Има и те каква, осврни се наназад низ темите. Ако верник има сомнеж дека токму така од Бог настанал светот, универзумот...тогаш тој велиш не е верник (постојано поставуваните од тебе прашања- што сум јас, теист или деист или нешто трето). Затоа како атеист еве и тебе те прашувам во која наука и научна вистина веруваш по овие прашања. Како што нихилиста вели дека не можеме да се ујдисаме кој е тој Бог, ниту вие можете да го сторите истото (ајдеее, заразно е ова вие и ние
) со "научните вистини"
Лурц, атеистот вели дека не постои БОГ. Бог е многу јасно дефинирана категорија - семоќно, сеприсутно
битие со некаков однапред разработен план, битие кое интервенира и е во интеракција со својата креација. Такво нешто во овој универзум НЕ ПОСТОИ.
Одговор на прашањето за настанокот на универзумот не можам да ти понудам. Сепак, можам
рационално да полемизирам за тоа која од двете варијанти (Биг Бенг или Јахве) е
поразумна, Јас ја бирам првата, иако оставам простор за некое подобро и
порационално толкување, за кое Јахве НИКАКО не се квалификува.
Или ај вака: Верувам дека универзумот
не е направен од ентитет кој имал свесна намера да го креира каков што е! (пр. Јахве)
Се надевам дека сум јасен.
--- надополнето ---
ТИЕ ДЕИСТИ НЕМААТ ВРСКА СО ВЕРАТА КОЈА ЈА ИМА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА И ИСТАТА ЈА ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ ПРОПОВЕДТТА.
Овие деисти, нити ми се блиски, ниту пак ги сметам за некоја озбилна религиска група која има издржана теологија. Оваа е некоја нова религиозна група.
Епа друже, да си го проучиш раното христијанство и неговите рани рационални мислители, кои биле авангардата во времето пред Црквата да почне да полудува од моќта која ја приграбила.
Деистите се оние верници кои веруваат дека Господ го создал светот, но оттогаш не се меша во него. Мислам дека ова и на Лурц ќе му се свиѓа.
Деистите викаат: Го направил светов ко што е, а оттогаш не оставил да бркаме работа.
--- надополнето ---
Не, на твојот цртеж двете дрвја се едно спроти друго, што значи и двете би гледале квадрат! Во примерот кој јас го посочив, едното дрво е од страна....на место каде што ти си ја ставил стрелката на која нема дрво.
Ај да не се буните, замислете дека станува збор за цилиндар. Во едната проекција се гледа круг, а во другата правоаголник. Можете да се убиете еден со друг тврдејќи дека е круг (или правоаголник) се додека не го погледнете од косина (изометрија).
Одлична вежба за илустрирање на перспективи и нехолистичко гледање на светот.
--- надополнето ---
не гледам овде откритија кои му помогнале на човекот, револуционерни и уанс ин а лајфтајм (Кох, Тесла, Кири...-такви откритија со обичен микроскоп нема...ако не ги сметаш мобилните кои се базираат врз веќе откриена отпорано технологија). А чудно е што сега барем имаме технологија да погледнеме во влакното на диносаурус на планета икс од галаксија ипсилон...или не
Не добив одговор -во која теорија за постанок (или континуираност) на универзумот/универзумите веруваш
Повеќе од 90% од новите откритија се премногу суптилни или теоретски премногу demanding за да обичниот човек може да ги доживее како сензација. Те молам прокликај ги линковите.
Зарем потполно функционален вештачки екстремитет не е тотален breakthrough? Зарем мисловен интерфејс не ти е доволно револуционерно нешто? Што е со нано технологијата?!?! Зарем тоа не го прави откритието на радиоактивен елемент прошетка пред доручек?!?!
Јес да е тркалото еден од најважните откритија на човекот, но на Хадрон Колајдерот може да му носи вода во поглед на комплексност и потенцијал. Лесно е да се повикуваш на традиција ако немаш доволно информации за сегашноста.