva za Nego, imeno ne go resava glavniot problem a pomaga na sitno, Znaci, postoenjeto na poveke religii a tvrdenjeto deka Bog e samo Eden zaedno so zloto vo svetot i rasipanosta na coveckata priroda jasno ni kazuvaat deka Bog e poim sozdaden od lugeto!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Од дека Ти е ваа мудрост, разбираш?

Бог ги створи Адама и Ева со цел, (меѓу другото...) да им го предаде своето бесконечно знаење, така да првите луѓе би ги примале знаењата Божји непосредно и бесконечно/бескрајно, а не дека Бог ги створи Адама и Ева со цел, овие да си ги арчат времето и животот и да се мачат во своеглаво испитување на тајните на Вселената, поставувајќи и докажувајќи ваквија и онаквија теории...
Епа шо не им го дал тогаш, туку ги лажел?!?!
Што се заебал така, Јахве? Не ли предвидел дека ќе му се одметнат? Не ли е малку чудно што после се налутил и ги казнил? Нели е сезнаен, семоќен и сеприсутен?!?!
Зошто тоагаш ги оставил после да се мачат наместо да ја корегира грешката со едно „нека биде“ ко што рпавел со ред?!!?

Зошто Јахве се заебал? Каков Бог е тоа што се заебува сам?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Воа е училишен пример за богохулење...
Еден атеист никогаш не може да богохули.

Од друга страна, теистот може. Ти, на пример викаш дека Шива не е бог (богохулиш), викаш дека Тор не е бог (богохулиш), викаш дека Митра не е Бог (богохулиш) и така натаму, за сите останати илјадници богови освен својот. Ти си, Мики, еден огромен БОГОХУЛНИК!!!

Ја сум само атеист. За мене сите тие богови НЕ ПОСТОЈАТ. Така, не можам ниту да богохулам. Ти можеш и го рпавиш тоа. ;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еден атеист никогаш не може да богохули.
Точно! Затоа што атеистот сам себе се амнестира од богоулењето, така што ќе Го „тргне„ Бога на страна и со тоа, на атеистот се ќе му биде (само)допуштено, така? Убо! Нема кој ми става „сопки„ и ја ќе праам шо ќе ми се кеифне!
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Од дека Ти е ваа мудрост, разбираш?

Бог ги створи Адама и Ева со цел, (меѓу другото...) да им го предаде своето бесконечно знаење, така да првите луѓе би ги примале знаењата Божји непосредно и бесконечно/бескрајно, а не дека Бог ги створи Адама и Ева со цел, овие да си ги арчат времето и животот и да се мачат во своеглаво испитување на тајните на Вселената, поставувајќи и докажувајќи ваквија и онаквија теории...
Како можел да им предаде знаење кога тие немале разум се додека не јаделе од дрвото на спознанието?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Точно! Затоа што атеистот сам себе се амнестира од богоулењето, така што ќе Го „тргне„ Бога на страна и со тоа, на атеистот се ќе му биде (само)допуштено, така? Убо! Нема кој ми става „сопки„ и ја ќе праам шо ќе ми се кеифне!
Неточно!

Атеистот не се амнестира од ништо, туку се смета единствено самиот себе за одговорен за своите постапки. Од друга страна, теистите, вината за своите неуспеси ја префрлаат на судбината или на Бог.... па после му се молат за прочка. ...а тој, кутриот, не постои...

Јас не се повикувам на ничие име освен на своето. Не барам помош од измислени другарчиња. Кога паѓам и грешам си се лутам себе, но кога успевам, горд сум на себе и знам дека ЈАС сум тој кој успеал, а не дека некој одозгора ми дозволил да го направам тоа.

Ти му викаш фала на Јахве. ...а кога нешто ќе заебеш, го кривиш Луци.

За мене е ова дебилно и далеку од одговорно.

Мое мислење.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како можел да им предаде знаење кога тие немале разум се додека не јаделе од дрвото на спознанието?
1. Кој вели дека Адам и Ева немале разум? Имале...
2. Адам и Ева и воедно, само родот човечки, има ексклузивно право да поседува разум.
3. Дека Адам и од него, Ева, имале разум, јасно е по тоа што Адам им ги дал имињата на сите животни. Воедно Адам ја именува Ева со поимот „жена„.
4. Адам поседувал т.н. трезвеноумие, што значи дека Адам, со еден фрлен поглед на некое битие, ја согледувал суштината/природата од тоа битие на тој основ, Адам ги доделувал имињата.
5. На кој начин Адам и Ева би ги примале знаењата Божји, не ми е познато. Но, првите луѓе веќе биле во близината Божја, а за Бог не е било проблем да најде начин како да ги научи првите луѓе.

--- надополнето ---

Аааа, значи, ако атеистот го критикува теситот, тогаш атеистот е во право, ама ако теистот го критикува атеситот, тогаш теистот е во криво...:nenene:

--- надополнето ---

Од друга страна, теистите, вината за своите неуспеси ја префрлаат на судбината или на Бог....

Од дека Ти е ваа мудрост дека верните Го криват Бога? А судбината ионака не постои така да не можам да ја обвинам.



--- надополнето ---

Ти му викаш фала на Јахве. ...
.

Точно...

--- надополнето ---

...а кога нешто ќе заебеш, го кривиш Луци.
Погрешно...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Аааа, значи, ако атеистот го критикува теситот, тогаш атеистот е во право, ама ако теистот го критикува атеситот, тогаш теистот е во криво...:nenene:
* * *
Од дека Ти е ваа мудрост дека верните Го криват Бога? А судбината ионака не постои така да не можам да ја обвинам.
Првово ти е глупо тврдење, не ти го ни разбирам.... Теистот е во криво кога верува дека постои БОГ. Толку. Бог, Мики, не постои ;)

Верните го криват Луци (пошто им е страв да го псујат Јахве) а му викаат фала на Господ и за работи за кои тој не е воопшто заслужен.

На пример, чоек има сепса и е пред умирање. Ќе викнат армија доктори и овие ќе се мучат, ќе испитуваат и ќе го третираат:
1. Ако умре човеков, теистот ќе ги обвинува докторите дека не направиле доволно, но ќе се утеши со мислата - Бог така сакал.
2. Ако се извлече чоеков, теистот ќе каже ФАЛА БОГУ!

Абе како ФАЛА БОГУ?!?!?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бог, Мики, не постои ;)
Воа ќе го именувам за „..мудрост на денов...„

--- надополнето ---

1. Ако умре човеков, теистот ќе ги обвинува докторите дека не направиле доволно, но ќе се утеши со мислата - Бог така сакал.
Да, под услов, теистот за се именува со твојов псевдоним...
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
1. Кој вели дека Адам и Ева немале разум? Имале...
2. Адам и Ева и воедно, само родот човечки, има ексклузивно право да поседува разум.
Тогаш не гледам зошто би било проблем јадењето од дрвото на спознанието?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тогаш не гледам зошто би било проблем јадењето од дрвото на спознанието?

Ова е прашање за теистите, а не за атеистите, но добро, еве го одговорот:

Навистина не би имало проблем за јадењето одо дрвото на спознанието (за доброто и лошото), доколку Ева покажеше трпение. Имено, и Адам и Ева се створени, не се родени, што значи, не биле ниту бебиња ниту деца ниту пубертетлии, туку биле створени во врвна младост, аналогно на наши 20-30 години, и начелно, не требало ниту да стареат ниту да умрат. Значи, телесно, Адам и Ева не би се менувале. Духовно, и Адам и Ева треба да раснат, па согласно степенот од нивната духовна дораснатост, во поволен момент, Бог би им дозволил на првите луѓе да јадат и од забранетото дрво а со тоа, Адам и Ева би научиле да разликуваат што е добро а што лошо. Но ете, Ева не е трпелива па иако духовно недорасната, т.е. недорасната за стекнување способност за разликување добро од зло, таа, наместо да Го послуша Бога, вкусува од забранетото овошје и предвреме стекнува способност за разликување добро и зло, а таа предвременост, Бог ја казнува со смрт.

Имаш за тоа аналогија и во реалното живеење, како што е тековниов обид од некои јако „напредни„ фаци, да воведат т.н. сексуално образование за основците, па после ќе си ја кршиме главата зашто абортираат девојки на 13 години, кои решиле да се „сексаат„ а кои ниту телесно ниту духовно не се подготвени за тој чин.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Од дека Ти е ваа мудрост, разбираш?

Бог ги створи Адама и Ева со цел, (меѓу другото...) да им го предаде своето бесконечно знаење, така да првите луѓе би ги примале знаењата Божји непосредно и бесконечно/бескрајно, а не дека Бог ги створи Адама и Ева со цел, овие да си ги арчат времето и животот и да се мачат во своеглаво испитување на тајните на Вселената, поставувајќи и докажувајќи ваквија и онаквија теории...
Не знаеш колку смешно звучи оваа приказна од неутрална гледна точка, најверојатно никогаш нема ни да дознаеш. Земи прочитај некои грчки митови, како тој за Прометеј пример. Ќе приметиш дека кај двете нема некои големи разлики зошто и двата се МИТОВИ!!! Ти веруваш во оваа приказна за мали деца зошто така пишува во библијата а библијата не лаже зошто е напишана од Господ, а како знаеме дека Господ ја напишал? Па така пишува во библијата...

Ама џабе се мачам, јас тука ти изнесувам валидни аргументи, потврдени или преку опсервација (како судбината на сонцето итн...) или со директен доказ а ти тука ми раскажуваш прикаски и што е уште полошо ги користиш како веродостен аргумент!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom