Овој твој став во математиката се нарекува тавтологија. Тргнуваш од претпоставка која не е вистинита и наметнуваш „доказ“ (далеку од доказ, но нејсе.)
Ќе мораш со пример и посочување да ги докажуваш тврдењава.
Такво вечно кое е и неменливо не постои ниту ќе постои.
Ако постоиме и ако постоењето е од секогаш, тогаш нешто во основа постоело од секогаш неизменето. Бидејќи за да се менува ќе треба да трпи некакви влијанија од нешто друго. А од каде ќе трпи влијанија ако постоело самостојно од секогаш. Тоа влијае и менува, но не трпи влијанија. Ако се согласуваме дека нема почеток, затоа што не може ова што го има да стартувало од ништо, значи нешто постоело од секогаш. Тоа ги има својставата на вечност и неизменливост.
Вечните работи се менливи, по облик, форма, ниво. Тоа така како што е, видовме дека не е. Се е изменето, се е подложно на промени и на влијание од средината (ака „еволуција“).
Тоа се однесува на елементите кои се предизвикани или внатре во вечното. Тие поради меѓусебните влијанија трпат постојани промени.
Ако нештото постои не значи дека е свесно за своето постоење.
Да не значи, но она кое е постоело од секогаш, од таму вечно и неизменливо, ги создава другите нешта, мора да е свесно, доколку создаденото има осмислено постоење. Впрочем не може да има незаконито постоење. А за да постојат закони има смисла, ние со науката само ја откриваме тие закони и таа смисла.
Ништо и никаде не работи по план, туку стихијно и случајно се одвива. Онакво какво и ќе стане од тие случајни промени другите услови ќе се прилагодат на поголемото и посилното. Се тече, се се менува, познато ти е од некаде?
Сосема погрешно, нема ништо случајно во природните закони во макро светот. Се е предодредено причинско-последично, тоа е основен закон на науката. Да не е така немаше да има наука која ги открива законите по кои настануваат последици предизвикани од некои причини. Нема ништо кое е случајно. Секоја настан е предизвикан од одредени причини. Каде е тука безизлезот од преодреденоста на причините според атеизмот? Она кое е затркалано од почетокот ги предодредува денешните настани. Верата промената на причинско-последичната детерминираност ја најдува во вмешувањето на Бог како независен надворешен субјект.
Ако промените се стихијни и случајни тогаш нема ни план ни свест. Значи нема личност. А личноста бог е створена од човекот за може да манипулира со послабите и нејаките. Значи нема господ.
Читај погоре, нема случајни и стихијни настани според природните закони се е причинско-последично. Случајноста ја има само во микро светот (кваркови - виртуелни честички) како можност за избор од неколку алтернативи. Но тоа само ја потврдува потребата од истовремено постоење и на нужниот закон на детерминираноста на макро ниво и слободата на случајноста на микро ниво, што е можност само за свет со трансцендентни квалитети. Нешто е и бело и црно истовремено иако се исклучуваат. А тоа пак зборува за Божјата проткаеност на светот произлезено од Божјата трансценденост како Творец на тој свет.
--- надополнето ---
Погрешно ти е поставена тезата. Човекот сторил зло кое морално е осудено уте во моментот на актот.
Ако со свеста одлучи да го отфрли тоа општествено морално осудување зошто сепак се чувствува виновен и унакажан. Многу криминалци го отфрлаат осудувањето од општеството, сепак на нивните личности се гледа унакажување од стореното злодело.
Тоа за што ти зборуваш е правен (кривичен) суд и правна казна. Ги бркаш поимите.
Според атеизмот ако општеството е извор на определбата што е добро, а што е зло, излегува дека не постои друг суд и казна освен општествената. Тогаш ајде сите да правиме криминал, само да не бидеме фатени. Во ова можеш да го согледаш порастот на неморалот со растот на атеизмот. Неморалот не е само крупниот криминал, неморалот е и во банкарски малверзации, земање испит без учење, превземање на девојката на пријателот, поткраднување на вработените, неплаќање на данок, се што полека го уништува општеството.
А за тоа како лесно им се чита од фаца „ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИВНО ДОБРО“ на социо и психопатите, бујрум:
Овој лик да не бил заразен од злото би требало да изгледа вака:
Oваа личност сигурно има извршено сериски убиства.
--- надополнето ---
Исто како и претходниот пост. Поставуваш теза која е нејасна.
Кажи што сум бил нејасен за да ти објаснам.
Бог е прилично дефинирана категорија. Неможеш да ја ставиш во комбинација со „не мора да биде во религиозна форма“ поради тоа што последново ги покрива сите досега необјаснети феномени кои секако ќе се објаснат, исто како земјотресите, поплавите и цунамито.
Бог може да биде се на кое ќе му се даде врвно значење како стремеж во својот живот. Така и парите, телото, моќта, власта или нешто друго може да бидат бог. Секој човек мора да си создаде бог во животот, инаку нема да има причина зошто да живее. Само што нема да го признае вистинскиот ќе си создаде свој лажен и ќе му трае колку што има примеси на вистинитост во лажното.
Тоа што се повторуваат мотивите насекаде низ светот може да укажува на жедта за толкување и давање смисол на светот околу нас. За објаснување на нештата кои не плашат и за кои не знаеме апсолутно ништо. Тоа е материјалот од кој се ткаат митовите!
Зарем низ чувството на стравот не се учат најдлабоките и најреалните вистини. Експериментирај со себе, во моментот на страв ќе согледаш многу вистини кои не се гледаат во комфорот на безбедноста.
Богот Јахве е направен од исти материјал како и Завс, Митра и Кром. Ништо поинакво. Тоа што постои духовен свет во кој можеш да спознаеш и доживееш нешта што рационалниов свет не ти го дозволува, не ти дава за право да го нарекуваш Бог (духовниот свет), а уште помалку да му се обраќаш со Јахве, или Алах или Тор.
Од каков материјал е Тој би требало да се докаже. За да се утврди треба да се испита испробувајќи ги неговите закони и ветувања. Ако спроведувањето или неспроведувањето на неговите одредби, создаде последиците кои ги предвидел, значи тој не е мртов Бог, туку Жив кој самиот или неговите закони влијаат на настаните. Во крајна линија ништо не може да биде дух освен Бог. Продуховувањето значи примање на Духот, Бог.
Ако има нешто што не можеш да си го објасниш, тоа не значи дека е тоа Бог.
Не значи ни дека го нема.
--- надополнето ---
Смисолот е во живеењето исполнет и благороден живот. Нема награда после тоа. Нема „вечен живот десно од Исус“, нема пекол, рај или чистилишта за валканите но непродадени.
Зарем стварно го живееш животот во очекување на вечен рај?!? Вечен? Засекогаш и секогаш и вечно? Не 100, 500 или 100.000 години, туку ВЕЧНО да си во рајот, десно од Исус?
Небесното Царство е статично исполнување на суштинската страна, што значи засекогаш суштинско задоволување и динамика и промена во формалната. Така доаѓа до суштинско задоволување кое нема никогаш да се изгуби и формално кое е со исто значење како суштинското каде постојано има промени. Така се добива целосно совршенство.
--- надополнето ---
Секој жив организам се бори за опстанок. Човекот не е ништо посебно во тој поглед.
Точно, но зошто се бори за опстанок? Кон што се стреми?
Кон болдот: Провери ја листава на „атеистите кои лесно рикнуваат при неволјите“ и кои „Кога (ќе) дојде моментот на безизлезност се предаваат брзо... бла, бла, бла...тоа е поттик за борба.“
ЛИСТА НА АТЕИСТИ кои не придонеле никако во ништо. Не е сеопфатна, ама мислам дека ќе збрка работа.
Тоа е втора, трета категорија на листа. Онаа првата листа знаела за Бог.
Исто така ништо не докажува за она кое го тврдев, дека атеистите се силни во добри услови и задоволства. Ништо овде не опишува дали достигнувањата ги сториле од задоволство и суета или дале лична жртва за достигнување поради висока свест и добродетелност.
--- надополнето ---
Испитувањето на непознатото ти дозволува во моментов да го читаш овој текст на твојот екран. Инаку, сега ќе цепеше дрва у двор за да завалиш оган у дневна за да свариш чај (пошто кафе немаше да можеш да најдеш за купување).
Постои стремеж за подобро, но го поставивме проблемот зошто човекот се стреми кон подобро.
Од друга страна сите може да ти потврдат дека пред 30-40-50 години и без компјутер, но со Бог и морално однесување луѓето беа посреќни. Неморалот и гревот влезен во човекот/народот ја отру волјата, ги уби радостите. Може ние се и сешто да измислиме, ама без светоста на своите личности нема да бидеме среќни. Тоа исполнување на човечката личност со светост иде само од Бог како Свет и осветувач на се што се допира до Него.
Погледни ја пак сликата погоре ќе ти биде појасно.