Адам и Ева, после сторениот грев, станале носители на гревот и гревовното живеење. Ако Бог им дозволеше да останат ем огревовени ем бесмртни, со таа нивна бесмртност, Адам и Ева би го внеле гревот и гревовното живеење и во Рајот а со тоа, гревот, ради Адамовата и Евината бесмртност и вечност, би останал вечно во Рајот, а со тоа, гревот и мотиваторот за гревот, би бил во близината Божја. Но Бог, со гревот и со ѓаволот нема ништо заедничко, па затоа, Бог ги изгонува и двајцата надвор од Рајот, а демонот е изгонет во поднебесието.